Од вчера ми почна одморот, 10 дена одмор(од 1,2 и 3смена) залудно ќе ми пропаѓа. Ми го откажаа летот за Виена. Затворија све живо, диво и брливо. Па згора на се и дожд врне. Неможам ни до планина да прошетам. Анксиозност левел оувр 900000... Не сум човек што седи дома и одмара, хиперактивна сум, или работам или шетам, патувам. Или одам теретана и пешачење. Па затоа сето ова што се случува сега ми натовари огромен стрес, мислам дека психички ќе страдам овие денови, ќе полудам дома бидејки ни друштво нема сите се исплашени. За 2 дена филмови изгледав, книга читав. Генералка дома чистев. Ма не оди, мисливе ме убиваат. Знам дека звучи клише муабетот, ама дека баш сега ми е одморот, а неможам ништо корисно за мојата душа да направам, ми е мака многу. Mood: Домашен притвор... море и полошо од тоа е. Јас како најголем антипушач почнав и цигари да палам од досада и пивце да се напивам. Жал ми е и за сите вас што така се осеќаат, жал ми е и за заболените од вирусот. Останува да бидеме психички и емоционално силни и да го пребродиме досадниот и анксиозен период. Иако за некои не е досаден периодов и имаат убави занимации, мило ми е за таквите, мене ми се скршија многу желби периодов и морав некаде да го споделам ова чуство што ме измачува. Посакувам да ме снема на 15дена, да паднам у кома и кога ќе заврши сето ова да се разбудам пак. На ништо да не се сеќавам.
Секоја чест за сите луѓе,кој гинат и даваат се од себе,во овие тешки денови,со овој грозоморен вирус,само бидете здрави и живи,ви се дивам
Женски, може кажав може не, пред месец дена ме побара дечко ми за жена, сакавме се да се случи брзо, овие месеци (не сум, трудна) и сега нашево испадна љубов во време на колера. Како и да е, регистрацијата ја презакажавме за мај, свадбата за септември, а веридба ќе има кога ќе стивне ова се надевам. Јас сум здрава и лесно ќе поминам, ама оние што ме пораснале и направиле човек не се ни здрави ни млади, не им треба ова. Ќе ги дотолчи. Ве молам ако коронава ви е заебанција, или се надевате дека ќе продолжи за да не одите на работа, помислете на вашата баба, дедо, постар родител и замислете дали сте спремни да живеете со мисла што ќе ве јаде и гризе доживотно поради вашата неодговорност, несериозност и себичност. Ве молам. И заштитете ги некако, старите, барем кај мене ептен несериозно ја сфаќаат ситуацијава, баба ми на пазар ќе одела, тоа се и се забрани, дома кај неа се направи дезинфекција, кога одиме кај неа не се гушкаме и бакнуваме ко порано, онака подалеку здраво, знаеме дека се сакаме и без прегратка. Јас, се трудам што повеќе да се заштитам себеси, повеќе би рекла да ги заштитам другите од себеси. Пазете, има време и за кафиња и за шопинг, ќе помине се ќе шетаме, ќе се собираме и ќе се забавуваме. Кога сме веќе кај старите лица што ми беше и првата поента за постов, ама забегав со муабетот, јас обожавам стари лица, сите ги сакам, ги почитувам, помагам, кога сите ќе заборават дека постојат секогаш сум јас тука да ги потсетам дека и тие се битни и сакани. И тоа го правам не само за моите. Никогаш нема да ги разберам луѓето што ги отфрлаат и забораваат старите луѓе, душата ми се кине кога ќе ми каже некоја бабичка дека има само еден син и две внучиња, ама скоро и никогаш не доаѓаат да ја видат.... Поради тоа, дефинитивно решив и сакам на мојата свадба место букети и бомбоњери или уште полошо грепки боже господе па и да молам за да ми носат, сакам гостите да донесат нешто со што ќе можам да ги израдувам старите лица во старски дом. Бев, видов колку се осамени и тажни, и пресреќни само ако им упатиш поглед не па да седнеш да разговараш со нив... Мозгав цели неколку ноќи, ама не можам да смислам што би било тоа материјално нешто што некој може да ми го даде мене а јас нив за да ги израдувам. Ве молам, ако се сетите на нешто пишете ми одма, ако имате добра идеја ако треба и ќе ви се оддолжам!
@irrelevant Можеби наместо грепка да донесат нешто како картичка/честитка со посвета за старо лице. На пример, да напишат што ценат кај нив, колку им значат старите во нивниот живот, нешто такво. Потоа можеш да одиш и да им ги дадеш или прочиташ на лицата во домот. Не знам што материјално, ситно и практично би можеле да донесат освен да донираат во некој старечки дом. Верувам дека и мало внимание можеби би ги израдувало.
@irrelevant, се согласувам и јас со @Bezimenka90. Можеби би можела да истражеш и да се распрашаш што им недостига на луѓето во старечките домови, па или тие пари од свадбата да ги искористиш за да им го купиш тоа, или директно да ги донираш парите. Сепак, како што сум скептик јас со нашиве институции, попрво би ти рекла да им купиш директно нешто. Како плус, може да побараш од гостите со парите да вклучат таква картичка како што кажа Безименка. Посети некој дом или зборувај со луѓе кои имаат роднини во дом, така најдобро ќе добиеш идеја.
А Филипче да не упати нас со дијагноза Анксиозност и депресија? Ние што напротив треба да бидеме надвор на сонце на воздух??
Ако ова се случува при корона, ја не знам што ќе беше на колера да беше епидемијава Тепачки ќе имаше за тоалетна. Мислам стварно уште не сфаќам што е фората со тоалетната.
дома од твоите никој не вози? најблиску некоја алтернатива... рид... било што ...кај што ќе си на воздух?
Се нервирам и немам каде да споделам. Ве замолувам да не злоупотребувате со цитати. Имам мајка, близу 60 години работи во приватна фирма. Шефицата од дома им дава насоки и упатства за работа со изговор ,,јас сум хронично болна и во изолација, ама вие ќе мора да доаѓате". Иако од фирма вработените пола и више не доаѓаат, од денес нема ни еден. Мајка не е хронично болна но е пушач повеќе од 30 години, плус терапија пие за холестерол и притисок. Не знам како да ја убедам да си земе боледување бидејќи цркна од нервози и стрес периодов. Од друга стана имам татко ,,херој", големаш, и тој си оди на работа со хронична болест за која треба да земе потврда a не сака. Значи не мо жам! Живци начисто скинав со луѓево. Не можам да ги убедам, си се шетаат по маркети со изговор дека нема да добијат потврда од лекар за боловање...Аман веќе, аман.