Раскинав врска шо ми фаќа две фази од развојниот живот кај шо многу сменав на карактер. Нормално дека ме фаќа криза на идентитет. Дур се "најдам", ќе ме дрмаат бубачки. Ко ќе се "најдам" - ќе ми помини. Не дека сакам сега бубачки да имам. Ама знам дека мора да помини. Ако некогаш тебе те фатат, дозволи си да ги доживејш. Дел е од развојот.
Многу фрустрации на овој форум, многу. Престанете сета негативна енергија да ја истресувате врз невини членки.
Со некои личности си во загуба на убавините на денот дури и здраво кога им кажуваш, ама ај од општа култура што нема да направиш
Сакам да кажам дека не се чувствувам подготвена за да бидам целосно возрасна личност. 8-часовната работа е нешто што мислам дека психички ќе ме отепа и мислам дека веднаш ќе ми се смачи и ќе ми ја исцица енергијата и желбата за живот. Не мислам дека (ќе) си ја сакам професијата, што би требало да ми ја направи работата нешто во коешто секој ден ќе уживам... А јас сум човек кој не може да поднесе монотонија, да стегне заби и тоа е тоа. Монотонијата ме полудува. Не мислам дека сум спремна за стресови и нерви за пари (а кој е?), а некогаш мислам дека никогаш нема да сум подготвена ни за семејство. Од друга страна, не сакам да сум сама цел живот. Велат дека се менува тоа со годините, а од друга страна, кај некои никогаш не се менува. Не знам ни јас што сакам, единствено знам дека се чувствувам како 16-годишна и сакам вечно да сум толку. Зарем многу барам?
Знам дека е готово, ама после 10+ години дружење it still hits me at times дека не е веќе исто, особено кога во мемории ќе ми излезат слики и разни други потсетници од пред толку и толку години. Кога голем дел од животот ќе посветиш на нешто, напати ќе те маваат вакви бранови. Нормално е, ваљда. И понекогаш не можам а да не се прашувам зошто не бев доволно добра. И зошто го заслужив ова. И дали пред други луѓе ме претставуваат како лош лик кој добил она што си го барал.
СДК маж ако е разведен а има дете НЕ е срамота да мења 10 жени нели? а жена ако е разведена со дете СРАМОТА БИЛО да смени 10 мажи....КОЈА ЛОГИКА Е ОВА??? еднаквост мало морген.. ви е**м тоа безмозочни затуцани во 19 век....
Како иде времево се повеќе се чудам каков народ постои...бев до град со другарка да купи сончоглед, пред нас имаше други луѓе, кога одеднаш една жена почна да и се дере на вработената дека нашла нешто во сончогледот (очигледно некоја скапана семка) толку и се дереше, викаше, врвот од се беше што извади телефон да ја слика и и викаше дека ќе ја објавува по сите социјални мрежи дека наводно продава ѓубре, господе боже. Случка број 2, принтав блуза, принтот после две перења, ги снема буквите, пишав дека не ја препорачувам таа страна на фб, ме напнаа во пораки да го тргнам таквиот коментар Два дена упорно ме замараа на крај ги блокирав само, во однос на првата случка, како што слаби живци имам, јас да бев на местото на вработената мислам дека ќе и го земев тел и од земја ќе и го лупнев, дебилизам!
Ејми, истото ми се случи пред многу години. Многу болеше и сеуште боли. Луѓето ги преболев, спомените и чувствата не. Постојат ноќи кога едвај заспивам преиспитувајки се дали и каде погрешив, што повеќе не сме друштвото кое некогаш беше по цел ден заедно. Како кошмар. Сакам да имам совет како да преболувате смрт на блиски луѓе, обични разделби со другари или миленици, но немам. Освен да кажам дека времето ќе не навикне без нив, иако нема магично да ги санира раните.
Ова баш беше убаво претставено во една серија. Во фирма каде повеќе се слушаше гласот на мажите беше исто вака. Кажува жена идеја, мрморат сите, истата идеја со други зборови ја кажува маж и одеднаш е најдобрата идеја што мора да се спроведе. Се здружија жените во фирмата и решија да си помогнат. На следниот состанок кажува една жена идеја и се случува истото, маж и ги зема зборовите од уста и ги превртува, ама друга колешка се обраќа на првата и вели ми се допаѓа баш ти тоа што го кажа и ги повторува нејзините зборови. Така сите ја повторуваат идејата додека не им стане сосема јасно на мажите од кого доаѓа. Одлична беше таквата поддршка и само покажува дека жените треба да се поддржуваат и да помогнат кога некоја друга не е слушната и маж се обидува да ја потисне. Посилни сме заедно, кога тоа само ќе го научиме не знам.
