СДК.. се чудиме на луѓето што купуваат со колички ама знаете ли дека ако продужи ова вирусов повеке од 1 месец дека ке почнат со откази по фирмиве не се будали да ти плаќаат ти дома да седиш... добро ке дојдат тие намирници за некој што ке изгуби работа а без работа нема пари без пари леб па ич...
Осеќам дека ако стивне темава на фемина околу корона вирусот и ако престане да биде активна ко што беше ко да ќе се стиша се и за момент ке запре ширењето. Вечерни, изолациски небулозни мисли. Па дури и сама фемина ја рекламира. Живеам за денот кога вирусот нема да е светска главна тема.
Сдк Карантин day 7 и веќе ми се јавуваат болки во грбот од лежење во формс на буквата чкљ за да гледам серии Господ напомош да ми е после 14ти ден.. Неам ни кој да ме измасира, бегам од моиве дома СДК 2: нешто ко да ме подзаболува грлцево, дали од цигарите дали се разболувам, не знам.И онака ради кроасанава не напуштам соба освен по потреба..
Фемина форум рано наутро Корона вирус- дома Корона вирус -работа Корона вирус - образование ... Корона вирус - секс @WildMk Корона вирус - тројка Па ова е нешто секојдневно. Не паничам повеќе. Корона насекаде. Преживеанот од Корона ќе биде 'Феминка на 2020 година' и ќе добие Патување во Кина.
Сакам да кажам дека ми е карантин ден 6 и веќе почнам да имам одредени прашања. Колку високо можат да скокнат мачките зошто сме во конфликт? За да не врзвам Пес им ставам на највисокиот прозор храна и ги кревам горе јас. Кога ќе дојадат си скокаат долу. Е сега забележав секогаш оставаат храна што им е вишок, и во тек на денот ја снемва ама јас мачките ги немам видено да се качат. И вчера се инатев и им турив храна ама не ги качив и ми мјаукаа пред прозор и ги кренав пак јас да јадат. И така ме интересира колку високо можат да скокнат мачки.
Јас па ќе ви кажам дека сосема е океј да ви е тешко и да си се пожалите за *седењето дома* периодов (не велам во никој случај дека треба да бидеме неодговорни и да ги прекршуваме препораките, туку само посочувам на самите непријатни чувства ко такви, да се разбереме). Па океј е дури и да ви е криво и меланхолично за откажани настани кои ви значат, од лични до секакви уметнички што значително ќе ви донеле среќа. Нормално е дури и на најголемите интроверти да им се стужи и да се даун. Не е исто вообичаено да седиш дома и да умееш да се занимаваш со indoor активности сам со себе, и ова што е сега вака принудно на неодредено време - со тензија, бомбардирани насекаде со информации за вирусов, растечки бројки заболени, па сѐ до потресни статии и видеа од жариштата. Context is everything, слободите, можноста за избор и консент ни се толку само клучни во животот и тоа е една од работите што треба да ги научиме од ова. Не знаете во каков специфичен период од животот ги фатила ситуацијава сите тие што седат дома, со какви луѓе го делат кровот, дали мислат на некого подалеку каде што е покритично, итн. Сите сме кревки во ваквиве времиња, колку и да не сакате да си признаете, и тоа е океј. Не е океј, и не е кул и преискрено да споредувате и да изгубите осет за психичкото. И за крај...
Да се цитирам .....Точно на 3 Март се жалев дека почнуват да се трошат рафтови по маркетите , па денес еден апдејт да направам Среќа е да најдеш тоалет хартија , јухууууу . Конечно почнаа да се полнат маркетите со производи и да можеме и ние останатите да си купиме нешто. Сеуште има проблем со наоѓање зејтин, ама битно почнаа да ги полнат со се останато меѓу другото и со брашно. До душа сега за сега имам доволно брашно, ми даде форумџиката со која се видовме , стабилна, возрасна жена како мајка ми Друго промена што забележав од денес е во секоја втора аптека има на вратата залепено лист дека секој што осеќа дека има некакви симптоми, температура да влезе да се провери внатре, си има посебен тим, па си имаше стари луѓе како баба ми и дедо ми пред врата во ред чекаа.....( не смеев да сликам ) Што се однесува до времето денес, топло е, како лето, ме загрижува што почнуваат да цветат дрвата , а тоа значи дека ќе почне сезоната на алергија на полен и ќе ми го намали рапсоложението Имајте убав ден сите , јас одам да правам ручек
Јас значи не сум човек за во карантин. Морам да излезам максимум саат и пол да испешачам кај што нема мн луѓе. Анксиозноста и депресијата не поднесуваат карантин. И не, не ми е страв, знам дека ќе се реши ова за многу брзо, но една работа ме загрижува НАШЕТО ПСИХИЧКО ЗДРАВЈЕ. Секако голема благодарност до сиот на медицински персонал, со вас сме.
Безбеднoст дa нo не мoжеш дa се oпуштиш бaр нa еден чaс дневнo, мнoгу е тешкo дa се седи дoмa сo aнксиoзнoст депресијa и сличнo.
Знам.. и јас пола саат барем прошетам низ малоото два три круга и така е празно дома цел ден не се седе барем на пола саат да излезам да ме фати воздух
Може ли жена еднаш да каже дека има cravings за одредена храна без да добива чудни погледи и алудирања од околината дека е можеби бремена? Или па макар еднаш да отиде на рутински преглед, а додека чека ред пациентките што доаѓаат по неа да ја загледуваат во стомакот на прилично очигледен начин? На второво сведочев, ми се случи и мене и на една девојка пред мене. Излезе, со пациентката зад мене се познаваа, ни секунда не почека и одма праша дали има нешто ново. Девојката рече дека не одат на рутински преглед само бремени жени, а другава веднаш возврати како девојкава треба да оди и на второ обавезно, децата биле богатство. Сакам да кажам, не ги има секој истите приоритети во животот како вас. Крајно невкусно е додека чекаш најнормално да те загледува некој и да дофрла со вакви прашања што навистина не се ваша работа.
Во овие денови кога принудно прибежиште ни е домот облеан со небројни издишки и натежнати мисли, да не заборавиме дека умот има и друга состојба, освен стравот, среќата Побарајте си ги малите нешта, чувајте ги таа/тој, насмевнете и се на пролетта, продолжете да сонувате со здраво тело и здрав дух. Животниот тек е незапирлив, но полесен кога сме заедно и солидарни
Деновиве размислувам само за тоа колку нешта сум ги земала здраво за готово. Уморна сум од информации, од испаничени известувања на новинари. Уморна сум од заробеноста во четири ѕида и од заробеноста во сопствениот ум. Се чувствувам немоќна, како да сум во некој лош филм. Сакам да се разбудам и се' да биде како порано. Дали и кога ќе се сретнам пак со многу драги личности. Дали ќе ги прегрнам пак? Се прашувам какви ќе бидеме кога ќе заврши ова лудило. Се надевам дека сите повеќе ќе ги цениме секојдневните нешта, кои очигледно се клучни за среќа.
Конечно дојде време, како голем интроверт да ми се јавуваат другари и да ме прашуваат што да прават во време на изолацијава. Да не неморам да наоѓам валидни изговори зашто не ми се искача. И така со недели не сум искачал, ова ми е ко гола вода. Да неморам нон стоп да зборам со моите дека не ми се искача, иако живеам сам во свој стан,а они се 2 спрата над мене.
У ек на Корона, они сликаат курје око на табан анонимно да им го објави некоја си Милевка на Женска група. Македонштина.