Земавме брашно некое килце поради ситуацијава и денес мајка ми замеси кифлички за не дај боже. И недај божево денес беше. Ене ги, ги нема веќе.
Она што може да го изедете денес не го оставајте за утре(мала шала).А и може баш денес ни се јадат .Штета што неможам да јадам ништо со квасец ,на тонус леб сум заради алергија,иначе ќе си направев.
Како човек што беше 2 години на тонус и 1 на двопек, скроз те разбирам како ти е и низ што минуваш, пошто и јас бев така. Ти испраќам поддршка да издржиш во овие тешки времиња. А, потоа бујрум на кифлички.
Фала на покана ,ќе дојдам.Оставив се од тестенини и ослабев ,а за кифлички сум за во секакви варијанти големини и форми и со многу сусам❤️
Апропо на муабетот за кифличките. Јас не кифлички ама шо најдов дома изедов. Што е тоа залиха и чување храна за наредните денови? Ми делува како екстремен спорт да видам дека имам толку храна дома и јас да ја одминам и да не посегнам по неа...
Исто. Го пишувам ова јадејќи крем на двопек намачкан. Мада не дека имаме залихи ние, ама седењево дома ме тера да јадам нонстоп.
Мене малце мир на душа ми дојде, се искукав на колега од Хрватска, и ние тука, и тие таму, си ги кажавме маките карантински. Искрено чекам да се расплачам, некако ми се собира од целиот притисок околу мене. Цел ден гледам вестерн филмови и се немам мрднато од кревет, некако добро ми дојде. @Sejfullai @Dream-Girl @Billy Idol јас немам кифлички ама правев палента и еве непримерно јадам во кревет.
Читајќи ги коментарите по фејсбук, ако се прошири коронава, ќе биде ради верниците ако под итно не се затворат цркви и џамии. Видов баш слика од сабајлево на една страна на фб од собрани луѓе во црква. Кој сака нека се осети лошо што му набивам вина. Џабе се пишува седете дома кога овие повторуваат едното исто по сто пати- дека од причест никој не умрел, дека темјанот дезинифицира и убива сѐ, дека кај што е господ болест итн итн. Ама да им стане нешто... е тогаш ќе трчаат по болници и Филипче ќе им биде крив.
Како и секогаш, срцево ме охрабрува, разумот ме задржува. Знам како треба да постапам, но тоа што го бара срцево е нешто друго. Вечната битка во која однапред го знам победникот.
@hermosa како живееш без тестенини, како ги остави? пустите ги обожвам а знам дека треба да ги тргнам...
Не живеам ,преживувам без нив.И апетит ми се намали и се од алергија . Инаку,се решив цврсто и се откажав ги тргнав настрана да не гледам оти ќе паднам во искушение.Треба цврста волја,лесно е во суштина
Значи, ја гледам When they see us и не можам, значи, не можам, прежално е и се осеќам претажна и прегневна и немоќна колку животот е пресуров и пренефер со тие што не треба... Не можам, аххххх
Не сакам и не можам да ги разберам скоро сите луѓе деновиве. Едни се испаничиле ко крај на светот да е, па трчаат по маркети со полни ќеси и само тоа се збори многу ќе умреле Други седнале и пишуваат на социјалните мрежи користете гел за дезинфекција на раце, не искачајте ОК е, да се појави некој вирус. Но може и да не се купи пола маркет одеднаш, може да се помине и без муабетот дека сите ќе умреме и најважно нема потреба да се пишува совети на социјалните мрежи и да се дели памет, има медиуми што известија и тоа е доволно. И најважно каква е таа глума луѓе, ова мене ми е комично веќе. Муабети од типот нема кај да одам на кафе, како е да се седи дома , не можам да издржам дајте совет , предлог филм или книга да не полудам од досада ОК може малце без глума, и пред да биде вирусот сте дремеле дома, и сте ги правеле истите работи што ги правите сега(само тогаш било срамота да се жалите, сега е ИН). Еве и јас ги правам истите работи ко и претходно си мијам раце редовно, не кревам паника и не делам памет
Утре морам до работа со бус, уште сега се нервирам што морам да одам. Дали некој користи јавен превоз ве молам. Во паника сум...
Ги дезинфицираат секој ден, почисти се од обично, нема многу гужва со оглед на тоа што не се возат ученици и пензионери...Кога се симнеш право миење раце и не е толку страшно