@Nigredo Odor @Amellie13 Потполно ве разбирам и двете. Бев во слична ситуација, често анализирав некои работи порано. Некои работи ме научија на лекции, морав да отстранам некои луѓе од мојот живот, некои си доаѓаа и заминуваа и свесно ме повредуваа а јас си ја ударав главата во зид обвинувајќи се себе дали сум погрешила и како требало да постапам. Времето тече, имам лузни во душата, извесен период се борев со депресија ама со текот на времето научив да бидам цврста личност и никогаш повеќе да не се оправдувам, анализирам или простувам на луѓе кои си поигруваа со моите чувства. И во право си Нигредо, бледеат чувствата, спомените се тука но и тие ќе бледеат со текот на времето. Овертинкот е зафркната работа, посебно ноќе ама треба да знаеш како да се избориш против тоа. 10 години поминаа откако изгубив едно друштво, денес не се сеќавам на ништо, не заслужуваат да трошам енергија за нив.
@Nigredo Odor можеби затоа што колку и да не е исто, колку и луѓе да си имаат заминато, единствено што останува исто засекогаш и што не можиме да го промениме е спомените. И понекогаш ќе нѐ прогонуваат. @bicycle тешко е кога луѓето што се колнеле дека секогаш ќе бидат тука за тебе на крај испаднале само како привремени луѓе и те напуштиле многу лесно без нималку грижа на совест, како никогаш да не си им значела. Спомените остануваат, но животот мора да продолжи понатаму, со или без некого.
Од секој што влегол во мојот живот сум слушала - не сум како другите, нема да те напуштам бла бла зборови само додека не добиеш доверба во нив без разлика дали е за партнер, другар или другарка. Почнав да не верувам во тие муабети, а секогаш се лутеле затоа што не сум им верувала, на крај јас повторно во право. Мило ми е што научив од грешките а и искрено бев уморна да лепам скршени срца. Денес сум силна личност, благодарение на тие ликови.. Воопшто не размислувам за нив затоа што не заслужиле, постепено успевам. Секој е заменлив, без секој се може. Некогаш ќе се сетам, ќе се прашам дали се добро, ама да ми недостигаат не. Ако некој сака да замине од мојот живот, нема да се трудам да го чувам по секоја цена во мојот живот, ќе им ја покажам вратата и сречан ти пут. Знам да бидам многу немилосрдна и да избришам некој од мојот живот веднаш по 2 или 3та грешка, тоа го научив од мајка ми. Сега бирам кој да пуштам во мојот живот. Нема да лажам дека не ми е криво за некои луѓе кои заминале но на сила убавина не иде. Сепак тие се во загуба, не ние.
Каде се хистеричните биполарни и нервозни дечки и девојки од форумот на кои сите им беа виновни и кои беа тука ден и ноќ? Се надевам дека се вразумиле. Сакам да кажам дека никој не ни е крив и не е должен да ги трпи нашите фрустрации извадени од одредени лоши периоди во животот.
СДК.. тешко е кога депресијата те обвзема во нај глуп момент што може да се погоди...уште потешко е кога премногу размислуваш за некои може не толку битни работи и се повредуваш сам себе...се гушиш од тага и болка во душата иако знаеш дека тоа може да е само фантазија...но што ако стане реалност... не викаат за џабе слушај си го предчувството "6 чуло" трето око или како и да се вика...кога и да сум се плашела од такво нешто секогаш се остварувало....но мислам дека овој пат нема да преживеам....последниот конец што ме држи ке пукне...го знам тоа...го чувствувам....тешко е кога знаеш што ке се деси уште пред да се деси...колку е дар толку е и проклетство...
Сакам да кажам дека си го чистев фејсбук профилот од страни кои сум ги лајкувала од кога бев основно. Инаку и факултет завршив. Се осеќам дека морам да напоменам за да имате претстава на периодот кој го опфаќаат тие страници, никогаш неизбришани. Е сега често си играм мајтап дека имам темно минато. Бујрумте, со солзи се смеам цела вечер. Јас: Имам темно минато. Сите: Не. Јас: Шо би рекол @Billy Idol убаво сум созреала. Чим не го велам само јас, мора да е вистина. #characterdevelopment