Најјакото е што јас сѐ уште ги имам дел од тие страници, кои со текот на времето или се преименувале, или почнале да прикажуваат содржина што ме интересира
Среќен 8ми Март, на секоја жена. Среќен нека е на сите кои насмевка го краси вашето лице. Среќен и на секоја натепана жена, на жртвите од јавна соба, на жени кои абортирале, на силувани жени, на дискриминирани жени било каде на основ на пол или сексуалност, на сите мајки, на жени кои не сакаат деца, на секоја жена која гладијаторски се бори со ова општество. Среќен 8ми Март и на вас кои јавно ве критикувам, седнете малку и прочитајте што значи денешниов ден, зошто сте еднакви во општествово и зошто треба малку прст на глава да ставите пред да упатите отровна стрела кон некоја друга жена. Среќен нека ни е, Ве поздравувам со песнава
6 години на Фемина Иако во почетоците не бев толку активна, си читав редовно. А последниве години, форумот ми е дел од секојдневието. Убаво катче на кое секогаш се навраќам. Одлично место каде што макар и виртуелно запознавам прекрасни луѓе. Се надевам дека уште долго ќе бидам дел од форумов. И, како што е редот Воедно... Среќен Осми март, убавици Уживајте во денот
Е да прво ми даде да видам тие страни после овие. Еве пример, дур си вадам дрти веш: Се разбира ама не бев толку опседната колку со Наруто. За Наруто имав лајкнато 492701827 страни и со онаа погоре мораше да да кажам дека го САКАМ Наруто. Башка фан страни за Саске, Итачи, Акатсуки и Саске х Наруто. То башка.
Помалку вакви статии, повеќе standing up for each other and whatever we want to be. Едно нешто кое никогаш не треба да се промени е борбата за секоја од нас да биде третирана како човечко битие.
Среќен осми март на сите припадници на женскиот пол! Уживајте во сите права и можности, и борете се за сите оние кои се лишени од истите. Никогаш не премолчувајте неправди и не преминувајте преку ситуации кога можете да направите нешто да го смените крајниот резултат.
Некој денес со пола уста ми честита 8ми март. Пошто сум била девојче, не ми бил 8ми март. „Но, ајде, меѓу нас да си честитаме.“ Девојче не сум, пошто имам 37 години. Сакаше да каже немажена и без дете, веројатно, пошто, во главите на некои, жена си и празник ти е само тогаш. И, мислев да проголтам, ко за илјада други коментари, но, ова е ден на кој се потсеќаме дека не треба да се молчи. А, баш утрото го почнав со статус: „жени, не бидете на жени волк“. Нека универзумот ваквите ги усреќи многу повеќе, за да не пакостат и да не си го истураат отровот на сите страни.
Нека ни е среќен празников. Среќен 8 Март на сите. Да се поддржуваме сите заедно повеќе, ако видите дека на некоја жена и треба помош помогнете и, помагајте си на работните места и издигнувајте се заедно, наместо да се поткопувате. Учете ги ќерките за што празнуваме денес, нека се гордеат дека се жени, нека гледаат примери од нивните силни мајки, за и тие самите да бидат такви. И не навредувајте други жени, се изначитав се и сешто по интернетов деновиве, дури и да не се согласувате со нешто само одминете го, наместо да навредите. Не ја познавате таа жена, не знаете низ што поминала во животот, не ја знаете цела приказна. Заедно сме посилни. Секогаш.
Среќен осми март до сите припаднички на понежниот пол со апел до мажите секогаш да ја будат ангелската страна на жените зошто жената може да биде и вештерка на метла и ангел небесен...Од нас мажите зависи кого од овие две ќе разбудиме...What you awoke is what you get!
Честит осми март на сите девојки, жени, сопруги, мајки, ќерки, баби, од сѐ срце и едно огромно БЛАГОДАРАМ за цел ваш придонес и баланс во општеството. Секој збор е премалку за да ние машките покажеме благодарност, но јас лично сметам дека секој ден е осми март убав ден Дами!
Имам две мачки. Едно машко, едно женско. Лежам на кревет, и они двајцата се на креветот исто така. И сеа, мачоров е у сезона на парење нели и има потреба. Оди кај мачкава, почнува да ја мириса, да ја лиже... Она направи некој звук, и мачоров и се тргна и продолжи да лежи. Мачки, еј. Животни се. Знаат за consent. А ние луѓе, демек “најинелигентно суштество на планетава” и сѐ уште секој ден има случаи на силување. Не ми се верува дека имам мачор кој е поразбран и попаметен од некои мажи.