За да ги воспитуваат така, треба самите родители да имаат отворен светоглед. А такви родители за жал, малкумина има. Не само родителите, туку и воспитувачите во образованието учестсвуваат во овој процес на едукација дека послабиот и ранливиот, треба да се заштити. Низ целиот образовен процес, се дружев со вакви деца, кои постојано беа под удар на останатите поради некои недостатоци. Дури имав ситуации кога бев принудена да се степам буквално, заради тоа што не можев да ги трпам постојаните физички и вербални малтретирања врз нив. Ај погодете кој го извекуваше подебелиот крај кај наставниците и професорите ? Јас, а не тие што малтретираат.
Сакам да кажам убав ден денес. Плата стигла, нарачување на глупости, кучето цивка, вечер на журка. Супер е. А да ќе ме згазеше кола. Наспроти се ова убаво се осеќам. Викендов има карневал.
Кога се радосни што ме блокирале на некоја тема, јас истотака, сум радосен. Едно за нивната радост, друго за моето време.
СДК некои приказни се универзални, и во Кина, и во Македонија. Како би смеело да постои самостојна, независна жена што не сака брак, затоа што не нашла соодветен партнер. Најбитно достигнување да ти била мажачката
Не е хумано,не е човечки вака да му прават на едно 9 годишно дете кое сака само да учи и да се забавува....на 6 години да има прв обид за убиство? Шо душа носат луѓево бе? https://www.facebook.com/152818384780907/posts/3038963819499668/
Многу мразам кога ,се договараш, се договараш и на крај 5 за 12 откажуваат, а човек веќе си испланирал дел од своето време и откажал други планови/ луѓе, и тоа не само еднаш . Значи без обзирно е.. ич не предложувај и договарај ако се премислуваш на пола саат.. ебати луѓето.
Кога некој ме бара само за услуга, а претходно го немало никаде со месеци, преферирам да не ме прашува како сум и што има ново. Знам дека е од учтивост (куртоазија) ама знам дека е чисто лицемерие, не му е гајле како сум. Битна му е услугата. Затоа, да не бидеме лицемери, преминете на главното.
Сдк дека не се купува тостер за роденден. Посебно ако никогаш не сум изразила желба за тоа и ако веќе имам еден. И општо - не ми купувај работи за дома ако јас славам - дај ваучер за спа или нешто за мене лично, барем еден лак за нокти, ама не ми купувај тави, лажици и сл. Џаст донт.
Една од најдепримирачките нешта во животот ми е појавата Балканци на интернет. Не, не се тоа обични интернет караници, треба некој докторат да подготвува на нив. Што се деси, читав статија на Базфид, 20 Traditional Macedonian Dishes, така нешто, и внатре спомнати тавче гравче, пастрмајлија, тулумба, сарма, шопска, па и палачинки имаше дури. Не верувам дека авторот имал злобни империјалистички намери со статијата, ама инстантно знаев дека коментарите ќе се, во најмала рака, интересни. И што може да се очекува, еден вика „изјавата дека шопската е македонско јадење е најголемиот џоук што сум го слушнал“, друг вика „каков е овој булшит, качамак е романска храна“, трета вика „дечко ми е Бугарин и му врие крвта моментално“... И за малце ќе заборавев, еден од коментарите викаше „Александар никогаш не бил ваш“. И седам така и си мислам, добро, што племе ќе бевме, една шака народ, еден грст луѓе што живеат на толку мал и небитен дел од светот, абе очите ќе си ги ископаме за тоа кој го измислил ајварот. Не знам еве, секој пат кога го правам муабетов пробувам да имам најемпатичен и најсмирен пристап, ама сега се прашувам дали можеби луѓево со убаво не разбираат. Ајде уште еднаш: 1. Границите се измислена линија што во реалност не постои. 2. Балканот, до пред неколку децении, имаше сосема поинакви граници. 3. Јадењава за кои се збори постојат со векови. 4. Во тие векови, окупацијата од Турците имала огроооомно културно влијание. 5. Исто така, во тие векови, луѓето не седеле во едно место туку шетале наоколу, пренесувајќи ги јадењата, што и онака веќе биле слични едни со други. 6. Тоа значи дека сите овие јадења подеднакво се распространети низ цел ебен Балкан и подеднакво се дел од сите ебени балкански култури. 7. А ако сте тип личност што мисли дека е од апсолутна важност да се знае на кој прв му текнало да направи пача, не знам што да ви кажам. Луѓе, живееме на едно место што дели култура баш бидејќи сме толку малку и толку испреплетени едни со други. Многу нормално Миливоје, дека баба ти правела пинџур, аман, тоа не значи дека твојата држава има патент на пинџурот, погледни си подалеку од носот. И жити мене, Бугари, не се тригернувајте од секое спомнување на шопска салата на интернетов. Посебен апел до Турците и Грците со нивниот баклава спор, земете воздух аман, веќе на никој не му е гајле кој ја измислил. Уште попосебен апел до Турците, сами по себе, што прво го асимилираа цел регион, а после мрчат што нивните јадења сме ги сметале за дел од нашата култура. Фала богу дека ќе ги сметаме кога ни бдеевте над нос 500 години. Океј, поентата ми е: јадењата во една култура не изникнуваат со чкрап на прстите, туку се развиваат паралелно, па со разменување, со дополнување, со одземање, со менување... И ако тоа јадење се моткало во кујната на бабите доволно време, има апсолутно право да биде сметано за дел од културата на тие баби. На посериоза нота, патетични сме, Балканов е најпатетичната творевина што постои. Ние сме буквално јамата на Европа, ама на интернет, во коментари на обични добронамерни статии, на едукативни видеа на јутјуб, е таму сме први. Таму се чукаме во гради колку сме најјачи, колку сме автентични, ма вистински супериорни патриотски дијаманти. Пеза, луѓе, пеза. Видете ја поголемата слика мизерни човечиња, па можеби тогаш ќе сфатите дека храната не треба да има националност.
