Колку за инфо, ова 9 годишното дете што го постирате е 18 годишен и е прилично богат. Quadosss е на Инстаграм потпишан.
Цел ден фб ми е преплавен со слики од детето кое плаче и сака да се самоубие, а вечерва цел фб ми е исполнет дека е преварант. Појма немам што се дешава. Али, како и секогаш драми. Бев уверена прво дека е вистина пошто денеска стварно многу деца се жртви, после бев уверена дека е фејк. Сега @Alisa22 вели дека фејкот е фејк. Не знам во што да верувам искрено. Од друга страна зошто тие донации, може да ми објасни некој пошто стварно не разбирам.
Мислам дека е фејк тоа затоа што инстсграмот што го кажа има само две фотографии кои едната е прикачена пред 4 часа а другата пред 3 , затоа тоа cо инста ми личи као некој сака да си стане популарен на негова сметка . Други информации немам видено освен видеото .
Сабота... Љубов, кафе, ден што наликува на пролетен, надеж и планови за иднината, емоции што ја исполнуваат секоја клетка во мене. Не знам дали животот е убав, но овој ден сигурно е
Ако се прашувам, сакам да бидам невеста, со невестински фустан без никакви традиционални обичаи и без сала со гости. Регистрација, црква, фотосесија и најблиските во некој фенси ресторан.
Денес се разочарав од таканаречени мајки кои ги учат и им зборуваат на другите како ги тепале своите деца со стап, сукало, шамари. Се згрозив од нивните приказни како им дозволуваат на свекрвата да ги тепа доколку не се мирни. Утре се прашуваат зошто децата пораснале во агресивни или полни со страв. Не, детето со тие воспитувачки мерки добива одбивност, трауми и кошмари. Ќотекот како воспитна мерка не е решение но не ме чуди што се практикува затоа што живееме со затуцани луѓе кои во 21 век се уште се водат по тоа дека ќотекот излегол од рајот. Едно нешто научив а тоа е каков родител не треба да бидам.
Колку искомплексирани келнери имало бре бре бре... Те гледа, те препознава и да мора да ти се испонаша зашо така му било "кажано" зашо самиот си пати од комплексот на ниска вредност и мора да ти ја истури негативната енергија. Па не работи бе како келнер ако ти е испод ниво и ако им се понашаш на луѓе копук еден непрокопсан...