Буквално нешто што може да ми го сумира љубовниот статус во последните неколку години во една реченица.Кога го прочитав толку се пронајдов, се надевам нема и вие да се пронајдете!
Периодов ми е катастрофа. Ме удира некоја мрза, досадно ми е се. Ниту книга ми се чита, ниту филм ми се гледа, ниту муабет ми се прави со некого. Ништо не ми е интересно и не ми задржува внимание Не знам што со себе.
Ич не сум уморен,само спијам по 12 часа.Точно една недела како немам видено бел ден,работа,дома спиење,стани пак на работа.Супер го поминав вчера роденденот,бев цел ден на работа,дојдов дома легнав,и еве станувам и пак на работа ке идам,абе саде убаини...
Ок уште нешто морам да кажам.. Grey's Anatomy ја гледам од првата сезона, ама последнава епизода со Алекс е најглупавата што ја имаат направено
Колку многу ми го разубавуваш денот не знам дали знаеш? Знам дека зборови не ти значат ама нежноста со која е кажано твоето име и вниманието кое ти го посветувам тебе додека си играме заедно се доволни да ти покажат колку те сакам и уживам што те имам.
Родителите, брат ми, мачките, баба и дедо... Тие се мое богатство. Денес подранив со подарокот за празникот, го дадов на баба ми, се израдува ко мало дете а јас уште повеќе затоа што и се допадна. Ќе се спремам за излегување. Вечер ќе си поминам урнебесно.
Излегуваат маж и жена на бина да одржат говор. Излегува жената, зборува, се слуша благ аплауз, седнува. За две минути излегува мажот, со идентична порака и поента, но со прости зборови, публиката хипнотизирано аплаудира, вреска, се радува. Тоа е тој менталитет. Силината во тестостеронот.
Повеќето пријателства денес се склопуваат поради взаемна корист. Ниту средно ниту факултет не играат улога колку услуга - против услуга трампата.
Сакам да кажам дека ме има фатено средновечна криза, а сум во рани 20ти. Знам дека имам криза на идентитет, ама сакам да ја викам средновечна криза пошто реално шансите се дека сум на пола од мојот животен век. И кога давам вакви благо суицидални ставови, си ветив дека ќе пишам disclaimer дека е мајтап. Ама памтете, секој мајтап е пола вистина. Муабетот ми е, си потрошив пари ли пари на нова шминка. После 6-7 години нешминкање до ептен ретко шминкање. Среќна сум да кажам дека I still go it. Gotta love muscle memory.