Не знам колку е видливо на сликите ама овие шипки така стојат виснати најверојатно од некоја реклама што имало ставено па сега ја нема. Мене не ми изгледа дека не може да се откачат и да паднат а се во центар на Билна аптека. Каде може да се пријави за ова да се реагира да не повредат некој ако паднат? Не знаев каде да пишам па овде пишав. Односно каде да се пријави за да се тргнат. Ова не знам дали спаѓа под Кисела вода.
Месецов полека но сигурно завршува, битно се средив на фризер по иста мерка како фаворитот мој лепотицата Lisa (Blackpink) Овие денови треба да добијам ПМС, па сум во експлозивно расположение и мислам дека копчето риплеј го силував од слушање на песнава , страшно ми враќа спомени од Тату кои ги сакав со цело мое срце Песната е зараза , 10 /10 , само женски во клипот == women power == Го видовте ли настапот во Бразил ? Браво за публиката, тоа е тоа што ми треба и мене, некое место да се изнавикам и да тресам глава, буквално се соживеав ко да сум присутна на лице место X : оди на стадион и викај колку ти душа сака Јас : ти ќе ми кажеш Утре ќе настапува во Берлин , а задутре има настап во Минхен . Осеќам ќе биде јако Девојката е полна со енергија. Исто ко јас ко откачам или ме фаќа за нешто еуфорија и буквално скокам или од радост или од лудост Ајде малку позитивна енергија и на форумот. Мора ли сите да сме скиснати поради корона вирусот ? Па така да се притресував за сите вируси , до сега ќе си цркнев од секирања. На секој кога му е пишано, тогаш ќе си пцовиса. Oдиме на риплеј уште еднаш да ја преслушам .......аааааааааа откачив , се познава нели ? Ништо не ми е, само да добијам ПМС и ќе се смирам ко маче . Jump !!! Jump !!! Рефренот : I, I keep a record of the wreckage in my life I gotta recognize the weapon in my mind They talk shit, but I love it every time And I realize I'm no sweet dream but I'm a hell of a night That I'm no sweet dream but I'm a hell of a night X: доста ма, не си интересна веќе , којзнае на што дроги си овој пат Јас : не ме читај , стисни копче игнор и свиркај си Убав ден на ситееееееееееееееее ( втора смена сум на работа)
СДК може да мислите што сакате, ама новинарството е одговорна работа. Што значи би требало да се одговара за тоа што ќе се напише и публикува. Е затоа е многу тажно и жално, што се нема ни филтер, ни критериум, ни ред ни поредок, во тоа кој е денес новинар. Не само тие самопрогласените од Бекстејџ, многу пострашни ги има, ни потпишани, ни редактирани. Па ќе украдат некоја информација, без глава и опашка и ќе го презентираат како факт. Многу ми е жално што се живее со такви креатури во опкружувањето, уште пожално што критичка мисла и самосвест се нема. On the other hand,уживам кога читам читателски коментари под написите во мојата нова татковина. Абе мерак да ти е, за хуморот и за плукањето врз сензационалистичките написи. Коментар од денес (во слободен превод)- Добро, од пазарче ли ги земате новинарчињава, да ви штанцаат вакви текстови? Мислам дека сум среќна во мојата нова татковина. Ај сега, реалити чек, да видам дали апокалиспса дошла и кај нас, или ќе најдам кило брашно за палачинки
СДК колку што може човек сам да си помогне и одмогне, никој друг не може....само ете, научени сме секогаш прво да ги обвинуваме другите околу нас
Се сеќавам кога бевме многу малечки со братучетка ми и нашите не можеа да си дозволат да не однесат на море и на спална ќе отворевме еден чадор за дожд,ќе постелевме два пешкира и мислевме дека сме на плажа..детство
Сакам да се заблагодарам на сите оние,кој сите овие години ме слушаа,подржуваа,разбираа,и даваа мотив после секое мое допирање на ДНОТО,повторно да станувам и одам нагоре ФАЛА ВИ МНОГУ.Сите оние кој ми фаќа сеир,и ми се смееа дека на 30+ год,живеам со Родител (проблематичен)а,не сам,како не ми било срам па и уште да кукам и жалам,тоа било срамота на 30+ да се жалам,а кутрите тие исти што ме плукаа ги читам во темата (Свекрвите и Снаите проблеми),како живеат во 50 квадрати 10 души,и не смеат да писнат ни на Маж ни на Свекрва ,ама битно сте јаки на Тастатура и само знаете да напаѓате и вреѓате луѓе,кој биле во лоша ситуација,кој барале само некој да ги сослуша,и да си ја кажат маката,ама ако јас не ви посакувам ни ви мислам лошо,зашто Господ е голем.Драги плукачи,вреѓачи,успеав ИМАМ СВОЈ ДОМ,сонот станува јаве,изградив свое Семејство,и ке градам уште многу,а вие гледајте за туѓиот Двор,и за туѓото гајле,само така продлжете и ке стигнете многу далеку.Фала уште еднаш на сите
Честито дечко. Ти благодарам за неизмерната поддршка во врска со депресијата и анксизноста. Да даде Господ на сите убавини, љубов, успех и најважното Мир. Многу ми е мило што се среди како човек.
Многу ми е мило кога читам за нечив прогрес во животот. И уште поубаво од сега да ти биде. Сепак после дождот доаѓа виножитото.
Денес стигна пратка од АлиЕкспрес порачана пред еден месец и го гледам татко ми ја прима и одма раце мие, нараквици става, ја дезинфицира опаковката, па продуктот внатре и го носи на тераса. Му викам: "Побогу човеку зошто на тераса ја носиш?" - За да изумре вирусот од сонцето, ако не е изумрен веќе од ракијата. Што си е сигурно, сигурно си е. @ЕденЧлен , Честитки за новиот дом. Да имаш дом во Македонија свој е огромна цел и само малку можат да го постигнат тој успех на млади години. Биди горд на себе и игнорирај ги оние што огорченоста од својот живот ја манифестираат со замешување и плукање на туѓи животи. Ви посакувам многу среќа во новиот дом со саканата.
Најглуп муабет на фризер ми е кога некоја ќе кажува како се пораѓала Спојлер Колку прсти била отворена, како докторот и рекол, вака, така