СДК Многу е тешко кога се бориш со невидлив убиец. Сите се плашиме од Коронава, а јас водам битка и со убиецот на маж ми секој ден. Мораше од најретките на планетава, баш најреткиот и најагресивниот тип да го има. Кому маките да си ги искажам, каде веќе да се обратам, како да му помогнам. Немоќна секој ден, се повеќе и повеќе станувам, надежта полека исчезнува. Наместо штотуку ги средивме поголемите работи во животов, добивме детенце, да уживаме, ние во тага изминатава година ја минеме. Секој ден ситуацијата е полоша, а јас не знам каде веќе да барам излез. Го гледам како давеник за сламка се фаќа, душава ми се кине. Мојот убав, храбар човек полека тоне. А јас морам да бидам покрај него силна, морам да глумам дека сум добра и да тешам дека ќе биде подобро. Дека ќе успееме да се избориме. А што ако не успееме? Се чувствувам како да не помагам доволно. Како да не правам се што треба. Животот ни се лизга од рацете, а ние немоќни стоиме, гледаме.
Во ек на пандемија со коронава , луѓе сеуште се расправаат кој украл повеќе - Грујо за 11 , или Зајко за 3 години . Абе како може да се толку без работа луѓево . Па уште паѓаат сочни пцовки со се мајка , жена , сестра итн . Браво Македончиња , ви паднаа маските се гледа кој колку и како е воспитан од дома . Сега раче за раче да си се фатите , и право во прво одделение сите . Да ти се плукнам во народот поделен . Наместо да се гледа да им се олесни на сите во вакви случаи , на вработените во болница , на вработените во маркетите , па и на секој поединец од нас народот , овие очи ќе си ископаат за Мицко , Вицко , Грицко и Зајко . И со овие во Криволак претераа . На верска основа било , како да не . Војската спие во такви услови , а таму има од секоја вера , и тие ли се дискриминирани на верска основа ? Колку глупав и неписмен народ има .. И јас би ги сместила во воена база оние кои се враќаат од странство . Особено после оние што избегаа од карантин . П . С . Алал да ви е на вас кои сте во здравството . Кај се борите со коронава , па и со вакви будали се борите секојдневно , не само денес . Капа ви симнувам како издржувате . П . П . С . Ви благодариме на сите кои се трудите да им овозможите на граѓаните се што им е потребно во овие тешки денови , на вас секако ви е најтешко . Паѓате од замор , не можете фамилиите да си ги видите како што треба , а секој ден трчате на илјадници непознати лица да им обезбедите , здравје , храна , лекови , средства за хигиена итн .
Добро луѓе кај вас чувство за осет има ли кај вас?? Ние дома што седеме и одиме само до работа што сме грешни ѓаволи ли? Што ќе ви се случи ако не се собирате по паркови и по куќи да си славете родендени и да си правете седенки? Луѓе дајте барем еднаш да покажеме созреаност за сите нас се работи ...
Ја гледате надвор маглава во Венето-Италија? Многу добро ја опишува нашата состојба, нашата борба за живот, за подобри утра, за неизвесност, очекувања, испишувања стории.. Мислам дека секоја една персона во државава ја опишува со оваа магла психички, блокиран во карантин, воена состојба, и излегување за основни намирници не подалеку од 200 метри од дома, секој што ќе ги прекорачи 200 те метри еднаш у неделата да излезе ако му се посреќи ќе биде казнет! Кај бевме до каде стигнавме... и додека го пијам чајот од камилица за добра ноќ од скршена чаша, и додека го пушам цигарето на тераса се со цел да го изладам мозокот што ми врие јас се надевам, се надевам дека утре ќе се разбудам од овој лош кошмар, дека ќе можам слободно да излезам на планина, во шума, во трговски, во маркет, во ззолошка и слично а најмнгу би се радувала да можам детето да си го извадам од дома да излезе на сонце, кај беше сонцето? Како светеше? Можеби е апсурд ама за нас што еден месец се бориме со демонот корона не е воопшто. Ќе ме разбират сите што го живеат ова. Сакам само да престанеме да живееме во лоша средина во токсична затворени со блиндор врата, си ја сакаме слободата! Ќе излажам ако не кажам дека фрчат сирени, дека се слушаат мегафони, дека денес е чудо да сретнеш некого без покриено лице како трчи и бега, со чест на исклучоци што ја направија ситуацијава да дојде до овде па и