Денес е мој ден,на овој ден ме донела на светот најдобрата МАЈКА,фала ти Мајко за животот што ми го дари,фала ти што имам РОДЕНДЕН. Па во чест на мојот Роденден,да ве почастам и наздравиме.
Сакам да кажам дека неколку циклуси на назад абе болки минимални. Денес ме вратија во средношколски денови. Таман сум задремала станав ради болка а веќе Бруфен напиена. Ми се лошеше, ми се вртеше, осеќав како некој со нож да ме мава по стомак. Па поплачив на мама пошто не можев да станам и ми донесе шише топла вода и уште два аналгини. Вака се немав осетено од средно, се осеќам како циклусов да ми наплати за сите претходно шо не ми беа болни.
@Keanu_R.Wick дечки, фати си женска, ќе ми те милува, ќе ми те гали и ќе ти се поарни животот. @Purplelilac Жено, ме изнамсеј со тоа ' Ооо тешкото' Забегана една, откачена.
Сакам да кажа нештоо, ама у спојлер ќе оди оти не е баш културно да го пишам. Спојлер: Машките и сексот Како порано луѓето имале секс без издеполирани интимни делови? А сега ако се малку пораснати не сакаат секс?
СДК маж може да си најде нови пријатели и на 30 и на 40 години, а жена не. Ако немаш пријтелки од средно или факултет, после тешко дека ќе се здружиш со некој.
Некогаш мислам дека за џабе ја имам главата на раменици. На крај секогаш постапувам по командата на срцето.
Не, вие родителите не знаете дека треба да се уплати за часови по пијано. Не знате која сума, не знаете на која сметка, не знаете колку часови ви одело детето. Затоа тука е наставникот да ви преброи да, но не е тој одговорен дали вие сте платиле или не. Не знаете дали сте уплатиле за минатиот месец, па идете во школото со носот кренат и ги малтретирате вработените да ви проверат за уплатата а вие бидејќи нагласувате ЈАС КОРИСТАМ Е- БАНКАРСТВО, ништо не знаете. Па баш оти користите во тој е**** телефон имате апликација и да проверите, кај трансакциите, да. Е таму. Бидејќи имате многу обврски не можете ни до банка да појдете. И ако не ви се јават дека треба да платите за часовите, вие не сте виновни, виновни се тие од администрација што не ве потсетиле. Ма идете све у тристе лепе.
Размислувам, како да се телепортирам негде. Неќам да е егзотично место, нека биде живо, полно луѓе. Кај што ќе можам да шетам со саати навечер, по раштракани мокри улички. Би почнала нов живот, некоја друга работа, да зборувам нов јазик. Би го сменила и името, тамам нов идентитет. Пошто ова не е остварливо, во реалноста за да направам некаква промена... купувам работи кои не се својствени за мене.Вчера купив гел за туширање од ирис, оти ни на крај памет тоа не би го погледнала.Во палетата на лосиони за тело, секогаш сум бирала ванила, чоколадо, какао, кокос. Сега купив нордиски берис бе... За денес, веќе знаев. Отидов кај свеќите, одбрав тоа што не ми го фати окото од прв, втор, трет поглед. Земав некоја си амбер хилс, со цветни ноти. Фино да ви кажам,миризливо, пријатно ако ништо друго. Имиња, имав неколку варијации Доста е за овој живот.
Денеска е посебен ден за мене. Имаме годишнина со либето Најсреќната личност на светот сум денеска... Секому посакувам ваква љубов. Заслепувачка, луда, љубов што те крева од земја, те носи на седмо небо. Ја нема само во бајките, ја има и во реалноста. Повод за (уште од сабајле) да пиете на моја сметка. Пак