И јас начекувам вакви рафтови па или одам во друг маркет или наоѓам замена. Што е тоа што нема а да е толку итно потребно без кое се не може ден или два?
@Gosh И баш такви многу ретко ќе сретнеш да се жалат, најмногу оние што ги нервира празен рафт а не дека не може нешто друго како замена да купат, бар за еден ден. Утре пак ќе се наполнат маркетите. @JuLleE И јас немам квасец па еве ме жива сум.
А сега не можеш, жално. Може и бабата затоа плаче пред рафт оти планирала мекици за внуците да меси. Уште не сме дотаму дојдени и се надевам дека нема, а овие драми на почеток на вирус оти пола рафт го нема со брашно а можеш леб или шпагети да си купиш, малку одвеќе се.
Зависи каде се пазари,можеби кам,тинекс или стокомак се полупразни,но затоа веро е полн,нема што нема јас сабајлето пазарев.
Еве не можам леб да купам, целијакичар сум, морам да си направам. Шпагетите ми се 122 ден, луксуз. Значи јас и леб немам... Плус скапа исхрана. И да, тешко ми е што немам квасец.
Смеам, и тоа на одредени фирми. И нема ете. Не јадев леб искрено, ама овде не можам да најдам други алтернативи декларирани, па опција ми беше леб за појадок наутро.
Јуле, а ориз, компири јадеш ли ? Види јапонците немаат умрено без леб. Озбилно те прашувам. едит : пред да ме цитира некој со зборовите :па нели луѓе умирале за леб ,,,,,така е зборот , луѓе умираат секој ден од што немаат што да јадат. Ама вас ви чуе Стојко за тие таквите луѓе , не ни помислувате на нив. Себичњаци.
Реагирам и на ориз, ама да јадам. Тоа и се хранам, готвам постојано. Реков, леб не јадам, ама сепак е криза, не знам како ќе се тера реално и сакав еве барем за секој случај да имам квасец. Плус јас дома не внесувам друго брашно, а домашниве знаат да побарат. Ќе се снајдам јас, ама што е со децата целијакичари? Како да им објасниш дека нема да јадат леб...
Ххх: "Луѓето немаат леб за јадење." Марија Антоанета: "Ако немаат леб, зошто не јадат колачи?" Стара позната
Тажно. АмА јАс СаКаМ жИвОтНи АмА мОрАм Да ЈаДаМ мЕсО , еНе ГлЕдАј чУвАм МаЧкА и КуЧе Во ДвОр По еДнАш На дЕн Им ФрЛаМ сУв лЕб ,зА вЕтИрИнАр НеМаМ пАрИ аМа зАтОа аКо РоДаТ мАлИ гИ фРлАм АмА иНаКу ГоЛеМ љУбИтЕл нА ЖиВоТнИ сУм.
Направила торта, сликала, бап на инста, опис, карантин тајм. Цел ден со детето по улиците, а беа и на гости кај стрина и, да ги разонодела малата малце од стресов од короната. Не срц, не си у карантин, сељанка си.
Маја е замена за квасец ( мој предлог доколку смеете да ја внесувате ) , плус поубав вкус дава на кифличките . Мајка ми секогаш со маја ги прави . Од оваа за солени јадења : Од оваа за благи : Се надевам дека ќе помогнам , навистина е тешко кога имаш потреба од одреден тип на храна , а не можеш да најдеш . Имам дијабетичар у фамилија , и не смее да внесува се поради шеќерот , и жената има проблем сега , некогаш мора да шета по неколку маркети за да најде одредени производи ..
@Herrera дали би сакала тука да ни пишеш како ти им помагаш на луѓево што немаат што да јадат и што умираат од глад? Стварно би сакала да чујам