Почнав да преведувам... Your seven step D.I.Y. detox http://www.fitnessmag.co.za/health/bc/y ... i-y-detox/ Онака из чисте досаде Којзнае можеби некогаш ќе преведувам за списание...
Некои работи ниту времето не ги лечи. Се започна на крајот на јуни, пред точно 4 години. Кога дојдов дома се што видов беше болка, наведнати глави, онемени луѓе со скаменети погледи. Надвор прежешко, а внатре во душата точка на замрзнување. И една реченица која сеуште ми одѕвонува во глава. Мајка ми ми кажа: "Семејството е како куќа, со свои прозори, врати, ѕидови, покрив. Но, ние останавме без покривот и ќе мораме заедно да се бориме понатаму." Дотогаш, од малечка овој месец со нетрпение сум го очекувала поради крајот на учебната година, почетокот на летото, мојот роденден. Но од тој ден, овој месец ми е синоним за болка, празнина, борба која нема крај. Ме потсеќа на една куќа без кров, во која секогаш кога дува - провејува, кога врне - прокапува.
И се јавив на дургарка ми и толку се замуабетивме што заборавив зошто и се јавив и што требаше да и кажам
Додека славите колку ви е убаво во животот, не ги заборавајте оние кои биле до вас во најмрачните денови. Некои животни вредности отидоа во неповрат...
Подобро не можеше да се долови ситуацијата во која сега поминувам ... ќе му помогнеш да излезе од калта и ќе те шутне ко да не си постоела ... за жал за славење сите се тука , сите те сакаат и ти прават лице ... а тој што ти помогнал коа ти било најтешко , што ќе ти го ?
Убаво ми појде ова моето одење... Толку убаво, што мислам дека е време да стигнам на крајната дестинација.
Само јас ли можам да кренам температура 39 на ова време, и да ми отечат крајниците? Цела зима не ми се деси ова, баш сега најде да ме стрефи.
Другарка ми раскажуваше нешто демек ако се нервираш, мозокот го терал желудникот да лачи нешто што го терало организмот да слабее. Го терало да гори нешто. Не знам бе, не ја ни сфатив што збореше. Само ја сфатив поентата, дека ако се нервираш, можеш да ослабеш. Што е битно другото? И вчера ај си викам, - challenge accepted - ќе се нервирам. Си праам филмови у глава: - Сеа ќе влезам у веце да се бањам, гарант нема вода. Влагам у веце - ИМА вода. Па добро бре, кај се видело да има вода, на сред скапа струја? НА СРЕД БЕЛ ДЕН БЕ, та чивша нанен фамилијн 'н пиф. Да не може да се изнервира човек на раат. Неврмајнд. Си викам - сеа ќе ја терам сестра ми да играме брза географија. Нема шанси да сака. И знаете шо? САКАШЕ. Уз пат да кажам колкаво муле сум за брза географија. Дојде на ред буквата К. И мене ми текнува песната на Јелена Томашевиќ - Коооошава, навикла сам на ту зиму, волела сам у Београдуу. И сеа си викам... Шо е Кошава? Гарант е ветер, пошто за зима пее, нели? Ако е река, што и' е крива таа? За нејзината хладноча ли ќе пее? Пробувам од контекстот да ја анализирам нејзината содржина. На крај ризикував, пишав у река и си добив 10 поенчиња. И никако да сфатам, Египед што е? Дали град или држава. И ги мешам Баба и Бабуна, која е река, која е планина. Знам едната беше дупликат. Уште катаљарди вакви ме бунат, али ептен да не се резилам сеа. А да. И секогаш ја користам песнана Луди летни плес од Фламингоси. Нели иде: Paris, London, Lissabon, Kiew, Moscow, Prag and Rome, Kopenhagen, Bukurest, crazy summer dance. Berlin, Madrid, Amsterdam, Athens, Dublin, Lichtenstein, Istanbul and Budapest, луди летни плес, crazy summer dance. Алал да им е на песнава, секоја им чест. Со нивна помош, секогаш ми текнуваат градови. Ај сеа нека смислат уште некоја песна со планини и реки, пошто тие ми се послаба страна. И до кај застанав? А да! А бе цело време барав нешто, али не најдов причина за нервирање. :geek: Ебате бељата, ебате. Да не може човек да се изнервира на раат. Па ќе си певам, шо ме боли уво?
