Во историјата на човештвото биле истресени многу глупости. Од некои ми се серело. Од некои ми се умирало. Ви го претставувам најглупото нешто што сум го прочитала за ситуацијава, гледајте и крстете се. Не е арно колку сте глупи, мајко мила...
Сфаќам дека многу луѓе се потресуваат и им треба нешто што ќе им го одвлече вниманието или ќе им донесе позитива. Ама не сфаќам како цел инстаграм полн со вас како 5-годишни деца ќе го направи тоа. Единствените кои сакаат да видат како сте изгледале како млади се вашите родители, партнерот и 1-2 пријатели. А сега пак дојде и предизвикот „доутре/untiltomorrow“, што во суштина претставува стори во пост. Во ера на практично неограничен интернет, каде цел свет може да ти е на дланка, како не може да се најде нешто што би можело да е интересно, а да не вклучува вакви „предизвици“? Кажете нешто што може да е корисно за другите, што да правам со сликите? Па којзнае како се забавувале луѓето пред да се измисли интернетот. Не сфаќам. И многу сме разгалени.
Ќе ме интересира ако немам со шо да си избришам газ зошто некој решил сите резерви да ги купи и да се обезбеди за цел век, место за недела дена до месец. Инаку не вервам дека на некој гајле му е, подалеку од причини шо штетат на заедницата. А паничен шопинг во вакво време - и тоа како остава голем дел од луѓето без никакви производи за живот, па мора да чекаат да се донесат екстра производи, и овие првите пак и нив ќе ги купат, зА сЕкОј СлУчАј, и овие вторите пак без ништо ќе останат. Да беа сите разумни, на никој нема гајле да му е кој шо купва. Како секој останат ден кога не се претерва.
Ене ти во КАМ, ВЕРО и СТОКО има купишта, купи си колку сакаш, можеш и да го делиш пакетот на една по една. Ако ти така размислуваш (и јас така размислувам бај д веј) некој друг сосема поинаку функционира. Ама тоа не значи да се исмеваат на негова сметка.
Ќе гледаме во нашата корпа ако имаме што да ставиме во неа. Ајде кај нас пак се има разум. Ама гледав во други земји луѓе што дошле отпосле не можат ништо да купат. А секако пуштаат по неколку души само и на други места. Тие првите ќе изнаграбаат, после другиве нека се сликаат. Нека купува колку сака, ама не цел рафт да го земе. Имаше и такви што купувале купишта маски и гелови за дезинфекција за да ги препродаваат после за поскапо зашто луѓево немајќи избор дека нема веќе во аптеки, ќе земат од нив по поскапо.
Гледај, јас сум од оние луѓе шо на почеток на месец си купвам хигиенски препарати, тестенини и такви работи за цел месец, кои можат да траат спаковани во визбата. Во ваква ситуација почнав шопингот да си го прам неделно, чисто за да има за сите без премногу да се оддалечуваат луѓео од околните производи, за да се намали премногу движење (впрочем вакви беа препораките од маркетот кај шо купвам, за да имаат време да примат и роба, башка еднаш неделно секој во башка ден се намалва и број на луѓе во маркетот во даден момент). Пример КАМ не ми е најблиску, реално ни Веро. Стоко не ни имаме тука, ако ете има во Битола цитирајте ме каде е некогаш да видам шо има. Житните маркети се на скроз другиот дел од градот. Во близина имаме три продавници, од кои две се ептен мали и маалски, а другиот е као мини маркет. И сега сите прават екстремна верзија на она шо јас го прам во нормални услови и нормално то е терет на самиот маркет, и ќе има постари луѓе кои не можат да се однесат, и ќе останат со празни раце. Ова е нешто шо треба здружено да го напрајме, макар и да смениме навики. За јавното добро. Пошто луѓето кои ги опиша се себични, а такви луѓе и да плукниш ќе се лизни, така да и џабе толку ги збораме. Ама да ги збораме за другите кои се испаничени и не сфаќаат шо се случва и како ова е штетно - да се освестат пошто прифатиле менталитет на толпа. Пак ќе речам, за јавното добро.
Рефке у друга тема велиш да се има совест а тука ги браниш оние цели рафтови што изнесуваат од маркетиве. Тие што чекале 2 саати меѓу луѓе за да купат нешто и кога ќе стигнат на ред нема ништо па ај утре од ново враќај се и чекај пак, совесно е така? Ај што нема колективна емпатија па и здравјето си го загрозуваат на таква изложеност. Треба да се кудат тие таквите, со име и презиме да ги кажуваат на тв.
Види Џон. Го бранам сувереното право да ми се гледа во корпа и да ме пљука некој по интернет. Кој рекол дека не треба осет да се има ? Ама нека се има и во комнетирање !! И сфатете веќе еднаш дека во кризни ситуации, вонредни состојби и недјБоже војна, нема милост, сомилот и емпатија !! @Someonespecial поштеди ме од патетики. Бабата си ги пребројувала парите овде н сликава
A зашто сите седиме дома и носиме маски ако излегуваме? Ти седиш дома? Или не пошто криза е па баш не боли таквото. Да немаше никој осет знаеш што ќе беше?
