Честит 8ми март на припадничките на посилниот пол. Да се бориме една за друга, а не една со друга, во битката за родова слобода и еднаквост, за почит и афирмација во општеството. Денес, утре, задутре и колку год време да е потребно, за да диктатурата наречена патријархат влезе во историските читанки и стане сеќавање.
Среќен 8-ми Март љубови. Само не заборавајте кои сте и зошто денес е важен ден. Не е дека ни треба внимание денес, а демек други деној не важи туку треба да си ги одбираме битките секој ден. Жена зад жена да седиме. Денес е само потсетник.
Да кажам збор, два за празников т.е за жените, мајки, краЉици кои френетично го слават и чии слики фрштат по социјалниве медиуми. Тие "среќлиите" веќе се низ Италии, миталии и цврсто чекорат низ шопинг моловите и кафаните ко да нема утре, токму како што Клара Цеткин ја замислувала борбата за рамноправност Другиве, не толку среќлики, од сабајле се по фризери, козметичари, да бидат спремни за вечер во кафана. Зарем несредени да се борат за женските права? А појма немаат што "слават" Битно убав ден, шо има врска... И стварно сакам некој да ми ја објасни симболиката со подароците? Каква симболика имаат на празников?
Денес од мене нема да прочитате честитка за осми март. Симболично како и секоја година. Жал ми е, но и оваа година не мислам дека издејствувавме минимален прогрес, кој би ни дал мотив за прослава и среќа. Можеби ќе ви честитам еден ден кога за прв пат во златнава Северна ќе добиеме жена претседател, и главните одлуки ќе зависат исклучиво од неа, наместо од мнозина мажи со железни лица и црни актовки полни манипулации, лаги, изнуди и злоуставувања зад затворени институциски врати. Можеби ќе ви честитам кога жените не би биле заробени домаќинки со 30 + години, само затоа што им ,,минала" младоста па, сега мора да играат единствена улога на сопруги и мајки. Можеби би ви честитала кога кон работниците физикалци би се укажал минимален респект да не мора да работат на денешен ден. Можеби би ви честитала кога рестораните симболично на овој ден би ги ослободиле своите колеги, додека на гостите кои доаѓаат без оглед на пол првично би им било ,,честитано" со роза наместо храна и алкохол. Симболична, црвена, борбена. Можеби би ви честитала кога жените не би биле гледани исклучиво како инфериорни објективизирани инкубатори со две нозе и пичка. Можеби,во некој поубав свет, за една деценија броејќи од сега. А, до тогаш останувам со истиот став. Бидете добро, тоа е сешто може да ви посакам.
Да,да денеска е 8 Март денот на жените. Денеска е денот на жените кои се смеат дури и кога им се плаче. На жените кои се спремни да го дадат и животот во буквална смисла на зборот за оние кои им значат.На оние силни жени кои се овде кога и да ни се потребни. Да, би сакала да верувам дека овој ден се празнува за жените коишто веќе одамна се имаат изборено за нашите и права и денес ние само им ја одаваме почита за тоа што го направиле. Дека сите припаднички на женскиот пол сме независни, слободни, не дозвуламе никој да ни наштети и најважно слободни сме и горди на тоа што сме припаднички на женскиот пол. Но, не се тоа е само фантазија. И понатаму по толку децении ние се уште се бориме за нашите права иако е 21 век. И понатаму има жени кои трпат насилство затоа што се жени, и понатаму има жени кои се третирани како слуги или како машини за размножување иако е 21 век. Денеска би сакала да испратам една порака за сите припадници на машкиот пол не вие не сте подобри, но не сме ни ние. Ние треба да сме еднакви. Треба да бидеме осудувани врз основа на нашите постапки и дела а не врз полот. Честит 8-ми Март драги жени, мајки, сестри, пријателки итн.
Девојките над мене веќе нè потсетија што всушност е денешниов ден, јас ќе ве потсетам што не е. Не е за добивање валидација од вашите дечковци, сопрузи, татковци, шефови... Не е мажи вс. жени. Не е цела година женава ми угодува, па ајде денес да ја апришиејтнеме малку. Денов не е цвеќенца и глупости, не дозволувајте да ви биде дефиниран од тоа дали некој од машката популација ви подарил цвеќе, ланче, парфем, шминка, тава и останати изрази на ,,внимание". Не е за да им се клањате на мажите што ќе напишат два реда семе синапово текст за да соберат лајкови. Не е ден за разгалување на жената, не е орца по кафани. Не е празник на мајките, на учителките, на сопругите, на бабите, туку и на вашите ќерки, на женските бебиња, деца и тинејџерки. Не знам колку пати ќе треба да го потенцирам ова, ама до сите радио и телевизиски емисии што мислат дека го достигнале врвот на литературата со глупите перифрази: Се вика меѓународен ден на жените, никако поинаку, не празници, не понежни полови, курци палци. Океј? За крај, ќе ви порачам да запаметите дека патријархатот очекува од нас да се настроиме едни против други. Затоа, секој следен пат кога ќе слушнете невкусен коментар за друга девојка, кога ќе дознаете дека дечко ја изневерува, кога ќе видите рандом странец како ја плеснува по газ, кога ќе видите дека се наоѓа во неправедна ситуација на работа, во училиште, на црква, во продавница, на улица, не стојте настрана, туку застанете до вашите сестри. И да, транс жените се жени, патријархатот е еднакво гомнарски настроен и кон нив.
