Никој никогаш нема да се измори од љубовта. Се изморуваме само од чекање, погодување, слушање лаги, повторување на зборот „извини“ и повредувања. Некои луѓе се толку кратко во нашиот живот, а толку долго ги забораваме. Никој не може да ти биде толку далечен, како личноста која некогаш си ја сакал. И не е битно кого бакнуваш, со кој спиеш, со кој се будиш, кого шеташ, ни на кој му купуваш поклон за Денот на вљубените, ни кого нарекуваш „љубов моја“, ни за кого се средуваш за излегување, кој те чека после школо, со кој се држиш за рака, зборуваш 24/7. Единствена битна работа на овој свет е тоа на кого помислуваш кога ќе видиш празно место покрај себе. Не со кој те памтат другите, туку со кој ти се памтиш себе си. Тоа се рачуна. По јачината на прегратката се познава драгата личност. Најлошо е кога ќе поминеш со некој година и месеци а потоа те моли за неколку минути да ти го каже она што не можел да ти го докаже тогаш.
Многу сум лута на работите што се случуваат во нашта држава многу, не е фер, или да имаш добар капитал, или јаки врски, или да си од оние што газат се пред себе па и своето јас,гордоста, своето тело па да успеат, зошто зошто каде е квалитетот,каде е желбата да напреднуваш во работата каде.. не фер немам зборови , многу убава држава имаме ама лугето се повеке се нечесни зошто зошто?
Сите лоши работи им се случуваат на најдобрите. Остануваат само сеќавањата и тој датум, кој мноогу боли. Заболуваат спомените, сцените, сите силни прегратки и сите големи расправии. И тогаш се сеќавате на се тоа, и зал ви е што долго време не сте и кажале на таа личност колку многу ја сакате, што од сите тие денови поминати со него не сте гушнале најсилно. А сега таа прегратка недостасува повеќе од се. Заболува фактот дека со таа личност не можете да се вратите..Заболува...
Никогаш не ни помислив дека ќе доживеам ваква вечер. Јас и тој сами. Свеќи околу нас, шампањско и плејлиста со љубовни песни во позадина. Моментот беше кога ме замоли да ги затворам очите, и со нежните раце ми стави ѓердан околу врат. Мислев, мислев дека вакви моменти има само на филмови. И дека јас не би можела да го искусам истото. Секој изминат ден се прашувам со што заслужив толку прекрасно суштество до мене..
Знаеш шо..? Ова ме потсети на нешто друго. Во петок, на 4-ти јули, ќе бидат точно 5 години откако си замина мојот најдобар другар во Германија. Може вака не звучи како ништо битно, ама него го знаев од 4 годинки, го знев откако знам за мене, откако почнав да одам во градинка.. И многу плачев кога дознав дека ќе си оди. Не можев да се помирам со тоа. Плачев затоа шо не знаев (и се уште не знам) кога следен пат ќе го видам, кога повторно ќе имам на кого да му за тоа каков ми бил денот, кога нареден пат ќе се глупираме, кога нареден пат ќе има со кого да се смеам на се и сешто... Иако бев мала, тогаш сфатив дека вистина е кога ќе изгубиме некого сфаќаме колку тој некој ни значел и сме го сакале. Некој ќе си помисли дека не сум единствена шо изгубила некого и дека премногу преувеличувам и претерувам, ама би сакала тие да се запрашаат како би им било на мое место кога ќе се разделат од некоја личност која премногу им значи во животот, и ни за момент не ни помислиле како би им било без нејзе. Како шо е напишано погоре, сме имале премногу шанси за да и покажеме колку ни значи таа личност ама сме ги испуштиле, и сега ни е криво поради тоа. И да, спомените навистина болат... Многу, многу болат. Едит: Знам дека е забрането да се ставаат слики, извинете женски ама морав оваа да ја прикачам.
И додека кај вас се разденува, кај нас тек сега иде ноќта... Легнав со цел да соберам што е можно повеќе сила за утре, и да надокнадам за денес. Проблемот со дуплите смени и спиењето е што по некое време отрпнуваш. Лани ова време сигурмо ќе бев кома, а сега лежам и чекам да ме кутне сон. Не ни брзав да легнам нешто трагично, кежуал си апнав и си ја избришав шминката, а америчково петролеум џели е преееекрасно! Ама тоа чувство кога те болат нозе, а сепак си задоволен од себеси, е неописливо. Ниедна слика на фб на која се пијуцкаат коктели или се филингуваат грејт, не можеда се измери со моето филинг корисно во моментов. Проблемот на луѓето како мене е што кога еднаш ќе се научиш дека треба да правиш нешто, после чмаењето дома ти изгледа незамисливо. Така се мењаваат навики и животи, со седење по фејсбуци дефинитивно не.
Денес и е роденден на баба ми .Таа ме одгледа и ме израсна во зрела и стабилна личност,ме научи како да се справувам со тешките моменти,со пријателите и непријателите,да проценам што е добро а што не е..Па затоа ја сакам најмногу на свет .Ви праќам парче торта и мноогу гушки
Не е фер комшијата,целава улица е иповраќана од неговото синоќашно пијанство ...дај бре комши еднаш барем издржи до дома,па човек од тебе не може до продавница да оди. Па не си интересен веќе, не е еднаш. Секој викенд е...
