Судејќи според роднини и неколку нивни пријатели, не ми се допаѓаат новите генерации (20 години и испод). Дрски се, пратат некои „уфилмани" странски трендови, немаат скоро никакво чувство за одговорност или критика за своите постапки и нивниот збор не значи ништо, менуваат мислења и ставови како чорапи . Знам дека е генерализација и дека има вакви луѓе од секоја возраст, ама и самото „ok boomer" движење ми го потврдува тој впечаток, како на глобално ниво да се губи почитта, особено кон постарите. Не дека сите постари се за почит, ама не знам, некако не ми е по вкус таквиот став и однесување. Можеби е така дека повеќе сакам скромност отколку ароганција и преголема самоувереност (до степен да се нема самокритика) . Свесна сум за иронијата бидејќи секоја генерација вели дека „новите генерации" се сѐ полоши и полоши, ама и мислев дека ќе го добијам ова чувство многу подоцна, кога ќе имам сопствени деца тинејџери/адолесценти . Можеби и го имам тоа чувство дека СЕ на таа возраст, „најпроблематичната". Тешко мене кога ќе имам деца тинејџери, воопшто не се справувам добро со ваков тип на однесување, дрскост и неконзистентност. (А и зошто побогу размислувам за ова? Далеку сум од ова! ) Некогаш се чувствувам како да имам стара душа. Оф, доста е со overthinking на оваа тема (за денес). Патем, сте го откриле ли македонскиот еквивалент за overthinking? Премногу размислување?
Мене карантинов супер ми доаѓа да седам дома без грижа на совест, а и да откачувам луѓе. Неделава што се исчисти се исчисти по дома. Цел викенд ќе си го помонам во разговор со себе, ќе се убијам од читање и гледање филмови, а бога ми и за саморефлектирање.
Добро утро народе Темава ми е најомилено катче во форумот , затоа не ви мрчам во другите посебни теми, туку тука редовно пишувам. Читав вести од балканот , плус ве читам на форумот посебно темата што последно си купивте, баш ми е мило што ете излегувате на шопинг , и оп да се пофалите на форумот дека не седете цело време дома, не сте во паника Врмето надвор пак облачно, а таман му се радував на сонцето вчера Но , тоа не значи дека нема да излеземе надвор , нели ? Вчера до касно правеа журка во маало, па главата ми е малку тапан , да допијам кафето и палиме патиките до најблискиот парк на трчање. Останете во добро расположение и позитивни мисли во глава ( нема потреба да се стресувате за умирачка , смртта секако не ви бега, само на кој кога му е пишано ) Аривидерчи до покасно
Ова карантинов зезната работа,дали да се чисти,да се учат рецепти (зборам за себе како маШ),дали да го качувам наталитетот хаха.Али нешто секако ке се прави
Апсолутно дааа!!! Не знаеш ама ми е убаво. Кога викам дека ќе умреме од овие соушл батрфлајс и екстровертите... Еве колеги сабајлево ме викаа да си правиме скара у двор кај една колешка у близина на Скопје. Дел од мојата фамилија се во планинска куќичка, да се изолирале и да дишеле воздух 10 души у 30 квадрати... Другарка ми организира муви најт. Она кое спасува да го откачам нив и нивниот коментар - деее бе па ти е моментот што бев со температура, па на конто тоа се вадам и уживам.
По природа сум интро-екстроверт и секако сакам да се дружам со помала група на луѓе хаха на не речам со еден или двајца и обожавам да си седам дома сама. Од др страна сакам журки, собиранки, музика, кафана. Поради тоа сум си и анксиозна. За среќа ми се подобри ситуацијата со терапија и одење напред во животот, колку да е тешко. Е сега, оваа изолација ми падна премногу тешко па искрено и си излегувам од дома бидејќи не сум баш човек за толку саати да седи дома сам. Буквално. Не одам на собиранки и такви ми ти ја ствари, периодов
Ова карантинов ќе ме убие не дека сум 24 саати надвор ама да не можеш да излезеш и да се пазат од тебе сите а и ти од нив ми е зезната ситуација ... ќе се активирам повеќе тука па и овие кај мене дома само тоа зборуваат
Ако чекате ред за соблекувална во продавница, а некој внатре игра и си свирка на песната што моментално свири на радио, да знаете јас сум.
Шо се праат сите налудничави, као демек прв пат у живот седат дома за време на викенд. Кутрите тие. Па не знаеле што да прават, па леле види ме читам книга, гледам серија, леле вау. Сите драматизираат желни за внимание, а на мнозинството животите им се ионака предосадни и у принцип ништо посебно не ни праат, како и да е.
FX3X постои некои си 23год а во последниве 10 години работат ептен активно и во многу холивудски филмoви имаат замешано прсти. Последниве 2 год работеа на 20тина проекти, правеа дури и дел од ефектите во Годзила.. Работеа и дел од за животот на Пи и уште 2 други кои патем добија оскари за анимација.. Еднаш и јас имав прилика да добијам покана да бидам дел од нив..а јас глупа реков Не Е сега што сакав да кажам, тотално заборавив Ама ќе ви кажам да седите дома. Не надвор, не во кафич, не на скара кај комшиите. Дома. Ако вие сте здрави, не го ризикувајте животот на останатите во заедницата Е да ..сакав и ова да кажам.. И ќе видиме колку ќе се смеете кога ќе треба да одите во маркет следен пат И да... Не доаѓајте аман заман во градов. Дома седете. Не мора да ги земете децата и правец кај нас во природа. И уште нешто ќе ми текне до после така да си знаете
Не си пропуштила ништо, искрено. Од тоа што јас го знам (овие информации ми се пред неколку години) условите им се никакви, платите македонски, само името звучно. Маж ми исто така имаше прилика да работи, не отиде
Па на времето и мене ми го кажаа истото, тоа беше пред 6 или 7 год а кога отидов да се видам со нив условите за работа вака на прв поглед не ми се допаднаа, али си преќутев за тоа. Мене ми беше чисто онака од сатисфакција, сигурно е интересно да си дел од некое парченце филм што добил оскар за визуелни уметности или како и да им е тој називот Тогаш имав други буби во главава, некако подобро излезе.
Во некои дамнешни времиња некој уште попознат лекар рекол Ars longa, vita brevis и ич не погрешил. Така да луѓе без осет за вистинските вредности на уметноста не ги признавам за такви. Денес колку и да се изнапеав, изнаслушав позитивни песнички за добро расположение, ме раздрмаа звуци на хеликоптери и бесни мотори. Ај едниве ги разбирам заседава кризен штаб, војската растрчана насекаде, ама другиве адреналински будали каде брзаат а? Море фати избуши гуми, акни лисици, стави полициски час Нема лабаво Заради некој таму што не знае кај тера сите ли да страдаме? Епа нема