Не не може двете. Или не се информирани или "сад или никад" е во прашање. Цел свет бега од таа чума тие директ таму. Е тоа е за Господе Боже!
Информирани се и не сакаат опасности туку македонче има капар дадено или уплатил цела сума и да не пропаднат парите па ако треба и го*на ќе јаде ама ќе отиде да не оди зијан ништо
Киану, ти го разбирам револтот, ама нема потреба да се нагласува дека само жени патуваат натака. Има и мажи кои периодов кој поради работа, кој поради други приватни причини ги посетуваат градовите околу погодениот регион. Уште повеќе пак има македонци со постојано место на живеење во Италија токму од тие места, кои сега наместо да се во своите домови и да избегнуваат патување, тие го прават токму спротивното. Не е поентата дали се мажи, жени, македонци, италијанци, кинези или марсовци. Поентата е дека не постои колективна свест за општото добро. Никој не размислува какви последици може да има на глобално ниво, туку секој си мисли за да си се спаси себеси доколку е од заболените подрачја или да не му пропаднат парите кои ги вложил за работно/приватно патување. А всушност ниту овој ќе се спаси ако дојде од Италија во Македонија (боже сачувај со вакво здравство ако не стигне вирусов), ниту пак се' ќе му излезе по план на овој што ги вложил парите во патување со оглед на тоа што еден дел во Италија е во карантин. Значи сите сме информирани, но прашањето е кој колкава свесност има за сериозноста на ситуацијава и за начинот на кој треба да се реагира на истата. Паниката секако не донесува ништо добро, а богами ниту свиркањето и хехенце шалите „абе ни короната не би дошла во Македонија“.
Жените претпоставувам беа нагласени само поради празникот што следи, не за друго. И како што кажа @Purplelilac не е битно кој е, битно е што нема свест кај луѓево. Не ја сфаќаме сериозно работава, а ни куца на врата. Со оглед на (не)условите што ги имаме во здравството треба да бидеме ултра претпазливи за вакви работи посебно за подрачја каде шансите се големи за директен контакт. Налет и пари и сè бе луѓе...
Било кој но, јас да платам 1000€ за некаде и таму да избие вирус, па не ги сакам ниту парите назад ама не одам во никој случај но во ред, останува надеж дека ќе се спречи ширењето на вирусот во иднина.
Може двете, самиот пиша. "Сад или никад" е секој момент. И што, ако останат тука, нема можност да се заразат од некој кој е болен околу нив, или некоја друга болест да закачат? Времето и плановите не стопираат. Вирус или не. А тебе не треба ништо да те боли кој каде и кога оди. Скоро па секој пост во темава ти е изразување незадоволство поврзано со други персони. ^Икзекли, ти не би. И тоа е твојот избор. Што се замараш со другите тогаш? Ти ќе останеш здрав и прав, тие ќе отидат во Италија и ќе се раболат сачовајбоже.
Колку и да нè нервира нечиј пост,секој има право да се искаже.Впрочем,темава е баш за тоа,да се истресеш,да се искажеш за да ти олесни.
Планови за патување се побитни од заштита од вирус кој рапидно се шири? Убаво пишаа горе, прашањето е колкава е свеста за (само)заштита и за придонес за општото добро и здравје.Нема место тука за гледање своја работа и лични избори ако тие донесат поголема штета.
Можеш да се заштитиш и да шеташ. Едното не го исклучува другото. И за каков придонес за општо здравје и добро зборуваме? Опкружена сум со луѓе од Кина секој ден, со секакви луѓе. Како да избегам од нив? Да се затворам и да не излегувам? Или пак другите да бегаат од мене бидејќи јас сум во контакт со првите? Претерувате. Секогаш има и ќе има нешто. Правете ги правилните работи, во случајов одржувајте хигиена и превентивно некако заштитете се колку можете, а што треба да се случи, ќе се случи. Едит: Во поголем број држави се превземени мерки, на аеродромите има детектори и лекарски екипи. Луѓето патуваат, затоа што секојдневието тоа има го налага поради х причини. Безразлика дали е со авион или не. А ако мислите дека треба животот да си го ставите на стенд бај поради вирусот, направете го и тоа. Ама не коментирајте што и како треба другите да прават, и дали некој треба да оди некаде или не.