Мислев утрово ќе спијам до пладне, но јас си направив палачинки и кафе и ете се одмарам со вас. Црпам сила за вечерната втора смена.Далеку од тоа дека се жалам,Напротив. Од толку вработени таму, токму мене ме избраа да ја сервирам вечерата.Само кога ќе замислам дека секоја чинија, секое парче месо, поминало низ овие раце за да дојде на прекрасно уредени маси, пред луѓе кои слават нечие стапување во брак,ме исполунава чувство на мерак. Од она што го заклучив, нема поубава гледка да ѓи гледаш луѓето кога се на свадба. Онака свечено облечени,позитивни, весели,ти ја топлат душата.Ти се враќа вербата во нив. Тогаш низ мислите ми поминува прашањето.Зошто да не бидат така позитивни секогаш? Ех кога во чинијата место храна,би ви пренела неколку пораки. Ете како и Doozу и јас почнав да си ја сакам работата,и ако имам отечени нозе и раце. Доволно е човек да се обиде да ја пронајде убавината во малите нешта,кои ѓи прават големите. Спојлер Невестата беше прекрасна, но и парчето торта.Добре дошле килца
Дојде братучедками од Македонија овде кај нас на месец дена. Има 17 години и никогаш во животот немам правено ни 1 саат муабет со неа, што значи дека искрено, повеќе ја осеќам како некој странец отколку роднинска врска. Си имам мои проблеми, нервозна сум, стомак ме боли, а од сабајле моите само ме гледаат коцкасто бидејќи не сум се понашала како што треба со неа.. Не знам што да и правам муабет, не ја ни познавам што се вика а тие очекуваат да ја гушкам бакнувам да бидам најсреќна пред неа оти нели, на гости ни е.. Да биде јасно, не и одговарам лошо, утринава ја прашав нешто што како си и тоа е тоа.. Ама сигурно не сум кучка си неа, едноставно за мене таа е личност која не ја познавам и не можам да и бидам најдобра другарка уште првиот ден. Како и да е, притисокот е голем од страна на моите не можам да дишам од нервоза, не можам да седнам во дневна за да и згрешам нешто на мадам и ми диаѓа да си пукам у глава. Не е првата личност што доаѓа кај нас на месец, два и искрено не можам веќе, се осеќам јас како гостин во својата куќа!!! Ако има некој што може да ми даде некој совет за како да преживеам месецов, кажете ми луѓе оти толку сум очајна што сум гневна! На сите мои лични проблеми треба сега к за ива да се нервирам! У п**** стринину веќе!
^Кога ти ќе отидеш некаде на гости на некое време, ќе можеш убаво споредба да направиш на кого му потешко и понепријатно. На домаќинот кој треба малку труд да вложи за нечие добредојде или на гостинот со домаќини кои бегаат по соби и очигледно му даваат до знаење дека не е добредојден. Нема потреба кловн да изиграваш за да ја забавуваш, само малку повеќе култура ќе е доволно.
Немој да го учиш бебето да спие во тишина!!! Секој дели совети. Да можеш на мир да си ги средиш работите, да си направиш ручек, да си исчистиш, да си измиеш садови... И сфатив само едно нешто од сите совети. Себичност и само себичност . Колку ние возрасните сме себични, егоистични. Нас работата да ни биде средена, а за душичката на едно мало, на едно чисто ангелче и воопшто да не се помисли. Не изреагирав никогаш, ама тоа нема да му го направам никогаш на ова душиче. Можеби дома беше растурено и не средено да свети се’ , ама тој ми беше најважен. И да, кога ќе се обидат и ќе спијат и тие пред 10 луѓе кои ќе му зборуваат и ќе се смеат на глас, и кога ќе спијат, а некој му готви или мие или чисти со правосмукалка или кога ќе му пуштат силна музика... е тогаш ќе зборуваме. Само болната реалност е што ние кога ќе одмораме и спиеме си одиме во спална, па на мир да спиеме и никој да не не вознемирува. Совет... Кога еден ден ќе бидете мамички и ако сакате да си го научите детенцето на мир и да биде мирно по дух, не му ги правете овие работи. Ова е почетокот кога родителот му го создава воспитувањето на тоа сонце какво ќе биде по душа во иднина .
Од сите слики по мреживе, уште не можам соодветно да ги разберам моите врсњакињи и нивните НОЅИ у кревет, па книги, кафиња до нив...и демек романтично? Во задно време пречесто од различни девојки го гледам ова и не можам да не се запрашам што треба ова да предизвика? Се што правиме има за идеја да предизвика нешто во главата на останатите. Не е сасвим наивно. Ова не е секси или е во мера на сериозна интима. Па се изнагледавме и чипкани гаќи и куси панталони, до пижами... се изнагледавме криви нозе, куси нозе, смешни нозе, бледи накај жолти, гадни колена, а помалку се она спротивното. А најјезиви се оние 25 годишни кои изгледаат како нозе на 15 годишно дете...и не се секси едноставно. Сериозно глуп ви е трендот на сликање нозе. Ајде на плажа до лани и така и така, ама ова веќе во кревет со кафе,книга, милениче, јадење, лаптоп, штодае е ...глупо.
Денес полнам 13 години.Полека но сигурно почнувам да чекорам во светот на повозрасните. Им благодарам на родителите што ме одгледале и за тоа што ке ми овозможат една прекрасна недела во Претор со другарките од тренинг.Ми значи тоа што имаат доверба во мене и ке ме пратат на одмор без нив Се чека вторник
После една недела без благо, денес си дозволив да го започнам утрото со милка, само за мене Како беше песничката, денес ми е роденден, гости цел ден примам Излегувам од тин годините и ја заокружувам 20ката. Се надевам дека оваа година ќе биде уште полуда од претходната. Од сега не верувам дека роденден ќе биде денот што го чекам цела година. Ајде отидов да ја пробам тортата што е сеуште во подготовка.