Да пишеше само несредено ок,ама и недепилирано... И мажи има такви.Ако не личи,не им личи ни на мажи. Башка сè додека некој/а не го загрозува твојот живот,нема зошто да ти смета.
Нема нишо полошо од општество што има напраено општествена норма женските да мора да се депилираат само за да се продаваат поише жилети и да се праи профит.
Еден човек мора да се соочи со реалноста, колку и да е тешка. Човек мора да се променува, како физички, така психички, духовно. Напредок е единствениот збор што ми служи деновиве. . ЈАНУАРИ - Анксиозноста, депресијата ме убија буквално. Животот ми доби преокрет од 360 степени. Прекуноќен отказ, 3 недели со плачки и затворање во 4 ѕида, симптоми пак почнуваат да се јавуваат, безнадежност, огорченост. Среќа - аплицирам на оглас кој ми е шо струка и не ни очекував дека ќе ми се јават. И од неколку кандидати ме избираат мене. И тоа токму на дента на интервјуто, директорот ми рече дека сум позитивна личност, имам свој став. Замислете во мене има 1001 симптом на анкс. Цела бев во трема, страв. ФЕВРУАРИ - И така сеа имам убаво место. Чекам уште поголем успех. Тешко е кога си на пробно, кога не си среден со живот, љубов.... Ако ви кажам дека до пред вчера плачев зошто немам дечко, зошто одам на работа неосугурана, сите се омажија со деца, јас не, а ближам 30ка. Во која криза бев западната секој ден со апче за смирување, секако препишано од психијатар, т. Е. Терапија и со антидепресиви. Доста беше и сега животот ни мавна уште еден бокс, операција на еден од моите родители. Треба да ми се роди внук и така. А најдобар бокс ми мавна еден пост од фб група. Спојлер: Фб статус Беше побарано од мене да споделам јавно како успеав да го победам чудото наречено анксиозност. Пред се треба да знаете дека анксиозноста не е болест, туку состојба, најчесто мета се емотивните, чуствителните, луѓе кои се доведени под константен или ненадеен стрес, меѓу нив бев и јас. Понекогаш анксиозноста знае да има корени во потсвеста уште од рано детство, прашање на време е кога разумот ке созрее и ке ги препознае симптомите. Многу е важно да знаете што преставува анксиозноста, и да сфатите дека е само матрица на нереални прикажувања во умот, од која телото реагира сосем нормално. Но, уште поважно е да верувате дека туку така не се умира. Ако статистички земеме бројка кој умрел или барем еднаш изгубил свест или незнам што од паничен напад - бројката е 0. Самиот факт ви кажува нешто, црпете позитива од овие факти. Втора многу битна работа кај оваа состојба е самодовербата, еве ке дадам пример од себе, уште од рано детство развив силна самодоверба ( сега сум на 34 год. возраст инаку ) и во ниеден момент не дозволив да ја загубам, дури и кога се случуваше да умирам 3-4 пати дневно. Самодовербата според мене се гради на основ на лични предизвици и реализации, било на финансово поле, љубовно, интелектуално.... Главен двигател кон позитива ми беше самодовербата, знам кој сум, знам за што сум способен, верувам во себе, јас одлучувам за себе, замислете само што се пропуштаме седејки дома, чекајки само од себе да си замине, па макар по цена и да не чини години. Јас решив да се спротиставам на состојбата, како влог отидов на се или ништо, но бев убеден дека ке добијам, затоа што се водев по статистиката која ја спомненавме горе, никој не умрел ниту па припаднал, нели? Значи сигурен WIN. Кога веке имам сигурна победа, зошто да не се обидам нели? Следен чекор - да ја убедиме потсвеста дека телото е многу посилно одошто таа ни диктира, на начин на кој СВЕСНО мораме да се впуштиме во физичка активност, било пешачење, трчање, фитнес или што год, колку понапорни и почести тренинзи, толку повеке опаѓа можноста за епизоди, кои по некое време веке ке сфатите дека не се така страшни, ако 20 минути трчање срцето издржало? Пффф....кој паничен напад мислам? Социјализираност, дружење, излегување, обврски, па дури и на сила понекогаш, одличен тренинг да го задржиме фокусот кон нешо, нека биде тоа нешто кое што вие сакате да го правите, еве моето хоби се автомобили и мотоцикли, пасија во која тонам и уживам да си работам. Избегнете цигари, алхохол и други пороци известно време, внесувајте малку здрава храна, црпете позитива од самото тоа што здраво се храните, нема дијабетис, нема ризик фактори, нема артериосклерози, логично е, здраво се хранам. Сите антидепресиви се на слична база, делуваат слично, го ставаат проблемот под тепих...јас ве уверувам дека ако ви ги заменам терапиите со најобичен бедоксин, ке поверувате дека сеуште сте на терапија. Јас имав одредена терапија и признавам дека само 3 дена ја конзумирав, кога увидов дека од еден позитивен насмеан полн со живот дечко се претворив во робот, успорен, без волја, без живост во себе? Веднаш пресеков, се консултирав со психијатарката која инсистираше да примам терапии, јас ги заменив со пешачење 1 час, теретана (кардио) уште 1 час во денот. Признавам дека не ми беше сеедно првите 3-4 дена, додека мозокот прифати што правам, по неколку дена јас веке ги добив првите резултати основани на факти и пак ке спомнам статистика. Навистина има многу да се зборува на оваа тема, накратко извлеков еден мал прирачник за сите вас кој е лично мое искуство, иако не ги напоменав причините кога како и заради што започнаа нападите, но што и да била причината, сите не води кон ист проблем, кој има исто решение. Се надевам дека ке ви бидам од помош, ве поздравувам.
