Сдк: Повредуваат зборови од типот “кога ќе си имаш свој дом чувај си ако сакаш и десет мачки” Кога ќе имам свој дом ќе чувам и десет змии пуштени низ под, за да не ми доаѓате. Фала. Пријатно.
Некогаш, само една прегратка е доволна за да се крене маглата и за да огрее сонцето. Нема нешто поинтимно и поубаво од долга, цврста, искрена прегратка од саканата личност. Мигови што посакуваш да не завршат никогаш. Светот запира, а секоја болка и тага, сите проблеми стануваат неважни, барем за миг. Нема нешто пострасно од таква прегратка. Нема посилно и поцврсто зближување на две срца.
СДК да резимираме дека единствена членка која Розетка од сите нејзини профили си ја сака е Демон. Поздрав @theowndemon Исто така, најголем непријател ѝ е @Bubce38 . Поим немам зошто. Веројатно затоа што уште одма ја препознаваш. Поздрав и до тебе. Значи од сега еве ви јасни траги за нејзино препознавање. А да, и мислам дека секогаш е водолија во хороскоп. Ај поздрав.
Тие што се вработени во производство или нешто со земјоделство. Не се враќаат парите, нешто како мотив за младите да се вработуваат по завршување на средно..
Пред некој ден седев во Аеродром на клупа. Седејќи забележав дедо над 65години носејќи во рака букет цвеќе и пакет swarovski Кога го видов тоа ми дојде една мисла не е битно дали го купил тоа за жена му, ќерка му или некоја пријателка или роднина, битно е дека човек на тие години знае да искаже внимание, па зошто јас да имам во животот некој 20+ што не знае да ти подари внимание и да искаже чуства и почит? Не е во подарокот, туку тоа е знак на внимание што многу може да исполни и усреќи.
Ами , непријател Што маж и' да не сум го и зела та непријатели ќе бидеме Провидна е многу, затоа одма ја препознавам. Мене лично ништо лошо ми нема напраено, не ми ни 'смета' да си пишува, никогаш и немам пријавено мислење кога ќе ја препознаам. Само почнувам да боцкам и таа веднаш се издава. Со овој ник долго тераше , ама последниве денови баш аздиса.
Члeн 13 од Универзалната декларација за човекови права: 1. Сeкoj имa прaвo нa слoбoдa нa движeњe и живeaлиштe вo рaмкитe нa грaницитe нa сeкoja држaвa. 2. Сeкoj имa прaвo дa ja нaпушти зeмjaтa, вклучувajќи ja и нeгoвaтa сoпствeнa зeмja, кaкo и дa сe врaти вo свojaтa зeмja
http://www.femina.mk/новости/животни-стории/сакам-да-се-самоубијам-мајка-објави-трогателно-видео-од-синот-кој-на-училиште-бил-малтретиран-поради-џуџестиот-рас Одамна нема допрено до мене нешто, колку видеово. Колку е само овој свет за некого мед, за друг жаока. Колку треба бол да осеќа едно дете на таа возраст, да посакува да не постои, а сите други на негова возраст да се толку полни со живот ? Сега со таа мисла, а сеуште нема ни зачекорено во вистинскиот живот, кој допрва ќе му реди неправди и омаловажувања, што правиме тогаш ? Не знам, мислам дека супериорноста кон помалку среќните и различните, не ни е вродена маана, туку стекната. Воспитување и попримање од околината. Работете со своите деца, набљудувајте ги како се однесуваат со другарчињата, со соучениците, со постарите, со животните, фаќајте забелешки, фалете ги за добрите навики и работете со нив на лошите. Можеби нема да го промените светот, ама дефинитивно ќе го промените животот во позитивна насока на детето со даунов синдром, на дебелото дете, на сиромашното дете, на детето со џуџест раст, на хомосексуалното дете, кои некогаш во животот ќе се најдат у иста просторија со вашето.