Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Еб*те општествено одговорните фирми што не почитуваат препораки и не дозволуваат бремени и мајки да останат дома. :@
     
    На cresa-jagoda, MeowMeow, Elaine и 5 други им се допаѓа ова.
  2. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Посакувам да имав повеќе женски пријателки кои ќе бидат поконзистентни во дружбата, поискрени, помалку сомничави и со помала тенденција да се споредуваат или натпреваруваат потајно со другите женски.
    Се споменува често машкото его, но јас лично повеќе сум искусила его од женските отколку од машките пријатели (затоа и ги имам многу повеќе).
    Кога ќе читам тука некоја што е ваква, се прашувам: каде сте во вистинскиот живот? Можеби пак јас многу нереалистично ги перцепирам работите..

    И уште ова, никогаш нема да заборавам пред некоја година, си извадив 8-ка и додека плукав крв во вц-то во Веро Центар, една девојка ме праша дали сум во ред. Не е нешто wow и звучи глупаво, ама можеби дека не сум искусила таков гест, особено не од девојка и не кај нас, многу мило ми падна. Кога излегов од вц му кажав на другар ми и му велев дека сакам девојчето да ми е другарка :rofl::rofl::rofl:
     
    На cresa-jagoda, Gosh, BlackNight и 6 други им се допаѓа ова.
  3. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.654
    Допаѓања:
    4.567
    Пол:
    Женски
    Сакам да знам сите вие што има кој да ви ги чува децата си седите дома зошто законот така ви овозможил? Не зборам за мали дечиња што ете реално на некои стварно нема кој да им ги чува зборам за тие што имаат дома 15 годишно и 9 годишно толку ли бре сами не можат да се чуваат ? И после државата не чинела , не бре типично балканско молзи додека може , само ми е жал за тие мајки што немаат некој близок а мора да бараат начин да ги згрижат децата,медицински лица , пожарна ,полиција , останатово се се паразити , такви ќе си седат дома , а некој ќе работи за тројца ама нема везе , другите не се луѓе нив не им треба одмор , работата не смее да трпи.
     
    На cresa-jagoda, Gosh, Elaine и 5 други им се допаѓа ова.
  4. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    СДК дека ќе ми пукне пж од новинарски прашања во стилот „а што да се прави со преполни детски игралишта, кафучиња и слично?!“:@:@:@
    Епа, да земе Филипче заедно со цела Влада прво со еден стап да ги дисциплинира таквите „новинари“, а за родителиве, но комент...:@:@:@
     
    На Gosh, Angie1432, Love 83 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    А зошто да оди кога има можност да не оди? Можеби дома имаат и стари болни лица. Лесно е одма она балканското, изеди гурабии без да немаш везе каков е реалниот проблем у туѓиот двор.
     
  6. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.654
    Допаѓања:
    4.567
    Пол:
    Женски
    Ај прочитај болдот уште еднаш и ќе видиш за што зборам , имам вакви во моја близина што замисли немаат реален проблем. И јас имам стар болен човек дома па пак си одам на работа и замисли наоѓаме начини да се искомбинираме за чување. Зборам пак за паразити кад је гага и киселина је блага , ќе седам дома јер ми се може !
    Едит
    А зошто да дреме дома на сметка на некој што мора да остане а истиве и не мораат баш? Ама не се гледа тоа секој за себе , нели во туѓ двор не се гледа
     
    На cresa-jagoda, Elaine, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    9.932
    Пол:
    Женски
    Денес со малиов домашни пишувавме и англиски вежбавме :devil:. Ме секира тоа што не знам кога ќе се вратам :/ сакам да дипломирам више еднаш аман :( ама јас сум си крива што од ноември оддолговлекував, ако ми е сега нека ми гори под нозе :@:@
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Актуелките на форумот јако го штитат министерот за здравство. Да, се труди човекот но актуелките треба да знаат дека медицински најнапредната држава, Турција, нема ниту еден заболен од корона и воведува карантин за сите што стигнале во земјата. Изолација дома. Нешто што министерот и да сакал да го направи, самата свест што ја носат поголем дел од граѓаните нема да го спроведе тоа.
    Актуелките го штитат министерот кој не даде законска наредба за таков чин.
     
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.057
    Допаѓања:
    225.441
    Пол:
    Женски
    како нема ниту еден заболен коа вчера рекоа има?
     
    На Bezimenka90 и smile:) им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Абе дај ако не да земе Филипче еден по еден за уши да ги влече до дома или клиника, да ги врзе или катанци на врата да им стави да не излегуваат.
    Човекот мислам дома не пошол од што нон-стоп мора да биде во тек, нон стоп да излегува пред камери да збори, да дава препораки, да кажува кој заболел, кој оздравел, колку се тестираат итн итн.
    Не е он надлежен за сѐ. Може да предложи затворање граници и други мерки, ама пак други луѓе одлучуваат дали тие мерки ќе се спроведат.
    А да очекуваме да смрзне животот, тоа не е можно од повеќе аспекти.
    Знам дека пари не се побитни од човечки животи ама ни од воздух само нема да опстојуваме ако се затвориме сите до еден.
    Засега тие мерки што се дадени, тие почитувајте ги.
     
    На Purplelilac, Gosh, BlackNight и 2 други им се допаѓа ова.
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Вакво лудило и наплив од информации како што има овие денови, не паметам некогаш да имало.