Кога созреав исфрлив некои од блиските роднини и контактите со нив ги сведов на минимум. Сега сфаќам дека тие минимални контакти се една од најпаметните одлуки во мојот живот Луѓето не се променуваат.Тие не ја искористиле првата шанса, зошто да им дадам втора Ама ајде добра личност сум па им подарив и втора шанса и what now___ исти се ко пре
СДК дека со несоницава моја идеална работа е само трета смена да дежурам некаде. Барем од корист ќе бидам дури се превртувам в кревет цела ноќ. Спојлер Не знам уште како сум жива.
СДК дека економијата ги смени луѓето премногу. Глобалната криза го уништи човештвото, целата емпатија, целиот морал кај една личност, стремежот за подобро утро на сите,... Луѓето живеат осамени, во мрак, изгубени, не сигурни. Не можат да веруваат на никому, дека големи се шансите да бидат повредени. Им е страв да пружат рака на близок, дека има голема можност да биде искористена цела добрина. Сите не знаат каде тераат. Сите се во некоја проколната потрага по пари, каде би се убиле еден со друг само да стигнат до таа посакувана моќ. Понекогаш некој стигнува, ама има платено со животот, со отуѓување од најблиските. Гордоста и огорченоста пак се појавуваат и го ставаат човекот во ситуација и тоа да му е малку. Алчноста го убива човештвото, некоја небитна моќ ја уништи етиката!
Цел документарец имаш за тоа (го имаше на јутјуб цел едно време). И базфид? рили? Не си ја фрлај интелигенцијата на буниште
Се доселил во Малта за да силува малолетни деца, а пред тоа бил суден у Канада ама го пуштиле со образложение дека е невин откако бил фатен со девојче.
Јас ја читав таа статија пред некое време.. уствари само на pinterest искуцав за македонски јадења и реков ај ќе читнам да видам што има.. и искрено смешни ми дојдоа коментарите. Тоа кажува многу за (не)културите и народите околу нас, не за нас.. А сега и видеово ќе го изгледам
Постов што ќе го пишам нема врска со циркузиве кои ви се случувале на форумов, не ви се мешам, големи сте си. Друг момент ми го пржи мозоков веќе неколку дена. Коа искочи видеото со детенцето кое викаше дека сака да се самоубие ради булинг сите као испотресени го споделија. Видов и неколку души што го споделиле а истите го имаат најпоганиот јазик на цел свет. Коа беше ударот од таксисот врз жената, коа беше сеа јавна соба таков victim blaming правеја, а сеа го споделиле видеово и горе stop bullying. Истата госпоѓица што имаше пишано дека 13 годишни девојчиња се курвишта сеа плаче оти 9 годишно дете сакало да се самоубие. Епа невесто што мислиш, како се осеќа девојчето коа ви ги чита гадостите? Прејако и е? Журка и е? Тоа што некој не е снимен не значи дека не плачел поради вашите зборови. Ем се први да се изнајадат лајна, ем после испотресени коа ќе излезе вакво клипче, или ќе се разбере дека некој живот си одзел или дека некој цикуз настанал. Хк, пу.