Дали сум бремена или не ке дознаам деновиве,бидејки вукланот треба да се активира па ке видиме дали ке потече лава или после 9 есеци синко ке стане батичко.
Ех, колку си само во право.Бога ми и отидоа, отиде и културата во неповрат, иако се уште ( шуте ќе пишев ама го свртев зборов ) ја има, ама тоа е реткост.Луѓето очекуваат некој да ги почитува, кого тие не го почитуваат, можеби и не треба да се чудат зошто не им се возвраќа со иста мера.Велат во животот за да имаш, треба да дадеш, не е можно човек само да зема, некои работи одат взаемно...
Во моментов се чувствувам толку осамено, безпомошно... најверојатно е од напорниот ден Ах толку многу емоции...
Темата :дали сум бремена?- Често знае да ми го разубави денот Колку и да сум "чурук" за момент се појавува широоока насмевка на моето лице,еве вака Да живее тој што ја измислил
Спојлер Да ви ебам матер Да да, се те разбирам, ама неможе. Да ме разбереше ќе можеше бе мрзешен низаеден. И криво ми е што сум слаба, неодлучна. Ама ако, си го барате своето. И сега разбирам многу работи, и зошто некои луѓе толку се менваат, зошто децата тргнуваат по „лошиот“ пат. Оти подобар и немало
Се опседнав со мачоров мој. Како млада мајка штотуку породена се осеќам. Само мали мачиња гледам околу мене. Се лигавам на секој чекор. Сакам сите да си ги земам. Дома да си ги чувам. Почнав и како младиве мајки во множина да зборам. ЈадевМЕ, спиевМЕ, се шетавМЕ... Што би рекле охриѓани, ојдов со умо. Ама како да не се излигавиш бре на мало маче, штотуку пркнато, цело бушавко, те гледа со очињата, затрепкува, сака да се почеша на увцето, крева задно ноџе, прави еден потег, а веќе на вториот губи рамнотежа и паѓа на газето. Па те гледа збунето, не знае што му се десило, па ќе затрепка пак со очињата и пак од ново. Моево мало кога беше од што ми беше жал јас го чешкав. Не можеше да се почеша сирото од што беше мало. Од кутија за кондури го собираше само во едното ќоше и имаше простор за уште десет како него. Уфф, не знам што би правела без него. Со мене спие, со мене јаде, уште што не се бањаме заедно... Премногу ми е страв да не му се случи истото како со претходниот мачор. Премногу. Повеќе за него се грижам, отколку за мене. Само гледам дали јадел, колку јадел, какво му е крзното, дали расне, какви му се очињата, да не јадел премногу, да не отиде многу далеку, мора да ми е пред очи цело време, па дали спиел, па го мазнам, го чешлам секој ден, па ваква храна, па таква храна... А и моиве не се ништо подобри од мене. Збеснаа и тие. А колку збореа на почеток... Па дури и се смееја ако некој повозрасен човек збори многу за миленичето, што направило, па како кивнало, па како мјаукнало... А сега ги гледам од страна и смеа да го фати човек, а богами и страв. Не знам дали јас кога сум била мала толку се радувале на секоја моја глупост, не верувам. Татко ми е јак, ама види го, види го што прави, еее ѓубре... Господе Боже. Туку сакав да кажам друго, како што можат Elennaa и Abeja да ме изнасмеат на форумов никој не може. На нивните постови редовно се смеам на глас дома како штракната. Којзнае што си мислат моиве. Прав виртуелен stand up ми се. Ако сакаш да се насмееш отвори нивни пост. И тоа... Имајте убава вечер...