Не пишувај жено @Herrera. Немаш право да кажеш ништо,нит позитивна мисла некому тоа многу му пречи. Ќе збришат пак со образложение “офф-топик”. Мува не ги лази поединци,малку прст на чело да се имаше ќе беше светот многу подобро место. Туку каде каде сме побезбедни на Малта,секој превоз е забранет,денес нема ново инфо за нов заболен. И како што е совршен денов совршен е за нов фустан.
@Herrera, јас мислам дека добро се држам и не паничам, со оглед на тоа што борбата со анксиозноста кај мене трае со години. И тоа, анксиозност со тенденција кон хипохондрија и OCD. Идеална комбинација за сега, нели? А таман ми беше подобро деновиве. Ништо, борбата продолжува Сакам да не читам и да не слушам вести, ама ај оди изолирај се од напливот на информации да те видам. Невозможно е. Среќа па не сум некоја што е многу по шетањето, и деновиве со намалена активност и циркулирање на луѓе низ градов не ми се проблематични. Мора да се гледа и на посветлата страна. Деновиве имам време за многу нешта што ги одложував. Време за себе, за интроспекција. Брзото темпо што обично владее кога не се ,,кризни времиња'', не ни ја дава таа можност.
@buba4e89 , @prominent , мило ми е ко ве читам така смирени , животот си тече , ден по ден, без да се напнувате или стресувате што ќе кажеле на телевизија......ехееее медиумите се махери и од мравка ќе направат слон и одлично им оди со монтирање на видеа и режирање хорор филм Јас се пробрав и сега во спојлери ќе ставам слики за да покажам дека тука во овој град е мирно и се најнормално си функционира. Никој не носи маски , ракавици и такви ствари , секакви генерации може да се сретнат на улиците и во јавниот превоз. Еве да почнеме прво со тоа што пишале сабајле на форумот дека во цела Германија било забрането во автобус да се влегува од предна врата. Спојлер: ЕПА НЕ Е ТОЧНО !!! Друга работа , народот слободно се шета каде сака и во кое време сака , никој не се изолира да седи по дома Спојлер: Шетање низ град На некој му дошло да седење на кафе и шопинг Спојлер: Кафе и шопинг Кога сме кај јавен превоз, си има народ , секој во секое време си кива, си кашла слободно без другите да го гледаат чудно или да се плашат дали некој е заразен. Спојлер: Јавен превоз Некој си кажа дека во негов регион почнало да снемува пелени..... епа тука кај нас има Спојлер: Пелени Некој на форумот спомна , во негов регион снемувало и тоалет папир ..... Исто и тука, тој дел приметив дека се испразнило Спојлер: Тоалет хартија Што се однесува за брашно и квасец , за жал сеуште е многу тешко да се најде во продавниците. Пред некој ден се жалев на таа тема, па нема да пишувам пак. Е така, да одам да правам ручек, битно си кажав дека ме иритира кога некој ќе рече ВО ЦЕЛА ДРЖАВА, каква црна држава, кај тебе у маало ако е криза, тука кај мене е мирно. Е затоа не верувам на рекла казала муабети.
Јас гледам на лајф камери и не верувам во рекла кажала муабети. Катедралата во Милан и околу неа имаше луѓе,гледав и за фонтаната Ди треви исто имаше луѓе. И се така, не паничиме. Јас сум си рекла ако се заразам и осетам симптом ќе се јавам на бројот.
Е баш затоа што се' најнормално си функционира сте меѓу средноризични земји, а кај и да е ќе бидете во високоризични. Пак нека си шетаат по молови и шопинзи, затоа што нема друг ден кога да се заврши толку битна работа. Посебно кога ќе прогласат карантин на ниво на цела држава, дома најубави и најпроменети ќе бидат.
Во ред, реков ретки сте вие на форумот, на прсти се броите кои сте стабилни, другиве се у паника. Испаѓа дека џабе паничат на форум, кога на фејсбук се чекираат на кафе шема таму во Македонија, значи сепак се излезени луѓето, не се изолираат како што тука ве читам дека се затворате по дома. Изгледа таа изолација не важи за сите градови во Мк. Не живеам таму, само на нет ве читам и не можам крајот да ви го најдам , тука едно пишувате, а на фејсбук фрчат слики излезени на ручек, на фризер , по гости , значи сепак се дружете и надвор од дома. Инаку јас реагирам на оние кои на нетот шират лажни вести у смисла опасна зона е цела Германија ,епа не сакам да лажат, нека си пишуваат за нивен град , не може за цела држава да кажуваат кога не е точно. Тоа што го гледам околу мене и го коментирам затоа сериозно реагирам. Моментот кога ќе фати криза тука , тогаш ќе пишам , а до тогаш не можам да глумам паники кога се си функционира околу мене.
