Кога си во затвор за добро однесување добиеш помилување. Кога си во кујна за добро зготвено јадење добиваш уште повеќе нарачки. Правда? Нема!
Некогаш ми прелетуваат такви себични мисли низ глава ,што се пцујам сама себе за помисленото и ги растерувам како дим од цигара.. Дали тоа јас станувам лоша или се работи за основен човечки инстикт кој доаѓа со созревањето. Оти лесно е да бидеш добар и несебичен кога си под туѓа закрила и се ти е обезбедено. Веројатно како се осамостајуваме стануваме посебични... Се повеќе ми фали детето во мене .
Moже ли нешто повеќе да ти разубави ден резервиран за малку чистење и преуредување, од моментот кога случајно ќе наидеш на некој драг предмет од детството, спомен којшто те навраќа на оние посебни, безгрижни денови? Eх, носталгија... Made my day!
Ми фали времето со другарките кога бевме безгрижни , кога љубовните проблеми ни беа најголеми проблеми, и сега излегуваме се дружиме ама секој на своја страна по сериозни, летна времето а сме заедно уште од градинка, сакам керка ми да има такви искрајни другарки, не завидливи, весели, луди на свој начин, денес баш си убаво поминав се насмеав убаво еве вакви бевме кога ке пиневме една чашка две кај некој дом хаха баш добри времиња и мило ми е што ги доживеав
Кога бев на конференција во НОВА ,по долгите говори кои беа одржани од страна на успешни персони,следуваше делот кога требаше да се одлучиме во кој сектор сакаме да влеземе.Имаше избор:медицина,медиуми, и итн. Иако не знаев каде да се определам,затоа што во моментот посакував да бидем дел од сите сектори(чинам 10беа) се одлучив за медиуми. Влегов и после едно 10мин,влегоа лицата кои требаше да ни одржаат предавање. Тимот беше составен од еден господин и две дами. Знам,господинот кој најмногу зборуваше ,воедно ни укажуваше на слатки но и горки моменти од неговата професија ,беше Љупчо Зиков.Памтам рече:Психологијата е составен дел од животот.Објасни дека за да успееш ,треба да влезеш под кожа,дека и за најситна работа клучна е психологијата,се додека знаеш како да играш на таа карта,успехот е последицата од неа. Ме замисли.Конференцијата беше пред еден мој значаен датум,ден.Неговиот говор мене ме замисли.Ми го смени мислењето.Јас одлучив дека за тој ден,јас одам на се или ништо.И отидов.И резултирав со успех.Сладок успех на мои 17години. Разбрав дека во животот се пресудни нечии реченици,,ноо и разбрав дека психологијата е нивниот клуч.
Какви чизми сум си нарачала. Леле леле! Маж ми кога ќе ме види во нив, или ќе помисли, конечно доби оваа идеја што е секси од Прити Уоман или ќе ме праша да не одам на фанси дрес забава од Шрек. Изглед - мачорот во чизми
Колку само се радувам што со моите дома сум во добар однос.Конечно со мама сме добри другарки и можеме да разговараме за се. Е сестра ми е малку проблемот изгледа уште и трае пубертетот кој требаше до сега да и е веќе завршен ама ...Си се караме шо а некогаш ми вика : абе ако не се инаетам со тебе или со тебе ако не се скарам нема со кој Последниве две недели најмногу ме радува кога ќе пресечам лубеница и е онака баш по мој вкус погодена понекогаш на мајка ми и велам : ах да ми потрае среќата што ја имам за да одбирам вакви убави лубеници би била пресреќна Единствено што ми ствара нервоза е жешково време(невреме за мене) ама си се тешам со тоа дека тоа потта шо излегува од мене е вишок така да кога ќе замислам и не толку ме нервира Ааа и сакав да кажам дека многу бе ме нервира песната од Шакира таа за првенството што е ауу страшно, се надевам дека после првенствово повеќе нема од никаде да ја слушнам Имајте добра ноќ,сакајте се, смејте се,јадете лубеници и уживајте
А сега отвори ги очите и заборави. Насмевни се и сети се. Ветрот ќе ја однесе болката. А кругот ќе престане да се врти. Затоа што сети се дека рече дека никогаш нема да замине. А замина... Добра нок..
