Верувај, не си сама иако немаш никого покрај себе. Ако ништо повеќе, овде сме сите ние од форумот за меѓусебна поддршка и достапни за разговор секогаш. Не е лесна ситуацијата, ама полесно е кога истата се споделува со друг. Најубава сезона ми е пролетта. Минатата ја пропуштив поради нарушено здравје и неколку месеци останав затворен, или дома, или по болници. Од сето тоа излезе подоцна нешто добро, нешто убаво за мене. Оваа пролет ќе ја поминам повторно затворен и нема да можам да ја впијам во целост. Се надевам дека и после ова ќе ме очекува убав период во животот. После дожд, доаѓа сонце.
Убаво е да знаеш дека си силен, дека секогаш си станувал на нозе, но има нешто поважно од тоа: да бидеш среќен.
Утрово видов известување дека бележам четврта годишнина на форумов. Малку пишувам и тешко дека некој ме приметил , бат стил... ме потсети на минатиов период. Правам ретспектива и не знам како стигнав до споредба меѓу мене и мама: Мама е човек што никогаш нема да признае грешка. Нема ни да се извини. Ама , ќе ја гледаш како се труди да се поправи секој еден ден. Спојлер за мама. за мама. за мама. Ја па, цела мајкина, никогаш нема да признаам дека ми е тешко и ќе водам тивки битки во себе. На крајот, не се важни зборови. Се бројат делата. Колку и да изгледаат мали и незначајни не' донесле до овде. Денес имаме мир. Денес можеме да дишеме. Убав е денов. Добро утро!
Моите мисли и молитви се со сите кутри и напатени души кои мора дома да си ги држат у карантин, здрави, прави и живи. Да ви се плукнам у саможивните себични такозвани луѓе, болни за пажња, социопати и психопати. Луѓе умираат, луѓе работат со луѓе шо умираат, трудни жени деца чекаат, деца и луѓе у болници и од други болести лежат. Луѓе у дуќан работат за да имате со шо гзот да си го избришете. А други цркаат оти мора дома да седат за да не фатат мочан грип... Па искрено, ја да сум секој шо ќе се разболе у ебан карантин, има на пуст остров да го фрлам, па нека се лечи сам. Никој не е дужен да ризикува свој жовот и на своја фамилија за некој шо не јадел ќотек ко мал... Или и ко голем. Природна селекција, јбг. И да, ако некоја се препознае и на форумов, да за тебе е. Баш ми е гајле шо твоето кревко битисување е навредено. Сеедно дали имате или не некои психички или било какви други проблеми, чим можете и седите дома, и правите драма од тоа, за вас е се горе напишаното. Нема да ве тапшам по рамо и да ве тешам ко да сте тригодишно дете, а не возрасен човек со деловна одговорност. Ајт сиктер.
Како не можев да го исклучувам рецепторот за вкус на благо одвреме-навреме и да престанам да го јадам!!!!!
Ова време кога сите носат маски е вистинско време некој да се вљуби во нечии очи. Бидејки само очите се гледаат.
Ја не знам кај живеат тие шо пишуваат дека биле празни улиците, дека било мирно, се слушале птици наместо мотори, сите си седеле дома. Се надевам дека е стварно така некаде, ама во Штип скоро па ништо не е сменето. Парковите преполни, тинејџерите ги брчат моторите по булеварите, децата возат велосипеди и ролери, играат кошарка, сите си шетаат и пазаруваат исто како да е нормален ден. Мене ме лазат морници од тоа колку се неодговорни луѓето. Не можеле они дома да седат, децата ќе плачеле, ќе побеснеле. Ма немој.
Пичка ли ти матер стоко една без грам памет, а здраствен работик си, одиш на работа а ќерка ти за ххх гзот си го шеташе па молчите, криете и двете не се ни ставате во изолација. Ѓубре едно знаеш ли сега што ќе се деси со твојата неодговорност и колку лица ради твојата себичност (ќе)заразиш, цело одделение ради тебе е затворено. Знаеш ли колку мајки, колку татковци поради тебе незнаејќи дома и на деца и сите останати ќе пренесат тоа што сите се обидуваме да спречиме- а тоа е ширење на вирусот??! МИЗЕРИЈО!!! На такви како тебе не парична казна затвор треба! Ќе пукнам значи
Сакам да кажам дека е многу форсирано кога некој се жали за иста работа сто пати. Just saying tho, кај сакам да излезам нападно.