Братучед ми вози камион во делот во Италија каде што има заболени. Беше принуден да се врати, и тоа едвај се врати. Од шетање и здравје секогаш го бирам второто.
Супер, тоа е твојот избор. Јас го почитувам и не дебатирам дали е правилна одлука или не. НЕ ме засега. Зошто тогаш вие кажувате дека јас ако одлучам да патувам тоа не е правилно/во ред?
Тоа е твоја одлука, треба да ја почитуваат, и јас ја почитувам ако сметаш дека е во ред а у осталом кои сме ние да ти кажеме дали смееш или не смееш да одиш? Ама земај во обзир дека можеш да имаш проблеми на граница/аеродром на враќање, justsaying. Сепак убав помин ако одлучиш да патуваш.
Сноу полека. Нема потреба толку нервозно да се пристапува кон еден вака сериозен проблем. Не може да не се грижиме затоа што на некој баш сега му дошло до шетање во заразени подрачја, затоа што не е работава тој ќе се зарази и ние не му се замараме. Тој ќе се разболи да, ама првите симптоми се појавуваат дури после 9-10 дена а дотогаш ќе повлече со себе уште којзнае колку други кои не патувале таму. Плус не знам дали читаш, ама и медицинските лица кои ги лекуваат често може да се заразат и покрај тоа што се заштитуваат со маски. Значи не може ние да си исполнуваме желби како ќе ни текне и после да очекуваме некој друг да не' лекува и со тоа да си става сопствено здравје во ризик, само затоа што нас ни ќефнало да се правиме на тошо додека цела Европа е под закана. Разбирам дека на ова гледаш малку од пристрасен агол бидејќи ти имаш потреба од патување од една во друга држава, но дека е правилно не е. Јас пак ќе кажам, никому не забранувам да патува и не ни можам тоа да го сторам, но велам дека се' што може да се одложи, треба да се одложи. Другото е на колективот.
Помеѓу желбата/потребата за патување и сопственото и здравјето на другите,секогаш треба да се одбира второто. Вирусот убива луѓе со слаб имунитет. Умрените не можеш да ги вратиш,но плановите можеш да ги одложиш.
Италија не е само Ломбардија и Пиемонт, можеби ќе идат у Фиренца или Рим. Никој не е будала да оди на екскурзии у жариште на вируштини, ако било опасно ќе се одложела турата. Ама не, македонче не е македонче ако не промрчи.
Тоа е оти појма немаат зошто се слави 8ми Март. Ако сакаат да го одбележат прописно, ќе излезат на марш. Траскање по автобуси, пијанчење по кафани и раздавање каранфили ама ништо не придонесува за родовата рамноправност.
Не заслужуваш да ти одговорам на коментаров, но само ќе ти оставам број на заразени во Кина 77 658 од кои починати се 2663. И ова не се само некакви апстрактни бројки што ние тука си ги кажуваме по форум, секој број претставува еден човечки живот. И вирусот е проширен во Италија, Австрија, Хрватска, Франција, Германија и сигурно има уште некоја држава за која имам испуштено да прочитам. Ама јас мрчам. Ок.
СДК без нервози и расправии. До 8 март сите граници во ЕУ најверојатно ќе бидат затворени, никој нема никаде да оди.
Не мислев на тебе, се однесуваше за дотичниот што го почна муабетот. Знам, следам вести за вирусов. Сакав да кажам ако има опасност нема тури да се прават на тие места, ај нашиве ако сакаат само да им ги земат парите на жените ама жабарите ни под разно не би дозволиле туристи во такви опасни подрачја. Сеа јасни сме Прпл, не се лути одма еее каква си