Не може секој да те сака, најважно е да си се сакаш ти па другото ќе се нареди, а како што прочитав веќе и почнало да се средува кај тебе, многу успех и само напред.
Уште еден чекор сум поблиску. Уште отсега можам да почувствувам колку ќе бидам радосна оној ден кога ќе кажам дека успеав. Дека успеавме. Кога има човек причина, се' е лесно.
Сакам и јас да ти честитам и да ти посакам се најдобро во заедничкиот живот. Те читам, знам низ што се имаш поминато во животот и искрено се радувам и многу ми е мило затоа што конечно си среќен таму кај што си. За другите ич да не ти чуе. Haters gonna hate .
Oфицијално го надминав рекордот во работењето а тоа е 15 часа на работа. Прст пред око не гледам, и не знам ни ова како го пишувам. Едвај чекам да си легнам. П.С. Мачево ко да ми насмевна па и очиве ми се ококорија.
Ептен ми е мило еден член, заради твојата скромност, доблесност, реалност и непретензиозност. Пред се, беше само пред неколку месеци кога страдаше, а сега животот ги отвори рацете и те прегрна. Дај Боже само убавини да те следат и уште подобро да ти биде. Батали ги тие што се исмеваа на твојата несреќа, саде се на форумот по цел ден и тие се жалат од се нешто, ама битно ,, далеку догурале,,. Свиркај си, си заслужи.
Се' уште е едно од најубавите чувства: Надвор да си врне, ти да не мораш никаде да излегуваш. Петок, кафе, омилената музика и долгоочекуваната книга на која конечно имам време да и' посветам внимание. Бесценето. Priceless,што би се рекло
Некој цело утро пробува да ми го пробие пасвордот на фејсбук и ми стигаат кодови во порака,не ми е јасно зашто луѓево се занимаваат толку со туѓите животи!?
Сакам ГЛАСНО и јасно да кажам БРАВО! Браво за идејата, браво за тимот на Епицентар, браво за организаторот на овој вид забава. Браво за храброста конечно да има ваков тип забава и кај нас. Ќе гледам да одам вечер, ме интересира колкава ќе биде успешноста на журката, а се надевам дека ќе биде. Дојдете да дадеме поддршка на сите кои ќе бидат таму да се забавуваат, безразлика на бојата на алката и да ги поддржиме Епицентар и организаторите во ова, за да се случи повторно и да се случува почесто и не само во Скопје, туку и во другите градови. позитивно сум изненадена ептен, и ептен позитивно ми почна денот безразлика што времево ме убивс со максимум.
Сакам да кажам дека од глава си патам. Пошто со месеци се мачев со „што ако“ и тоа што ако секогаш е лошо, резултатите секогаш се лоши и на крај се тревожам за џабе. И кога нештото ќе се случи, макар и најлошата верзија јас сум скроз камен ладна. Као ... во глата не бев камен ладна кога ја замислив ситуацијата, шо се случва сега?
Највеќе се смеам на глупости кога проаѓам низ лош период. Дали е тоа некаков одбранбен механизам на мозокот да ми пушти некој позитивен хормон, дали е пошто забегувам... не знам. Али денес се згазив од смеење на глуп виц што би го имало на “Вицови за душа”. Доволно кажува за мојата ментална состојба. Зашо стварите не можат да ми бидат лесни бе? Ги гледам другите и љубоморам, искрено. Се замислувам колку поубаво би ми било на нивно место. Може и на нив им е лошо уствари, од кај да знам... ама кријат. Посакувам јас да можев да кријам и да не сум толку отворен човек. Да можев да ставам маски и нови лица. Да ти се плукнам во искреноста и емоционалноста.
Некогаш касно сфаќаме за грешките што сме ги направиле во животот,и останува само некако да се вратиме во таа личност што сме биле претходно....
Што ми стана од сабајле, отварам форум и директ во темите за секс денес не сум Кијану, денес сум Роби Вилијамс, Лил Вејн, Бред Пит или не знам кој Шала на страна, темите таму се одлични и како што читам таму а гледам наоколу, голем дел уживаат во сексуалната слобода а уште поголем дел си ги потиснуваат сексуалните желби поради ограничувањата од околината.
Денов го почнав со максимално искористување на сонцето! Се расонив, сварив чај, ги кренав жалузините и се 'галам' со сонцето. Нема нешто поубаво, плус и позитивно ќе ми влијае за анкс и депресијата. Настинката иам и не смеам мн надвор, па here I am. Конечното да го започнам денот, различно. Поздрав до вас и уживајте во уште еден сончев ден, престапен.
Немој да покренуваш теми, во ПМС сум , . Оти се глупи ко тапа, не забележуваат женски сигнали, се праат на мутави, од егото не сакаат да си голтнат, знаат да бидат безчувствителни. Да не зборувам за еден 39 годишен случај, шо ми најдува маани. Да, го мссирав некое време, да го напнав. Ме одби. А од др страна имаше сигнали после се. И на крај ми пиша дека сум изгледала очајно со постапките. Бев јасна дека ми треба некој за друштво. И сама сум си крива. Нема идеализам. Можеби не се сите исти, но знам дека ништо не знам веќе.