Арно велам, човек да е на крајот од светот, ќе сетам што прави...можеби треба да гатам барем ако не друго, ќе терам бизнис
Ретко пишувам во темава.Немам инспирација,а богами ако почнам ќе се распришавам на велико. Се случија неколку пресврти во мојот живот.Повторно загубив блиска личност,повторно истиот кошмар ќе се повтори од лани.А,искрено многу ќе ми фали...Нема да има кој да ме кара зошто не ручам,кој да ме учи да плетам,да правам "торта со пишкоти"..знам изгледа смешно,но ваквите ветувања кои не се остварени ми прават дупка во срцево.Знаевме дека ќе загубиме...порано или подоцна сепак се случи.Сепак имав тронка надеж дека ќе го избегнеме најлошото,но не.Сепак растам нормално е да се случуваат вакви работи,кои ме прават посилна.Работи кои ме запознаваат со светот на возрасните. Сепак да не трупам со негативна енергија . Си најдов едно прекрасно фустанче,како за мене печено.Абе преубаво е ,а богами и бендисав како ми стои. А,треба и да одам на свадба за некој месец,па полн погодок е.Него во последно време правам ептен лапсузи.Се симнувам по скали и ги поздравувам комшиите со Добро вечер,а оно 12 часот попладне да ти било.Овие ме гледат ми викаат добар ден,мене мува не ме лази. Коа ми текна што им кажав ќе си се закопав во подрумот доле. Богами би ве поздравила со добро песниче,ама очигледно е забрането. Па добра ви ноќ
Најголем проблем на денешницата е тоа што луѓето живеат во фантазија, живеат во заблуда... Не сакаат да ги прифатат општите начела на природата и се стремат кон нешто, речиси па - невозможно! Сите сакат добра кола, фино уреден стан и џепарлак од 30.000 денари месечно (па дури и повеќе) ама па, дај нека се спуштат на земја. Нека не летаат високо и тооолку далеку. Луѓе, не се тоа вредности што остануваат за цел живот. Многу треба за да ги добиеш, ама толку малку за да ги изгубиш. Сега кога сум послободна во мислите, многу работи почнав да гледам околу мене и да сфатам колку луѓето постанале роботи на својата имагинација. Гледам и се чудам, право да ви кажам. Сите се први на кафе, а дома - дома родители едвај крај со крај крпат. Страмота. Јас ПАК гледам и само се чудам. Признавам, многу работи во животот лесно сум ги добила, со два - три збора, ама и тие материјалните чудесии кои моментално ме направиле среќна, се купени со пари кои се заработени со голем труд. А младинава денешна, сака ем кафе, ем ручеци по кафани, ем дечковците/девојките до нив, гушнати, збиени еден до друг, ем многу пари и раскошен живот. Незнам дали може вака?! М?!! Многу сум лута на околината, како некоја тинејџерка, да ви кажам најискрено! Со многу луѓе споделив пријатна вест, а за возврат добив осудувања, филмови со страшен крај, со крај кој не го посакувам воопшто. Пак, онаа приказна: „Ама како? Ама што? Мхм, нема шанси да успеете!“ и триста други бљувотини! Катастрофа, што друго да кажам! А јас, јас ќе кажам само дека ќе видиме, времето ќе покаже. Како и да е, среќна сум, многу сум среќна и точка!
Ветувам дека секој ден ќе се влечкам по плаживе со мојата омилена сламарица и ќе уживам летово како никогаш до сега Дури не заврне де
ако сетиш што ми се прави во моментов готово е дај ќе го разработиме бизнисов мор ти гатај а јас за се друго ќе се грижам :geek: ај те чекам на кафе стани мор, бизнис со спиење не се тера