Конечно телефонот го оправив, но одиме сега обратно. Јас си одитов надоле, многу надоле. Ако ме допрете со компир, сигурно ќе пукне од жештина, викам јас. А ова грлцето баш во лето нашло да станува црвено. Па, како и секое лето, збогум сладоледу, збогум салатички. И така, сега уште збогум на апчињата треба да им кажам, но не ќе да сакаат тие. Блаа, сикнес аѓен. И така, додека некој да рече:" Здраво женска, ај да јадеме", јас ќе се искашлам два-триесет пати, ќе се замотам во ќебето (на 30 и кусур степени, релна ќе се праам) и ќе си пуштам телевизија. Оууух, мразам чаеви, но мора. Ајмо врела водичке, кам хиер. И така, по нормала, ќе отидам на 5-6 инфузии во Септември, колку да ме знае цело школо дека сум болна, и оп, за два дена, жива здрава. Али у лето мора болест да ме ск'ца без да мине.
Ќе сфатиш колку работи имаш дома, кога ќе се селиш. Три вечери по ред со татко ми пакуваме до четири саат сабајле и уште е полно. Не знам работиве во Скопје каде ќе ги ставиме, кога и таму е цел стан полн.
Многу ме иритира моментот кога образован дечко, академски граѓанин, со просек 10 во факултетска диплома, нарекува некој од село 'сеЉак'. Значи селанец е индивидуа која живее во рурален крај, т.е на село, а сеЉак е индивидуа со недолично однесување, од типот-пијан како свиња, секој викенд е главен иницијатор за немири ( тепачки) по град, ја заморува секоја девојка со неговиот IQ ( кој грубо пресметан е сеуште во негатива на оската), негов лозунг му е Боље бити пијан, него стар.. ** Ви посакувам убав, најубав ден пријатели! И ве замолувам и вас, не правите вакви класификации не луѓето. Не е битно од каде поттекнуваме, туку што носиме внатре во нас. На крајот од денот, сепак сите сме луѓе со исти потреби и преференции.
Инаку, http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika ... oobrakajka се наежив Криво ми ееее и тоа осми месец била беее
Кафе ти се пиет ами Озбилна, тоа не иде кога сакам, не по нарачка.Ајде мор, ќе го разработиме бизнисот, ќе ми бидеш асистентка. Ај почекај ме, долазим на кафицу, станата сум мор
Луѓе, голтнете си ја гордоста, нема да ве здебели. Не сте ни свесни што се сте пропуштиле поради гордоста. Некогаш и треба да покажеме знаци на слабост, да не се плашеме да побараме помош. Тоа не не прави послаби како личност, туку одноставно покажува дека сакаме да исправиме нешто а и знак на храброст.
Еве ме и мене повторно назад. Се вратив одморена и исунчана. Велат човек се навикнува на се`,па така и јас за овие неколку дена се навикнав на морето и средината.Сепак дома си е дома!
Го знаете она чувство кога имате премногу работа, а ве мрзи да станете од креветот, па дури и да гледаш во празен ѕид ќе ти биде интересно. Безброј мисли, а мрзата најдобра пријателка. Мрзо, не те сакам повеќе, иш, оди си. Скарана ти сум.
СДК мојата теорија да градам сама мислење за луѓето кои ги запознавам без да прашам никој одоколу за нив, повторно ми потврди дека згрешив. И по незнам кој пат преценив некого, ама ако.