    Friendly reminder: Како што си ги дезинфицираме рацете, така треба да ги ,,дезинфицираме'' и мислите. Менталната хигиена е исто толку важна како и хигиената на телото.

    Бирајте што читате, не верувајте во секој наслов од секакви квази новинарчиња што се борат за некој клик повеќе. Класични лешинари што ја користат ситуацијата за рејтинг.

    Паниката е позаразна од кој било вирус. И поопасна.
     
    На cresa-jagoda, piglet1, Amellie13 и 26 други им се допаѓа ова.
  12. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Верување у магии и гатачки и бајачки ми е инстантен turn off.
     
    На Nightwish11, Indiegurl, Billy Idol и 9 други им се допаѓа ова.
  13. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.964
    Допаѓања:
    15.984
    Пол:
    Женски
    СДК 1
    А никој не ги спомна теретаните денес....
    Вришти од бактерии.

    СДК 2

    Јао, главата ме боли, прееска сум преспала 2 саати, сеа уште сум ко успана.

    СДК 3

    Земаат плата од 30.000,јадат леб од 60 ден и се немало.

    СДК 4

    Пошо работам во образование, мислам дека вчера ме фати шок од напливот на информации, загрижени родители, општ хаос.

    СДК 4

    Втор ден од циклус, мислам дека торнато ме зело и ме фрлило, ко утепана сум. Плус и таа анксизонсот.

    СДК 5

    Си купив Дезинтал и од утре ќе уништувам бактерии низ сите соби :lol:

    СДК 6

    Пак почнува да ми се јаде....
     
    На cresa-jagoda, Nightwish11, Elaine и 3 други им се допаѓа ова.
  14. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    7.998
    Пол:
    Женски
    Цел ден ја избегнувам темата за Корона, ептен ме фаќа паника. Од што толку многу мислам и се плашам од вирусов почнав да кивам и само проверувам температура да не имам(facepalm)
    Премногу се оптоварувам со ова, дм само ме кара.
    Среќа утре одам за Маврово па нема толку да се оптеретувам со ова, ќе си го одморам мозокот.:doh:
     
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Во период на паѓање бронзени тронови (ега), за човек е важно да остане присебен.
    Да сфати дека не може секогаш да го следи компасот. Да сфати дека има поголеми работи од нас, на пример одмаздата на природата. Ова е наплаќање за направеното зло. За секоја индустриски произведена кеса, за секоја вештачка и дефектна честичка, за секоја капка нафта во океанот, автомобил, фабрички чад, таблетка, и генерално - секоја недозволена супстанција произведена и употребена во нехумани цели. Ова е тоа. Без оглед на точниот причинител природата ни шепоти што се случува кога ги злоупотребуваме нејзините дарови дур дивееме во анархичната џунгла.

    Како да имав некое чудно претчувство неколку месеци претходно, кога малтене во секој пост ја споменував природата. Не знам од каде инспирација, претпоставувам дека прстите само ми куцаа додека умот ми беше во auto - pilot (,,бета") mode. И не знам дали некој се сеќава на тој пост лани, преминот август - септември, кога пишав дека солзи ми потекоа дур минував со автомобил низ Арачиново и гледав како излегува црн чад од ѓубриштата што гореа на патот. Тоа ми беше како еден вид trigger и визионерски предвесник за она што следува. Како филм ми минаа толку слики приближни на ова денес...

    Да не должам, поентата е таа - сркаме она што сервиравме. Само што сега не може да се каже ни дека сркаме, туку луто бодеме со вилушка низ чинијата во потрага по топче грашок кое на дното го нема. А, топчето грашок во случајов е здравјето.
     
    Последна измена: 11 март 2020
    На Mese4ka92, bicycle, Elaine и 3 други им се допаѓа ова.
  16. ThePharmacist

    ThePharmacist Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Машки
    СДК лугево се "Бог да чува". У ек на Корона вирус трчаат по маркети и по аптеки само за да бараат сметки за скенирање. Ако се умира богат да се умре.
     
    На Nightwish11, piksooki, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Кај мене и од канта собираат...
     
    На cresa-jagoda, Nightwish11, pdb123 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Queen Leah

    Queen Leah Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2019
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2020-03-12-04-24-04.png
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  19. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    На Queen Leah му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Одлично кажано , нема потреба од паника. Како што вели чичко Гугл, [​IMG]

    секој ден си умираат луѓе и чудно како медиумите го заплашуваат народот , се креваат паники како тој корона вирус да е вирус над сите вируси, најотровно , најзаразно , неизлечливо нешто.

    Капа ви симнувам на оние кои сте смирени и свесни дека не е крај на светот. :bow:

    Додека го пиев кафето и ве читав во конкретната тема, страшно ме изиритираа некои коментари , па ќе се ставам во терен да видам дали е до толку стриктна ситуацијата и ќе гледам да сликам тука оти мразам кога некои упорно шират дезинформации , подобро кажи си во твое село е така и така, не можеш да кажеш дека во цела држава било така.

    Аууу колку мразам луѓе кои лажат. :puke:

    Да дојадам, палам патиките и да видиме дали се точни информациите што сте ги пишале на форум дека во цела држава забрането било во автобуси од напред да се влегува ....зборувам за местото каде што живеам јас.


    Ахх тие медиуми, психички ќе ве оболат (facepalm)


    Јен, два, идеме на терен низ град и се читаме покасно.
     
    На Keanu_R.Wick, smile:), Gosh и 12 други им се допаѓа ова.