8ми март. Овој ден ми буди особено тажни чувства и сеќавања... Имено... за овој ден, пред две години, посакав вертикален апарат за вафли. Да, никој не ми купи. Ни сама не си купив. Две години подоцна, јас се уште немам вертикален апарат за вафли. И можеби со тек на време ќе преболам, ама неодминливо за 8ми март ќе се сеќавам...мој драги вертикален апарат за вафли На овој прекрасен, а сепак тажен ден, не можам а да не се присетам... На овие драги ликови кои се почастиле со цвеќе, излет надвор од градот, или пак вечера со музика во кафана... колку ли од нив беа тие што посочија прст кон жртвите од јавна соба. Колку ли од нив се оние кои често коментираат како некоја си го барала, на вестите дека некоја е силувана. Курва. Ние сме драги мои, мошне далеку од барањата за еднаквост на работните места. Ние не им обезбедуваме на нашите другарки, сестри, ќерки поддршка, дека длабоко деколте не значи дека си го бараш, дека повеќе алкохол во крвта не значи дека си заслужила некој пијана да те силува, дека отворен профил на инстаграм не значи дека посакуваш твоите фотографии да бидат распространети со наслов Курва. А сепак, твојата слобода на изразување, оние потиснатите нема да ја земат како храброст и мотивација. Ќе си ги мериме, души мои. Која по-поштена е. Иако најголем број од сексуалните насилства се случуваат дома. Иако најголемиот број од насилствата се извршени од познаник. Иако толку многу сексуални насилства излегуваат на површина, извршени врз малолетни девојчиња, деца. А уште колку од нив се скриени. Затоа што ние не сме спремни, ние не сме способни да ја заштитиме жртвата. Ние сме тука да посочиме со прст. Па можеби еден ден кога ќе порасне и ќе се омажи, ќе шушнеме и на сватовите, оти како мала ја силувал татко и... Грди сме, и би рекла честит 8ми март, ама како да не заслужуваме. Не се бориме против предаторите, создаваме нови. На здравје нека ни е.
И каква корист имаш ти од сето тоа? Каква материјална добивка ти носи? Ми се темни од прашањево. Никаква материјална добивка не мора да ми носи, доволно ми е што ми носи радост и задоволство. Ми го исполнува срцето и умот. Не мора секоја активност да е со цел заработка ама има површни умови и ситни души што тоа никогаш нема да го разберат.
Денес на една мајка не и беше среќен 8-ми март. Една мајка беше завиена во црно. Една мајка ја доби најтажната осмомартовска честитка. Една мајка го испрати своето мало чедо на вечното почивалиште. Еден мал ангел одлета на небото. Те гледав мајко. Толку убава, а толку скршена. Дали да се радуваш за она што доаѓа или да тагуваш за она што заминува. Посакувам ниедна жена, мајка, никогаш, никаде, да не ја почувствува твојата болка, која ти денес ја чувствуваше мајко. Посакувам да можев да те прегрнам и да ти кажам дека се ќе биде во ред мајко. Но не можев. Зошто нема да биде во ред. Зошто твоето мило чедо веќе нема да се врати. Но, ти мајко, ти си една исклучително храбра жена. Ти си борец, ти си творец и покрај сите препреки на кои те наведе животот. Твоето чедо сигурно се гордее со таква мајка, таму некаде. На сигурно место е, во свет без болка, наспроти суровата болест со која долго се мачеше. Твоето чедо мајко, никој не може да го замени. Ќе живее во тебе вечно. Те гледа и се гордее за она што следи мајко. Јас ти ја испраќам мојата љубов и ти упатувам прегратка која само мајка на мајка може да ја даде. Ти посакувам останатите 364 дена во годината да ти бидат исполнети со здравје и благосостојба и надеж за подобро утре, бидејќи едно убаво нешто, допрва ќе се случи.
Еден дечко го запознав кога завршив прва средно, почнавме да пишуваме, па ајде ќе се видиме. И слушам после кратко време на моја познаничка и го кажал оној машки муабет "она ми се пушташе, ја неќев", ОК ДА ТАКА Е. После некоја година, т.е лани летото ете го пак се кае, созреал, моли и ми доаѓа до дома, е тогаш бев опаметена, го одбив неколку пати (не знам, зошто не доби блок тогаш) Сега пред некој ден пак пишува, пак сака нешто да глуми, е нече мочи. Си доби блок на фб, блок на вибер и блок на бројчето, ама пред да ги добие блоковите му напишав рефератче колку е не созреан и колку не вреди за мојот карактер, колку е дно. Сакам да ви кажам Среќен 8ми Март, сакајте се себе и полека исфрлете ги непотребните луѓе, полесно се дише. love myself
Patrijahatot i bozjata crkva sekoj den ja slavat zenata koja nam ni podaruva zivot.Mene edna takva zena mi podari zivot a druga mi podari pokolenija.Slava im.
Сакам да кажам дека чувствувам некоја посебна мала среќа. После еден неуспешен обид да креирам профил на форумов, најдов начин да го вратам профилов кој сум го користела многу одамна. Среќна сум...затоа што заживеена во сегашноста, на некој начин сеага гледам колку далеку сум стигната (во однос на моите стари мислења).