Ајде сеа си контрадикторна, горе викаш имало се' по маркетите а сеа војни и кризни ситуации. Збориме конкретно за сегашната ситуација, ете убаво е доловена поентата на нашиов муабет со сликата на Специ.
Во војна седиш со месеци затворен во простор, со конзерви за храна, со туби вода зошто е затворена, со прекинато производство целосно. Ова е вирус, не терорист. Можиме до продавница да одиме и има резерви во магацини кои треба да стигнат. Скроз различни ситуации се, неспоредливи. Сега само ни треба свест за да се средиме.
Не си ме разбрала. Јас се бунам зошто на никој не го боли кур што секој ден умираат луѓе од глад ? Зошто никој на никаков медиум не збори за тие кутри луѓе кои немаат леб да јадат ? До толку ли е покварено човештвото да ги остави така да умираат секој ден ? Страшно е и мизерно што на тие гладни луѓе никој не им помага и ги остава да испуштат душа. Тоа нивното е мачење и страдање за леб. Ме нервира кога на медиуми упорно ќе се сервира секакво друго срање , а таму кај што е најкритично не се зборува, како да не постои. Не сакам да ми речиш природна селекција , греота се луѓето гладни, изнемоштени. Бројката расте секој ден, тоа се ненормално големи цифри. Срамота. Да се немало осет и малку емпатија за да се помогне. Корона вирусот ќе помине, ама луѓето што немаат храна ќе продолжат да си умираат . И што правиме околу тоа прашање ? И не ти се дерам туку сум револтирана што никаде па дури и на форумот никој, ама баш никој не му е гајле што умирале луѓе од глад. Ама не бе, ајде ќе си збориме за друга тема, не се битни по светот тие што секој ден умираат гладни. Штета, разочарана сум што никој не спомнува на таа тема , за помагање се виде да не очекуваат помош.
@Herrera те разбрав се', исто размислуваме litarally, ама решение немам околу тоа прашање освен за тебе. Е сега што сакам(в) да кажам спремив ручек и чекам да се олади да јадам. Денес некако напорен ден како за понеделник. Моментално го слушам Венко и така, пола ден замина.
Треба и кај нас како во Данска... Едно кг брашно 30 денари, а две 3000 денари. Едно кг брашно доста е за одреден период, па пак ко ќе одиш друго ќе земеш, во меѓувреме друг човек ќе земе и така во круг. Нека има за сите. А не 100 кг брашно зема, милиони тоалетни хартии, сите овошја и зеленчуци, и следниот ден пак оди да купи Па имаат ли малку осет? Гледав видео од медицинска сестра кај што плаче после 48 часовна смена, пошто во продавница ништо немаше останато. Празни рафтови, а сакала да купи малку овошје пошто беше исцрпена. Буквално плачеше и молеше да се престане да се земаат толку залихи. Некои професии периодов не можат глава да кренат, ама ете...Секој си гледал за себе, па ај тие дур спасуваат животи, ние се да земеме од маркет...Логика. Инаку денес ми се врти сликава низ фб... Спојлер Прво нормално нервоза те фаќа дали се нормални луѓево? И покрај сите апели, тие види ги што прават, ама од друга страна па и тие не се криви. Немаат сите одмори и немаат можнст да работат од дома. Продавнции, маркети, бутици, трафики, аптеки, фабрики, конфекции...Сите тие се луѓе. Со што да одат на работа? Им се закануваат со откази. Плус денес времево катастрофа за пешки или точак. Па и да е убаво времево после 8 саати на нозе стоење кој е спосебен пешки дома да се враќа? Некои се премногу далеку и принудени се со два/три автобуси дома да одат. После па за среќа видов вест дека ЈСП ќе пуштат повеќе автобуси за одредни линии. Греота се луѓево што треба да користат ЈСП во моментов. Размислете пред да плукате дали тие сакаат вака да се гужваат. Само да се заштитат можат повеќе, а друго ништо не е во нивна моќ. Зависат од тие ебани (плус минус) 14.000 денари.
Штo е тoa штo снемa вo мaркетите и не мoжете дa купите зaтoa штo некoлкуминa јa купиле целa зaлихa? Кoј тoa oстaнaл без хрaнa и плaче пред рaфтoви? Дрaмa мaч?
@Bridget На пример чуѓево од сликиве пред празни рафтови, со празни колички?! На пример еден стар пред некој ден на улица шо плачеше кај мене пред работа, оти сите дуќани ги прошол на наша улица, не можел ни салфетка да најде, па од болка оти со една лоша нога, не можел да дооди? Па шо му дадовме хартија од работа, и го носевме дома со службено ауто?