Уште ова и доста... Не се плашам јас од нестручните тука, туку од капацитетите, опремата т.е недоволноста на истата. Просто не можеме да си дозволиме да ни се случи Италија и затоа треба да ги следиме препораките. Просто е. Ако ова е паника, еве не знам.... Јас конкретно тука на форум читам и извештаите од министерот. Ништо друго. Денес се излажав отворив ФБ, ама нема да ми се повтори пак док' трае вирусов
Претходно кажав дека се смеам на глупи ствари кога ми е најлошо. Денес гласно се изнасмеав на ова. Нема што поише да кажам за како се осеќам.
Го читам муабетот погоре и имав слични разговори и со други луѓе и сакам нешто општо да кажам. Паника не е еднакво со рационално размислување. Да седиш дома не е паника, туку рационална мерка што мора повеќето да ја преземат за да не ескалира ситуацијата. "Јас ќе се шетам се додека не настане комплетен хаос, тогаш ќе се затворам дома, а до тогаш ќе мијам раце рацеи толку" е не само ноншалантно туку и непотребно, зашто ако чекаме рапидно да се рашири вирусот па да преземаме радикални мерки, касно ќе биде. Без разлика колку е некоја земја спремна, ќе колабира, исто како Италија која со одличен здравствен систем не може да се справи.Ама , не може да се направи штета, па после да се мисли. Така и кај нас - ако мислите дека имаме малку случаи и можете уште да се понашате исто ко претходно, а ние будалите само паничиме, во ептен голема заблуда сте. Да размислуваш однапред за да спречиш нешто е паметно а не хистерично. Да се смееш како другите многу сериозно сфаќаат, "абе ај вирус е ко сите други", е незрело и неинформирано. Ако мислите дека медиуми пумпаат и лажат за да се плаши народот, барем погледнете официјални бројки или изјави на луѓе кои се моментално во Италија, а каде што исто така беше на почеток, со луѓе кои не се замараат и си продолжуваат сосема нормално со животот како да нема ништо. Ако не ви е гајле за вас дали ќе се заразите мислете на другите околу вас барем малку. Паника од друга страна е да почнуваш да смислуваш најцрни сценарија во главата, изјави од типот "сите ќе нѐ сотре вирусов" и импулсивно да постапуваш без мислење.Никој не го оправдува тоа а ниту е пожелно. Правете разлика, и: better safe than sorry.
Me ubiva ovaa samotija na svoi 23 godini bez nikogo sam doma da se vrakjam ubien od rabota sekoj den, mi fali dusa koja bi go ispolnila ova prazno mesto...
Сакам да ви се обратам на сите вас, ве молам немојте да се чуствувате лошо, да сте депресивни, да успеете да дојдете до праг на паничен напад! НЕ Секогаш кога ќе се осетите лошо помислете на мене, жена со дете во Венето чиј маж оди да работи и да обезбеди живот за цела територија, жена што знае дека во секој момент може да закачи Ковид 19 од својот маж, воедно и дете бидејки мојот маж МОРА да работи во вакви итни случаи, сетете се на повеќе од 30 000 Македонци што сме во карантин тука затворени до пред прагот, што бесусловно колку што можеме предупредуваме никаде и повеке да се случи Италија! На 60 милиони народ затворени во карантин најмалку до 3 ти Април. Сетете се дека сум добро, дека се држам сега за сега и дека успевам да црпам позитива од целово епокалиптично сценарио што ни се случува овде! Едноставно останете домаз, во двор, на балкон, на нетфликс или со вашите дечиња и пробајте да ја заштите цела држава. Толку многу ме боли ситуацијава во која што сум, толку и ми дава инспирација да им кажам на сите дека сме добро, дека се надеваме на добро, дека треба да го спречеме најлошото! Останете добро, нема зошто да паничите, од нас се бара и зависи целата оваа конфузија во светот, јас сум добро и ќе бидам добро. Се осетив многу лошо што прочитав икс персони колку им е лошо, не дозволувајте да се чуствувате лошо, нема потреба. Ќе успееме, ќе се избориме! Ќе излеземе и од ова како и од се . Се ќе помине!
@vitamina колку добра личност си, полна со верба и ентузијазам и желба да информираш, споделиш и помогнеш со совети во целава ситуација. Чувајте се тројцата најдобро што знаете и можете и остани силно женче и полно со животна енергија потребна за живот како што ти е никот
Вчера, ме прашува газдарицата дали ќе одам за Битола денес? И велам не. Пошто нормално чекам барем малку, од малку да помини се ова. И ми вели утре у канцеларија кај мене у 14ч. Сеа се прашувам дали ќе чистиме или ќе ми дава документи да средувам...... Алооооо! Гарант, ако и откажев ќе ми речеше ' а после се жалите дека не сте доволни платени, ова ви е како плус заработка' Е, до толку сме дегени. За подетални информации во текот на денешниот ден.
Толку глупости изначитав овде да му се слоши на човеќ.. Расипана плоча сте, тоа па тоа.Дај олабавете малце
Бетер од овие кои мислат дека вирусов е измишљотина се забеганиве параноици, да му се стужи на човека од толкаво утепување од земја ! Идеш на соодветната тема да прочиташ што има ново, да најдеш корисна информација, а читаш ти пишуваат, не смееш од дома да излезеш пошто којзнае кој ја дирал рачката на портата и неодговорна единка на општеството си ако не се согласиш. Па не сте нормални бре и не !