Абе уживај си ти. Ти кажав и вчера. Живееш во Германија, здрава, млада... шо има да му ја мислиш. Од друга страна, ние кои "паничиме" повеќето живееме во МК, каде знаеме какво е здравството, условите и капацитетите и единствен разумен потег е да се слушаат препораките, да се седи дома (како рече вчера, ко исплашени зајци) за да не се рашири чудово рапидно и за да не се оптерети и така слабиов здравствен систем. Не сме ние Германија
Не ми изгледа дека седите по дома, кафе шема си тераат некои таму. Вие сте единствени на форумот кои паничите, таков впечаток добив , само на форумот се шири паника , а на фејсбук се дружите во надворешни услови. Па нормално ќе ве викам исплашени зајаци, штом јас живеам во високоризична држава како што @Purplelilac рече , а нема паника околу мене, тогаш вие сте на сигурно и немате причина за потресување толку. Во право си , не сме ние Македонија, високоризична држава сме ( во твој стил ти одговарам како малите деца , е не ќе се заебаваме, не сте вие Германија, ние сме , да си јадеш ушите, ме насмеа ) едит::::: Така бе девојче, кажи им дека навистина се дружите , јас ако пишам дека на фејсбук ви гледам слики со кафе шема, не ме сфаќаат сериозно на форумот. Браво, потврди им дека сум во право. Останува да чекаме да заврши циркусот оти таков страв од вирусот осетив само на фемина форум. Останатите си тераат шема надвор. Шмрц кафенце
@Herrera на BVG автобусите предната врата е затворена од утрово.Сите се качуваме на средната и последната врата.Не се спекулации вистина е.До шоферот не се доаѓа. Спојлер: Контра
Сакам да кажам, здосадено ми е од негативни луѓе. Ми треба позитивна енергија, љубов, психички одмор. Сакам да се затрескам до уши. Сакам да читам книги и да слушам убава музика. Сакам да пијам кафе со најдобриот другар. Сакам да подарам нешто на некого. Сакам да дишам и да вдишувам мир.
Со лаптопот на тераса, слушалките и кафето како што само јас знам да си го погодам и парче чоколадна торта за стабилни нивоа на серотонин. Досега уживав во сонцето. Плус бенефит, витамин Д Ми фалеше ова. Завршив повеќе работа денеска отколку изминативе две недели Ја искористувам ситуацијата најдобро што можам. Дури сум изненадена од сопствената смиреност. Брзо ќе помине ова и се' ќе си биде по старо.
Пред некој ден пратив порака за поддршка на пријателка која долго време живее во Италија. Одма стигна позитивен фидбек и потоа сама објави дека се добро. Убаво е кога даваме нешто, кога има фидбек па макар и негативен,а уште поубаво е кога сме сплотени во заедница, кога разбираме, сочувствуваме со другите околу нас. А најубаво е да сме внимателни кон секоја информација и да се придржуваме кон тие информации кои живот значат. Пријатен е денов Сите нека не грее едно мало сонце, не сме сами во сето ова и заедно сите сме посилни и постабилни со цалата разноликост што ја носиме и не прави препознатливи во целина(та).
Ме лути малку тоа што само за работодавците се коментира дека се згнати за пари и дека не им е грижа за вработените и дека треба сите да ги пуштат дома за време на пандемијава. Баш ме интересира сите вие што ПЛАТЕНО си седите дома или барем го посакувате истото, како би постапиле да сте газди? Како на 1-ви ќе најдете пари за плати за оние кои не доаѓале на работа, пари за кирија која независно дали работел објектот мора да ја платите и уште милион други тековни трошоци? Ќе ги дадете од џеб? Да, да хахахах сигурно... Од друга страна би седеле дома, ама неплатено и без искористивање на денови од стар одмор? Секако дека не Многу е лесно да се суди за туѓи пари, кога твоите со сигурност ќе легнат на сметка на почетокот од месецот.
Тоа кај ваш регион. Тука не гледам измени. Се влегува низ предна врата. Сепак фала што сподели, ете да прочитаат луѓе дека не е исто во цела држава. @prominent , пу пу да не ти се уроци , продолжи со позитивната енергија, ептен ни годи на форумот Ај да видам што ќе ми каже хороскопот стрелец во подзнак водолија ( затоа сум и толку комплицирана) Доста беше хороскоп, да си пуштам некое видео да научам некој трик ко овие.
Ај, да не се објаснуваме. Со сила се праиш глупа и не ми го разбираш муабетот. Не е време за вакви невкусни шеги. Толку ќе ти кажам, па ти уживкајси пак. Башка, со муабетов си контрадикторна, нели прееска рече дека не веруваш на слики и медиуми, како одеднаш знаеш дали има паника во МК или не? Според ФБ и форумов?
Со цела почит кон тебе, повозрасна си од мене - се повлекувам од дискусијата. Доволно беше. Моиве коментари воопшто не се шеги туку критики кон паничарките на форумот , дека без потреба се стресувате. Тебе уште на почетокот те сфатив дека се плашиш поради здравството таму, но не се за потценување, си има стручни лица кај вас и ќе се преброди вирусот како и секој друг вирус . 100 пати ви повторив да не се измачувате психички, но ете и ти си ме сфатила погрешно. Немав намера ниту да ви се исмевам ниту да се шегувам. Ти реплицирав на ист начин како ти што ми имаш реплицирано. Готово, не вреди да се повторувам кога обратно ме сфаќате во негативна смисла. п.с. само да ти одговорам на прашањето : да , на фејсбук што ги имам другарки од Мк тие си ставаат слики , опуштено на кафе шема , а од друга страна ве читам на форумот цело време тука сте под стрес затоа таков впечаток добив. ------------------------------------------------------ Го изгледав филмот Соник и приметив некои наши имиња кои вмешале прсти во филмот. А филмот си го гледав бесплатно онлајн тука https://lookmovie.ag/movies/view/3794354-sonic-the-hedgehog-2019 Оценка од мене 6 / 10.
НајФкусна ми е домашната македонска кујна само уште есапот да ми беше Фкусен и еФтин како дома така и надвор од дома, ех ех нема од сите убавини Ај отидов да гледам Бушава азбука Шантастична работа, нема што