Yes of course , ти за што си расположена ? За карање ли или сакаш да се дружиме ? До што ти е дојдено ? Или за чет си па да се префрлиме на четот
Се согласувам. @Herrera и јас постојано те читам и ми се допаѓаат твоите постиви но што е претерано претерано е. Ти пиши си дека си излегла океј ама не мора да викаш дека делиш позитивна енергија затоа што наместо тоа делиш само енергија која прави да се чуствуваме присилени.
Баш напротив , истото го правам како дел од форумџиките кои ви велат дека нема потреба да се стресувате , зарем има потреба без потреба да се пишуваат постови од овој тип за заплашување ,,, па што ќе си помислат тие депресивни и анкциозни членки ? Ете пример @NarCis@ се обидува да се дружиме и гледа дека не идам во нивната тема каде си четуваат, ,,,,но мирна е , секако не ја сфаќам сериозно неа , но тоа не значи дека не ја сакам , имам позитивно мислење за неа , се имаат издешавано муабети од минатото каде се шегувала и затоа не можам да и се лутам. Исто како што си го почитувам @Mr. Right он е замена во вашата тема , исто како јас да ве дружам, он во мое име ве дружи и си ширите позитивна енергија И пак ќе речам секој си има право да пишува свои ставови. Никаде не се вреѓа некој , ниту посебно да е тагиран и да се пишуват лични инфо за него,,, значи шириме позитивна енергија
^Море у светов има толку непознати на слики на блогови,инстаграм,ни тагови,ни дозволи ни ништо. Нема за што да се фати човекот,па се фаќа за глупост. Како не ви се смачи да се карате за глупости?!
Позитивна енергија во ситуацијава е слика од седење дома и читање книга, гледање филм, месење кифли, ватевер. Ти не шириш позитивна енергија, ти си потенцијална ходајуча зараза. Од такви "позитивци" се случи тоа што се случи во Италија. И они имаа слики како се шеткаат, скијаат, шират "позитива".
Никогаш не би сакала моето дете да биде објавено на форум без моја дозвола.. и не се глупости!! Добро е што @Herrera има побарано дозвола. Еве и јас ја гушкам.
Не се караме лепотице , се дружиме ,,,,, ете ме читаат форумџиките и сакаат да се дружиме па мора некако да се почне муабет. Не се лутиме ,,,, баш ме радува да се покажат во јавно светло членките ,,,, па не можат да бидат светици цело време некои нели ? Затоа си се сакаме такви биполарни едит : @Bridget , споделувам што се дешава околу мене , слободно ме критикувајте , не можам да глумам дека луѓево седат дома кога сите се излезени. Знаеш дека мразам глумци. Ајде испразнете си ја душата , тука сме јавно да ве читкаме и виртуелно да се дружиме со сите наши маани.
Верувај дека навистина ја прашав мајка и, имам направено во животот таква грешка пред година дена па ми стигна казна дома бидејќи без дозвола сум се приближила и сликала. Верувај , се учиме од грешките . Гушки Гушки и за @buba4e89 која ја сфаќа цела ситуација
@Herrera јас апсолутно те разбирам и ок е да бидеш позитивна. Но, не е дека другите се негативни и намќорести и затоа седат дома, туку се претпазливи. Не е само поради тоа што се плашат од вирусот. Многу луѓе вработени во угостителство во Македонија или трговски центри ќе земат преполовена плата за месецов, а од нареден не се знае, дел од нив може ќе бидат и отпуштени зошто претпријатието не може да носи толкав терет да не работи, а да си ги плаќа вработените. А мора да не работи. Такви се мерките. На тие луѓе со неизвесна иднина не е ок да им кажеш да се прошета на сонце. Не му е ни најмалце до шетање и позитива, не е дека е намќор или се плаши од вирусов. Друго, точно е дека повеќето од нас и да фатиме корона ќе ја прележиме, затоа што сме здрави и млади. Температура и кашлица не дека не сме преживеале. Ама ако не дај Боже се прошири, а се шири екстремно брзо, Македонија има само 120 респираторни апарати и во тој случај не за секој повозрасен и хронично болен би имало простор во болница и не секој ќе ја добие потребната грижа. Последиците од тоа не сакам да ги коментирам, а гледаме по светот дека се фатални. А не сме Кина, болница за 10 дена да изградиме. Затоа останете дома на безбедно, да помине кошмаров, ќе имаме време и за прошетки и за позитива, сонца и пролет ќе има, не е последно.
Добро, извини. Жими се најмило те обожавам со цврст став жено, тоа е таа сигурност , продолжи само така, еве јас од овој момент па се до наредна недела нема да ви зборувам на таа тема штом ве провоцира , ќе гледам во опуштените теми да пишувам. Ете така, се разбираме ко луѓе. ЕДИТ : @MarigoldA , извини, нема да ви зборувам на тема корона вирус следните денови. Многу ве сакам кога на културен начин ќе ми посочите дека ви пречи . Нека учат оние некултурните како треба да се однесува човек на форум, без да шират змијски отров.
Така спомна Венко на прес. Изгледа и ново порачаните ги рачуна а и тие од приватните клиники што се понудени. https://tv21.tv/mk/filipche-ima-120-respiratorni-mashini-nema-mesto-za-panika/
Уствари пред два дена кажал дека има 8 и дека наредната недела ќе стигнат уште 50, со намера да се порачаат уште 50 за понатаму. За два дена се појавија уште 112.
Е ова што коментар ти е ,@Herrera имаше само добри намери ама тоа е кој како го сфаќа.ти кажа не ми пиши негативно во превод а не дека си намќор од кој треба да се бега.
Знаете што велеле старите порано? "Покриен газ никој не го плука, и Наведната глава сабја не ја сече" е сега гледајте и правете