Не коментирам повеќе. Се прашувам како може на јутуб да има по цели програми за вежбање , ова. Бесплатни канали, online учење. а кај нас се дешава. Несолодарно. Спојлер Дечки бидејќи online тренинзите ги правиме за нашите верни вежбачи/клиенти кои вежбаат кај нас, а во групата има и други членови, а и нон стоп денес и вчера ми стигаат барања за вклучување на луѓе кои не се членови на FITLIFE, одлучивме да ги бришеме тренинзите следниот ден. Значи мојот тренинг од вчера ќе го избришам сега, вечер од Елена тренингот ќе го имате до утре наутро, па од Ивана потоа до следен ден и се така… Размислував и за опција да направиме малку по затворено, но со цел да биде поедноставно за вас ќе остане вака. Се надевам дека овој наш подвиг нема да биде злоупотребен, затоа што ова го правиме за Вас <3
Исто колку што ние загрижените ве иритираме вас исто толку и вие кои ни пикате на сила позитивност не иритирате нас. Така да мислам дека треба да се престане со тоа ајде излезете и бидете позитивни и бла бла детски глупости. Исто треба да се престане и со тоа види ја загрозува се со тоа што решила да излезе и да се навредува таа личност или пак да се расправате со неа. Стварно не ми се отвара форумот. Аман.
Јас точно една недела во изолација. Си фатив грип баш кога најмалку требаше, непосредно пред целиов хаос да избувне. Страв ми беше да не грипосам некој друг, а сега ми е страв да не закачам уште нешто. Барем конечно ми се враќа сила и сетила, се немам грипосано 15 години, баш годинава мораше. Не дека нешто многу ми менува карантинов зашто работам од дома со години, ама навистина се надевам дека ќе се вратат работите во нормала, целава ситуација на моменти ме плаши. После цел ден гледање Nickelodeon и јадење ананас, време е да удриме на нешто солено. Не ќе е лошо да се фатам за вежбање, и онака по цели денови дома, да не излезам од карантин со меше.
Со месеци се занимавав со глупави обврски и небитни луѓе, сѐ со цел да си ги блокирам чувствата. Но, деновиве изолирана од сите, без воља и без потреба да правам нешто, морав да се соочам со себеси. Конечно испливаа сите потиснати емоции на површина. Си признав на себеси дека сум осамена и скршена и сфатив колку ми е потребна љубов во животот за конечно да заживеам.
Сме биле сите таму, некогаш и кога ќе имаш сè се чувствуваш така, без причина... И после се чувствуваш уште поглупаво и неблагодарно...
Вие шо хордате гз папир... Едино ако немате бункер у двор ископано и таму ќе се карантиносате - знаете дека гзот со вода може да си го измиете, така?!
Да ги пофалам КАМ маркет у маалово, не пуштаат повеќе од 10 души во маркет и не дозволуваат повеќе од 3 исти работи да се земе.
Олеее олее олееее, каков топол ден надвор, лето , милина Се очекува деновиве да достигне температура од 18 степени, јухуууууу Време е за прошетка во природа и секако во здраво тело - здрав дух.
Мило ми е што има вакви девојки на форум сѐ кажано е на место. За жал, непотребен страв, тотално различен од превентива.
Пар патува сабајлево од Ск до Германија и директно од аеродром одат по кафиња и гости. Со пиво седнале и пишале да се дезинфицираме. Околу нив и мали деца. Биле на два аеродроми и 2 саати во авион. Гужви и луѓе, и наместо малку да се изолираат тие на гости кај деца одат. Животни повеќе осет имаат ама ај...тие си знаат.
Не заслужуваме ние да се нарекуваме „луѓе“. Мир, толеранција, почит, соживот, љубов, емпатија, човечност, за нас се само термини кои не знаеме да ги употребиме во вистинскиот живот. Знаеме само за уништување, омраза, себичност, војни, насилство, желба за моќ. За жалење сме.
Викендот сум опседната со Мир - Јам, благодарение на мајка ми. Толку, романтика и љубов немам видено, нежност, милина. Ете тоа ни фали, женски.
Јен, два, јен два, браво народе , максимално да се искористи сонцето Како сте народе ? Почнавте ли ширите позитивна енергија или треба да ви пратам јас ? Нема проблем, еве ние денес вака во природа , излезени и млади и стари. Уз пат сретнав едно девојче и ми текна на @dunika ајде жено чекаме да се породиш да засилиш позитивна енергија на форумот Времето е многу топло, го знаете она чувство кога ќе се испотете, истрошете, јен , два, јен два па еден туш и ко преродени. Е затоа и ве советував да идете во природа И така народе, немојте да бидете намќори , ајде малку ширете позитивна енергија
@cresa-jagoda , Црешке , денес ти ме праша колку инфицирани има овде .....еве пред саат време стигаат вести дека 150 души се инфицирани во Штутгарт и советуваат да се избегнуваат социјални контакти инаку ќе летаат казни од 2 години затвор. Но, тоа не значи дека штом кажале така сега треба сите да паднеме во депресија и да се полнеме со црни мисли нели ? Баш ќе видам од утре дали ќе има толку раздвиженост низ градот оти денес сеуште е полно. Искрено, ниту се плашам, ниту се потресувам , обично се потпирам на мојата интуиција да ме алармира, но се осеќам баш смирено и со смисла за хумор , го нема тој внатрешен глас да ме заплашува, затоа ви делувам како вештачки да ширам позитива, но воопшто не е вештачки.....еххх дај Боже да се осеќате и вие оптимистички како мене и оној мал број на форумџики кои не се потресуваме. Ете така ,продолжуваме да шириме позитивна енергија П.С. Ако ме снема од форумот да знате дека сум отишла во затвор Буууууум