Порака до родителите, воспитувајте ги децата да бидат добри луѓе и да ги прифаќаат различностите за да не се случуваат вакви работи. Ми препукна срцето гледајќи го клипов.. Моја препорака е сите да го ѕирнете, можеби некој родител ќе си го смени начинот на воспитување после ова. Спојлер https://deca.mk/sakam-da-umram-sega...poved-na-majka-za-bulingot-vrz-nejziniot-sin/
,^ Не се само родителите. Туку и образовниот систем. Ова не смее да се случува во училиште. Детето е во право. Никој ,ни мајката ни наставниците не направиле тој да се чувствува добро во школо.
“A champion is defined not by their wins, but by how many times they recover when they fall.” Имајте пријатна вечер.
СДК дека треба сам да си ги поставам прашањава: Каде ли згрешив? Зошто младосва така ми пропаѓа? До кога вака боже мој?
Марија Николовска е една од многуте македонски читатели од дијаспората и ни го опиша животот на нашите таму. Почитувани пријатели, сите кои ми љубоморите за животот во Германија – отворено ќе ви кажам тука е катастрофа. Секогаш ќе бидеме граѓани од втор ред к ги работиме највалканите работи. Јас сум информатичар и работам во таква куќа, можам да ви кажам дека и покрај тоа што земам голема плата јас никогаш нема да бидам еднаква или богата како Германците. Во оваа работа иако мислите дека е спротивно балканците ги работат сите “валкани” тешки работи за разлика од Германците кои секако ти се шефови. Прашајте ме за социјален живот, кога последен пат сум била во Кино, кога сум излегла, тука нема доцнење на работа успивање, доаѓање изморен од дома. Тука те цицаат на работа и кога ќе дојдеш дома за ништо не си способен. Мојот дечко Ахмед работи како молер и по цели денови е на објекти, никако не се гледаме. Ќе се видиме навечер и што попрво. Иначе Ахмед е дипломиран економист но тука не е така лесно да се снајдеш по струка. Како што кажав животот тука е катастрофа, единствено ако ви е за утеха, полошо е во Македонија ако немаш пари. Но ако си снајден таму, не се мачи тука секогаш ќе бидеш современ роб. превземено од сајтот vesti.mk ---------------------------------------------------------------------------------------------- @zalosna , пиши кај вас во Швајцарија дали е исто катастрофа ? се зафркавам , гушки и стај слика да видиме дали имаш купено нова капа Ај да си пуштам филм , доста мрчев цел ден, ќе си отворам ник мрчало ебаго
@Lella одлично опишано Исто и споровите на Youtube, чија е песната? Што знам, мене не е важно ни чија е песната, ни баклавата, ни мусаката ни шопската салата, се' додека знам да си уживам во нив Цел Балкан мора колективно да олабави малку.
Колку помизерна и понебитна е една држава, толку припадниците на истата се поопседнати со историја. Јебига, мора некако да се избега од ужасот на сиромаштијата и чувството на инфериорност. На пример, просечниот Македонец без историја би бил само сиротиња, припадник на вукојебина. Но со помош на историјата, тој одеднаш станува потомец на фамозни воини, горд припадник на една од најмоќните империи на сите времиња. И како таков, тој е супериорен во однос на многу други народи. Што е важно што Норвешка е една од најпросперитетните земји денес, кога во времето на Аце спиеле во кал? Од истите причини Албанците го дрват со Илирите, Грците со древна Грција, Турците со Османлиите и така натаму, да не ги набројувам сите балкански народи. Немаат со што да се гордеат, па мора да се навраќаат назад 100, 200, 2000 години во некакво си славно минато. Тука спаѓа и традиционалната храна, како мал но значаен дел од тоа славно минато. Па нормално дека ќе се препукуваат околу храна. Тој што им ја "краде" храната, им краде од славното минато, најголемата нивна гордост во животот......
Да важи. Ние сме подобри од Норвешка зашто Ацета стигнал до Индија и имаме турли тава независно што условите во здравството ни се катастрофа и ќе умре човек и од вадење заб. Што дека се најпросперитетна коа немале историја? Океј, нека лечат нашиве еве пациенти со историја. Нели побитна е него економски развиена држава со напредно здравство и образование. Затоа не нѐ бива.