Добро утро - добар ден Времето надвор 10ка , сонце ни се смее , одма се осеќа позитивна енергија и мотивација за се. Гледам луѓево на точаци се рекреираат , па време е да палам патиките и да појдам до зоолошка. Кафичите како и по обичај се полни , а ред се чека пред турските сендвичари, гладни луѓе Ви имам кажано дека цел живот се водам по мојата интуиција ? И ќе продолжам така бидејќи до сега ме нема разочарано. Убав ден на сите со песната која е хит на фејсбук, сигурно сте ја приметиле, но не видов никој да ја постира на формот па еве јас Време е за бушавата азбука
@Herrera нека се угоди, ај нек е убав денов. Вака како петок ден во очи викенд убав е, ама па 13ти да ти бил, а се на вакви датуми малер ме бие. Како за награда за сите добрини направени во мојов живот на тринаесетиот ден од месецот паднат во петок во еден бар ме начека будучи мм Можда јас него му делувава вака по 9 корона Ама па он нa мене ми е се' и така Отидов да дезинфицирам што сум снабдила од надвор за внатре Имајте убав петочен ден и покрај 9те корона случаи кај нас и покрај 13от ден во месецов и следете ги сите мерки на претпазливост слично на мене. Спојлер
Денеска инспекција ја помина цела К.Вода,секоја чест.Никаде не напишаа казни,него само известувања,за гостилниците,кафаните,сендвичарите,дека после 18:00 часот не смеат да работат.
Јас пред малку се прибрав дома. Цел ден излезена, се извидовме со другарка од Бразил и дефинитивно надополнив витамин Д од сончевите зраци Пред малку седнав на нет, треба да се чујам со маж ми да видам до кај е он, па гледам пишала сестра ми дека ја откажале крштевката која беше планирана за во недела сега на 15-ти Март. Кумовите се жалеле , болни, со температура, кашлица , плус и малото качило 38, биле во болница да го боцкаат. Знаеш како велат ? Какви ти се мислите, таков ти е и животот. Епа немам намера да си го расипувам расположението,денес навистина беше еден од тие ретки денови кои ги поминав надвор. Ајде се гасам да се чујам треба со мојов. Покасно ќе ве читам
Изолацијата ме натера да размислувам без што се може. Без кои работни места апсолутно може да се живее. Измислени се за да се вртат пари и да работи народ. Колку луѓе може да работат од дома. Нема потреба да се плаќа кирија за деловен простор, да се праќаат деца во градинка, да се минува сообраќајниот метеж секое утро, кога може да се работи од дома. Колку услуги може да се добијат електронски. Конечно може да се извади електронски извод, дочекавме во 2020. Колку непотребни активности имаме секој ден. Кафе, пауза, долги состаноци, во гужва сум, излегувања, изложби, кина, театри... А се живеело и без да се излегува секој ден! И колку работи може да направи човек додека е дома! За некој кој цело време е во гужва и сака да биде секаде, ова се значајни откритија
Инспирирана сум од постот на @Ariel Секако, не е баш пријатна ситуацијава. И верувам дека сите едвај чекаме да заврши, што е можно побрзо и со подобар исход. Оние што имаат шанса деновиве да поминуваат повеќе време дома, можат да го искористат тоа на најдобар можен начин. Јас ја насочувам енергијата на креативна работа. Пишувам, размислувам, со часови слушам музика, малку го одмарам мозокот од секојдневниот метеж и хаос. Почнав да читам две книги што долго време ги имав заборавено во компјутеров. Така времето ми поминува неосетно. Отсекогаш ми биле чудни луѓето што не сакаат да поминуваат време дома. Има многу што да се прави. Многу активности на кои сме заборавиле поради секојдневното брзање.
Инспирирана од @Ariel , Ситуацијата ме натера да размислувам, колку сме не самоодржиливи, зависни од продавници за леб и млеко и ананас и краставица, и од работа, и од плата, и тн. Усвари одамна го размислувам ова, ама не сум спремна да се фатам за земјоделие. Во следниот живот сакам да бидам Амиш. Следниот пат ќе бидам поспремна.
За @vitamina која несебично не информира директно од најкритичните места и добиваме информации од прва рака. За @1209 , големината на човек се мери во тоа колку е несебичен. Малку луѓе би го направиле она што ти го направи, а за тоа имаш еден поклон од мене. За @prominent која иако има толку голема анксиозност, успешно успева да изнуди насмевка и кај тие најиспаничените. За @koritsaki и @Yowannty , држете се девојки, идат подобри времиња. За @malerozna , ќе те убијам со тоа статистиките најсериозно сакам да те утепам некад коа те читам, ама секоја чест што женски се држиш во жариште. И сите кои ненамерно сум ве изоставила. Вие девојки сте моите real life суперхероини, денешниов rant во СДК иде во ваша чест. Не мора да носите cape, доволни сте и вака.
Некогаш се затекнувам каде што помислувам што сѐ сакам да научам во животот, за веднаш после тоа да ми текне колку е тоа премногу за еден живот, и потоа се разочарувам и се враќам на мојата прокрастинација на реалните обврски .
Не можам да ја разберам опседнатоста на американциве со гориво. Состојба на криза ради корона, а една од нивните преплраки е - fill your tank with gas. Wtf?! Од сите земји на светот, само нивната гл има овој момент.