Конечно да се наспијам ко човек. Поради ПМС се ми беше пореметено , се враќам во нормала полека. Викендов беше НАЈ НАЈ НАЈ лудо Не ме разочара Halsey , толку енергија на едно место. Браво женска Се извидовме и испративме со нашиве , остануваат уште некои работи да се дозавршат. Уште оваа недела на работа па земав одмор , можно е да дојдам до Мк , финалните работи ќе се знаат до крајот на неделава. Ај да читкам низ темите да видам дали сум испуштила нешто, не сум во тек со форумот. Убав ден на сите п.с. @buba4e89 пушти сонце наваму, демек Март дојде , пак е тмурно, облаци на сите страни
Интересно како со некои луѓе не можеме да поминеме ни пет минути без да сакаме да побегнеме од ситуацијата. А со други забораваме на времето, забораваме дека постои часовник, дека постојат телефони, забораваме на се' друго околу нас. Не е за џабе кажано дека она што е вредно за сеќавање, го нема на фотографија.
Најголема среќа - туѓата несреќа Најголема радост - туѓата тага Најголем успех - туѓиот неуспех Синдром на денешното човештво. Се појадовме еден со друг, не изгоре туѓото, туѓата смеа срце ни откорна.
Првата работа шо ја праам секогаш коа ќе си дојдам од работа е нели средување, миење и дирек у кревет. Одмарам едно саат време во тишина, од гужви, муабети и сл.
Она чувство кога фатиш метлата во раце и.. Тргнува возот Генералка. Не се остава жена сама дома Ќе фати да чисти, па до немај каде. Небитно, да не филозофирам многу јас. Сега ми мириса на 8ми Март.
Добро, што е со народот ? Стваро спобудалел...корона та корона вирус Бев во 3 супермаркети и секаде се купува на големо , мислиш војна иде, кај да се криеме, бог да чува Шуќур ја начекав последната вегета , иначе брашно и квасец не успеав да најдам. Ќе мора после пак да излезам подалеку да барам, а сакав да правам тиганици. Дај бре имајте осет , оставете и за нас да си купиме нешто за по дома. Ние што сме секој ден во контакт со луѓе по аеродромите не паничиме толку , битно останативе паника креваат , мислиш апокалипса ќе фати, бреееј , немам коментар.
Оди во секцијата за квасец, види дали и тоа земале. Инаку, во К. Вода стокомак утрово во девет полу празен. Ми беше незгодно да фотографирам. Рекоа дека вчера вечерта се живо исподигале пред затварање. Па, симболично и јас купив килограм брашно. Ама не во цели на залиха, него татко ми рече дека ќе правел мрзлива пита па да го удостојам. Меѓувреме со братучедка ми разгледувам евтини чартер летови до Вухан сосе смештај. Ама сериозно, без заебанции. Пет евра од вечер имате соби во близина на градот. Џаба. Штета што се уште затворени, стварно сакам да одам. Предизвик ми е да ви се вратам со короната и глумам џоа Италијанка шо не знаела дека е заразена.
Не е само за прехрана, ефтино е гардероба, буквално ко поминува сезона за 3 евра ќе најдеш блузи , чекај ќе ти сликам пиџами за 3 евра си купив од Primark. Буквално можеш да се дотераш за ефтини пари и да се прајш фаца на социјалните мрежи , а нашиве си мислат којзнае колку се има потрошено. Јас чизми за 5 евра купив, секакви глупости од Зара по 10 евра кошулки и по разни продавници, ко се речи попуст, стварно е на попуст. Единствено што е скапо се кириите , огин и пламен - зборувам за лично искуство бидејќи живеам во голем град. Не знам како е по селата, но тука бизниси се вртат со издавање станови со високи кирии. Ај да не сум офф топик , нема да ве замарам повеќе.
Маска треба да носат само тие што се заболени од вирусот а не оние кои што сакаат да се заштитат затоа што ако се случи некој заболен да кивне или се искашла спроводливост на вирусот и преку очи настанува така да џабе се купуваат маски.
Не можеш да ми кажеш дека пица/пастрмајлија 180 денари ти е скапо а секој ден лупаш 100че за цигарче.
Некогаш беше кул да си одвратен, да си бунтовен кон сите, гласен а сега е модерно да си тажен и незадоволен. Цела една субкултура се темели на "квазиемоции", започнува кукањето. а уствари се занимаваат со површни ствари.Така комуницираат, како низ лаф муабет, нивните проблеми се најмизерни.Кукаат и со тоа им се намалува стресот, му доаѓа како катарза. Они се решаваат со внатрешниот притисок, си легнуваат да спијат. Секој ден нова жрва си наоѓаат, се празнат и си го живеат животот. Тебе ти го убиле ентузијазмот, ама шо е битно па за тебе. Ете така.