подалеку осеќам ќе оди, ненормално е да би живееле 2 3 месеци можеби и повеќе вака, не не сакам на тоа да мислам Сакам да мислам дека ќе пребродиме, дека за брзо време се ова ќе заврши и сите пак ќе се смееме и ќе се караме за секојдневието, сакам да мислам дека ќе одиме на лулашки и ќе се бркаме и смееме, сакам да мислам дека со маж ми ќе легнеме раат и ќе станеме раат со извинување кај да одиме овој ден, сакам да се разбудам и да си го извадам моето дете надвор Сонувам за ден со сонце, психички физички секаков Сакам да се разбудам од овој кошмар еднаш засекогаш Нема да ја загубам вербата никогаш дека тоа наскоро ќе се случи, дека ќе бидеме добро Ќе дојдат подобри денови, мора да дојдат
После испукувањето прееска во темата ,,разговарајте да ви олесни...” И боксот во лаптопот и во ѕид реков дека нема веќе попуштање со нерви и плачење, ама после ова Ми потекоа солзи.. https://www.ubavinaizdravje.mk/zhiv...he-pred-praznite-raftovi-vo-supermarket-foto/ Жално.Премногу
Добро утро народе Денес видно освежено надвор, 4 степени , дожд Да допијам несквикот па ќе средувам летна и зимска гардероба , мора да сортирам ствари. Пуштено музиче во позадина Сакав да искоментирам на темата, ама @poenta го пишала тоа што го мислев , посебно делот кој јас и на форумот го практикувам па затоа ме нема да пишувам во некои теми. Бидете умни и имајте убав викенд сите
Штом станав и почнав да плачам без причина значи дека страшно ме дрма ПМС Ми се јаде чоколадна торта, ми се јаде сладолед, хамбургер од Тетекс со многу помфрит, ми се јаде морски плодови, се ми се јаде... Не ми е јасно што станувам во сабота во 10 и слушам народни песни...Wtf почнувам да се збркувам од карантинов, ми фали витамин D.
Денес не ми се прави буквално ништо . Ми се спие . Камо да можев да си го преспијам денов .. А како да спијам , мајстори летаат на секој ќош , се става фасада на куќава уште пред да биде прогласена пандемијата .. уморна сум од качи се - слези со по 13 и повеќе кафиња , три пати и повеќе дневно . Каде се деца , да ги избањаш , да ги нахраниш , дома чистење , па спремање ручек .. Маж у понеделник тргнува на работа , и него да го средам треба .. На страна што сум настината и имам ужасна главоболка и нагони за повраќање поради бременоста .. Евентуално ќе преживеам уште неколку дена . Кај и да е треба да завршат со фасадата .. Потоа следува чистење , што кај нас , што кај комшиите кои се во странство ( не можам , совеста не ми дава ниту парче стиропор да им оставам , камо ли поголем неред , оставиле средено луѓето срамота е да не најдат така , нели ) .. Оф , каде најде сега да се случува се оддеднаш .. Имам среќа што мм е дома , барем он ги завршува сите работи поврзани со метење и чистење на дворот и сиот неред што го оставаат мајсторите позади нив .
Во ек на пандемија добив покана за Младенци. Работава е село гори, баба се чешла. Неможам да разберам колку некои луѓе не ја сфаќаат сериозно работава. Само ќе речам господ да ние напомош.
Многу ми е глупаво што кај некои луѓе се третира короната како мода и ајде сега за да сме во тек со трендовите ќе постираме на социјални мрежи слики од нас со маски, ракавици и сл. Мислам, браво што се заштитуваш, ама тешко нас ако стигнавме да се фалиме со тоа дека се заштитуваме против вирус. Немаш ли со што друго да се пофалиш, или друг начин со кој можеш да се истакнеш?
СДК @referentka баш вчера си мислев на гоблени, кај ти текна Исто така, сфатив дека боенките за возрасни се новите гоблени, особено ако на цртежот, секоја иста форма ја боиш со иста боја.
Јес мај лејди, хау кен ај хелп ју Овие се боље и од Центрумот СДК @Herrera дадо и јас сакам позитивни постови и позитивни луѓе и знаеш дека многу си те сакам уште од одамна, ама жити се не се мешај со луѓе по паркови.. Од такви невниманија Германија денес имаше 2236 плус, утре ќе има 3000 за еден ден.. и после ќе стане како Италија..нема ни да се бројат Ич не е наивно, дали ја прочита @bittersweet колку грди симптоми има и како го преживува вирусот? Ич не е убаво, верувај.. И сакав да кажам дека Коронава изгледа на сите ни удрила во глава или дупка во стомак ни направила па само готвиме ..гледано според ФИ