Како што сфатив утре до продавници нема да може да излеземе од страв дека ќе се заразиме сериозно кажувам
Сдк дека кога од твојата одлука засегнато е здравјето на поголема група луѓе немаш право на личен избор. Ај седете дома дури помини ова со вирусов. Никаде не бегаат другите држави, ќе прошетате.
https://mms.mk/118377/операторите-ќ...%b5%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0 Добредојде назад 1949 година. Ова е претеризам, најпрвин дискавери каналите ги укинаа, сега и ова. Зошто плаќам и јас не знам.
Сдк треба да се казнуваат тие што немаат емпатија, солидарност. Имаат имунитет, немаат ум дека може да заразат детенце со хронична болест. Гајле им е за другите. Дно.
Здружението за заштита на животни во Штип не е никакво здружение, а уште помалку се грижи за животните. Ако ги следите на социјалните мрежи, ќе видете објави од типот на „мајка со 4 бебиња ифрлена на улица од сопственикот, ве молиме донирајте на нашата сметка за да им помогнеме“, а ако живеете во Штип и се грижите за тамошните животни би знаеле дека истата таа кучка со години живее на улица, и едноставно таму се породила. Друго, ниту ќе им биде пружена помош на тие кучиња, а и не знам која им е целта на овие деца шо го водат профилот на нивното таканаречено „здружение“. Само би рекла, ако можете да им помогнете на уличните животни, барем да ги нахраните од време на време и да им дадете едно канче вода, тие ќе ви бидат повеќе од благодарни, а вас тоа не ве чини речиси ништо (една паштета од по 7 денари е доволна за едно куче). Нема потреба од лажна хуманитарност и измислување приказни за публицитет, ако навистина се грижиш и сакаш да помогнеш едноставно го правиш тоа.
Мислам дека сакаат да нѐ наполнат со гнев од серии, со политика, со перење мозок. Со оглед на тоа што укинуваат, а што не, така ми изгледа.
Дај бе смирете се и контролирајте се што пишувате, форумов го читаат луѓе од разни возрасти, млади тинејџерки, трудници итн., не знам која ви е поентата да ширите паника.
Не го кажав тоа со таква намера ама и така цела држава паничи одамна, иако уште нема место за паника...
Не сум нервозна, не знам каде прочита нервоза во моите постови тука. И проблемот во мислењето на Киану не е воопшто сериозен. Конкретно, станува збор за патување во Италија на 1 ден. Италија како што кажа Џон не е два града каде има пандемија. Секој е доволно паметен ваљда да не оди каде е жариштето, но за да се избегнува цела територија и да не се мрда никаде.... ноуп. Како живеат луѓето таму? Одат на работа, на училиште, шетаат, живеат... Или и тие да се затворат дома? Не сум пристрасна, нема врска што патувам. Ниту прва пандемија е, ниту последна. И да кажеш дека не е правилно да се патува е... апсурд. Едит: Повеќето сте на исто мислење, да се седи дома и да не се патува, не бегаат државите де, го кажувате тоа на толпа луѓе. Јас како личност од таа толпа, ќе ви кажам вие седете дома. Санитирајте, не дозлволувајте никој да влезе од надвор, нема да фатите никаков вирус, не пак Корана. Супер ќе ви биде штом така. Или не? Секој нека прави што сака и сувишните коментари на сметка на други луѓе да се ги задржи за себе.
Пази, одиш на работа 6 или 8 часа на работа, и ти бараат да учиш нешто ново. Кога? Ако работам од 11 или 12 до 18 работам и си идам дома во 19,да јадам, одморам, да средам нешто од работа и да си легнам у 10,11, за да станам сабајле у 9,да извежбам пола саат, да доручам, да се спремам за у 11 да тргнам. Замислувам како им е оние по 12 саати што тераат и трета смена. СЕКОЈА ЧЕСТ! Знам иначе како е да работиш и викенди и празници. И така се губи здравјето. И како ќе работиш без него??? Му посакувам на секој да си најде време за себе. Непроценливо е. А приватникот колку сака нека кажува.
Абе нема везе што никаде нема топла вода,и сапуни за одржување на хигиена основна.Најбитното го има ЛОПУРДЕЊЕ НА НАРОДОТ,важно се возат во Мерцедес од 1 милион евра,за патни трошкови по милиони евра се трошат,мислиш со Авиони на работа идат,еден Боки цела држава ја играл и ду*ел у здрав мозок,и после сите лај*на што се случуваат во оваа дупка ке се наречеме Држава,абе ужас и дно сме во буквално све.
Ми стигна потврда од скопски маратон. Да ми кажеше некој у средно дека некогаш во иднина ќе плаќам за да трчам пет километри ќе мислев дека се дрогира.
Ако не си тип на човек што не може да му се изназјапа и/или изнаслика на небово какво што е деновиве, не може да се дружиме...
Кажи ми како иде тоа со уплатата. Се регистрираш и после тоа плаќаш на уплатница. А ако не ти стигне потврда каде можеш да се жалиш после?
Кај мене на факултет секогаш има топла вода,сапун и хартија за во тоалет. Знам дека не е за фалење тоа што се фалам дека во 21 век има нешто што не треба да има дискусија дали го има ама да има. На државен факултет сум иначе.
Ќе пишев у темата прашања за форумот, али заклучена е. Така да, зашо има нова тема со ист наслов за членови од околу и преку 40 години?