Не знам стварно што ви пречат сликите од коктелите што ги става Summerlover. Ај да речеш да беа некои слики со девојка загледана во далечина и некоја жалопојка напред на сликата. Додека читав, тоа некако беше како освежување на темата. Не гледам зошто би ви пречело. На првото мислење пишува сликите, видеата, цитатите да се ставаат во соодветната тема, и добро сега, дај нека стави сликата од коктел во Убави слики, а песната во Текстови на песни. И така е поарно, а? Според мене, мислењата на Самерка со коктели и песни повеќе заслужуваат да стојат во темава отколку „ај на кафицу, ти реков ми рече“ Или па, ај како сакате, читајте си ги ваквиве работи штом ви се толку интересни. Петиција: Самерка да продолжи да става слики од коктели Спојлер За инат
Не си згрешила ако не се работи за мислењето на твоите најблиски, ќе згрешиш ако градиш мислење за некого врз основа на туѓо мислење, односно дали со прашување на пријатели или слично, гарантирано ќе згрешиш, бидејки секако дека нема да ти кажат позитивно мислење за други луѓе.Најубаво слушај се самата себе си, најдобро
Изминатиов одмор мислам ми беше најдобар и одмор кој што ќе го памтам до крај на животот. Најмногу ми е мило што запознав некои деца, со кои што ќе продолжам да се дружам и после одморот, а животот без пријатели не е вреден. Сепак убаво беше на одмор, ама како дома нема никаде, свој кревет, се твое, навикнат си што како, со заврзани очи да одам низ дома се ќе си најдам и ќе стигнам кај што треба, а на одмор тешко ми беше да спијам, тешко се привикнувам да заспијам на друго место. Море, плажа се тоа убаво си е не викам не, ама сепак здосадува, а и должноста во Скопје повикува. :geek: Си го земав и сведителството од кај баба ми и дедо ми, дедо ми го зема јас не бев во Македонија зошто, а и искрено не ни сакав да одам во школо, се сликале јас само не сум таму и уште две деца, паднавме одделение , просек 4,83, заради екстерното, ама добро оваа година бев послаба за разлика од лани. Чудно е како една година може да те промени, си ги читам старите мислења, колку сум размислувала на друг начин... Денеска сме 30ти, за точно два месеци и 13тиот роденден, лета времево, додека се свртиш поминал месецот. Повторно и времево нешто се мрднало, ова дека јас си дојдов изгледа хаха. Да уживаме во летото, имајте убав ден исполнет со среќа и без грижи.
Одамна ме немало низ темиве, седнав денес решив да ги разлистам сите теми. Но пак не ми е како порано. Се извинувам ама така е Како и да е. Сакав да кажам, полека се ми се средува во животов. Работен план - Покачено Љубовен план- Дупло покачено Друштвен статус - Тродупло покачено Слободно време - Што беше тоа?
СДК разделбите се тешки, а далечината ја убива хемијата. И телефонскиот разговор никогаш не е достојна замена за топла прегратка.
Во последно време се почесто ги слушам луѓето како се жалат немале пари . А веќе следната минута тема на муабет е одморот во Грција, Турција, Бугарија... И тоа не по еден одмор годишно. По 2-3 обавезно. Што за нив претставува немање пари стварно не можам да сфатам. Преку глава ми е да слушам како кукаат ,а се утепаа од шетање на викенди, одмори, базени , излети постојано. Знаете што е да немаш пари ??? 4 години по ред да не одиш на одмор. Секое искачање да ги броиш парите во новчаникот и глава да те заболи додека да искочиш. Имам дечко скоро 3 години. Со него не сум отишла ни на ниеден викенд. Не можам да си го дозволам тоа со овие мизерни примања дома. Ми плаче срце кога ќе видам и плажи и коктели и уживанции на прекрасни места од тие луѓе кои секој муабет им е сиромаштијата и немањето пари. Модерно е само да кукате или што ?
Ми се стемни кога ги слушнав едни момиња како оговараат за едно кутро моменце кое нема едно око. Се шетам јас со мајка ми, а тие девојчиња позади нас. Се завртив назад и ги гледам покажуваат со прст накај моменцето. -Ллеле, види како ќе ги распоредам селаните. На прво место е, селанче. На второ, сеЉак. На трето, селанчиште. На четврто, селандура. На петто, девојчето без око. -рече едното од девојките. Како сум се изнервирала.. Отидов кај нив и му реков дека не е убаво тоа што го зборуваат за девојчето. А на тоа добив воздрат - Што ти е гајле тебе ние за кој зборуваме?! Си ставив крст на главата и си заминав.