1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    25.068
    Пол:
    Женски
    Ох .. не знам каде живееш моментално , овде во Тетово ја има .. мислам дека и во Скопје .. по другите градови не знам ..

    П . С . А сув квасец ?
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    79.280
    Ако смееш компир,веројатно смееш и ова
    https://www.vecer.press/направи-си-домашен-квасец-од-компир/
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mrs.honey

    mrs.honey Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2020
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Цел стан ми е под конец недела дена не одам на работа и се си средив веќе од утре незнам што.(умрела ѓупката шо ме фалила па морам сама сега :rofl::rofl:)
    Прво си почнав цел плакар го преправ испеглав наредив по боја, материјал, си ги кренав ептен зимските си ги извадив летните. Цел стан си го исчистив пролетно генералка за ова ми помогна либето. Додека јас ги бришев прозорите и го чистев купатилото , тој ми ги ја избриша прашината ми поместуваше мебелот јас да смукам и да избришам подот. Кујната си ја исчистив со флижидерот дури крпите во кујната и купатилото ми се наредени по бои :lol::lol::lol::lol:.
    Во сето ова има еден малер си ги измир 3те тераси со киселина и си ги наредив со цвекиња и залади времево.|(|(

    Луѓенца во ова има нешто и позитивно што ми вика либето имаме повеќе време да си посветеме еден на друг по цел ден сум си дома,осум дена од дома не сум излегла . Не паметам кога е било така да станам насабајле ќе сварам кафе ќе си пиеме онака релаксирано нема да ми е набрзина со еден цигар ќе си исцедам сок ќе направам доручек ќе си доручкуваме, ручек да си направам не во брзање или одвечер .

    Јас мислам дека тие што минуваме повеќе време на работа и немаме викенди и празници баш слободни туку тогаш ни е најработно дека ова добро ни дојде како што си разговараме колешките ова мислење сите го делиме . Што си го средив станот без да си трошам во двете недели двата слободни дена т.е. слободниот викенд . Седете дома луѓе. Да помине ова лудило за 2 недели и да се вратиме на нормалниот живот.
    Има работа и дома само треба да си најдете и дома ќе ви биде интересно и забавно и нема да лежите цел ден и досадно да ви биде . Исчистете си домовите средете си нередот,гответе,поминете време со вашите најмили порано што не сте можеле....:inlove::inlove:

    Мене ова со карантинов супер ми дојде, не за друго да си ги завршам домашните работи.
     
    На Gosh, hermosa, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Од крајност до крајност.

    Од неразбрани што тераат по свое па и крај на светот да е - до буквалисти што "social distancing" го развија во комплетен страв од други луѓе. И на едниот и на другиот екстрем стои себичноста.

    Кој е тој од Охрид? Што не го кажат да бегаме од фамилијата? Треба да го кажат, како вака не' оставија? Во која населба од Скопје се заболените?! Не примајте гастербајтери, тие го донесоа.

    Се споредуваат бројки - колку е кај нас, колку во Србија, колку во Италија. Ко Евровизија да е ова, па поените си ги гледаме и чекаме да видиме која држава ќе победи.

    Ало, ова е проблем на цело човештво! Не е дека овде можеме да останеме изолирани од се'.

    До кај ќе одиме со себичност, еве не знам.
    Ова е тест на човечноста. По некое правило, би требало да развиеме сочувствителност, да престанеме со нерационален конзумеризам, и да престанеме да бидеме расисти и националисти затоа што конечно би сфатиле дека сите сме луѓе, и сите сме исти.
    Ама не, онаму стои мислење "Италијаните се Цигани" и стои со недели.
    Па онаму се посакува смрт на мајка на штотуку родено бебе. Со нагласување на националноста на жената, како тоа да е од исклучителна важност.
    Па во време на криза немало мислење на другите, и тоа се зема ко факт.
    Не коментирам повеќе, сите да размислиме до каде сме способни да одиме.

    И да, разбирам дека секој е исплашен. Во ред е да се критикуваат несовесни постапки, ама себичност во време кога сите заедно треба да решиме проблем...

    Стравот ја надвладеа човечноста.
     
    На DAngel, faye, Gosh и 18 други им се допаѓа ова.
  5. @ster@

    @ster@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    2.982
    Пол:
    Женски
    Денот секогаш ми е убав кога ми почнува рано со еден појачан, доручек.
    Кафе се мислам дали второ да правам, ама нема место по цедениот сок од портокал.
    Вчера јас бев по намирници, сега другите се на ред и така се ограничени до 11 часот. Нека си имаат во план да не претеруваат премногу кај што не им е местото.
    Сакам да кажам колку си подобар толку повеќе на глава ти се качуваат, ама ако нека паднат маските.
    Тоа што им допуштам и се правам со сила глупава е за да им ги видам лиценцата без заштитни маски.
    Не за џабе од народот речено, дај му на човек власт и ќе му го видиш вистинското лице и плус би додала дај му на времето време ова да бидне.
    Ај да не го дискредитирам. ова дисецирам уште од рани часови.
    Би планирала да вртам со вакумерката, ама рано е комшиите се ограничени од 12 часот да излегуваат па да не ги вознемирувам од сабајле да се огрешат и истрчаат надвор од букава.
    И така друго имам во план.
    Убав вторник, ќе удрам на музиче.

    Поз. @Herrera сигурно сега си под туш по утрински џогинг:hai:
     
    Последна измена: 24 март 2020
    На Herrera, crazylady и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.096
    Зооошто неедуцирани луѓе пишуваат вакви неписмени статуси???
    Едниот продаваше решение против загадување во најголемото загадување екстра скапо, одговараше дрско на критики, а држи обуки за меки вештини по фирми. Средновечен, шкрт маж.
    20200324_105455.jpg
    20200324_105440.jpg Сигурна сум дека не ни знае што е ревалвација, кога се случува и со кои мерки се спровесува. Ова не е ни смешно од проста причина што многу луѓе за овие ликови се интелектуалци од доверба, а уствари се само проси политиканти.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    11.320
    Пол:
    Женски
    Јас пак, не сфаќам зошто имате потреба да се мешате во тоа со што и како другите да го минуват своето време?

    Ако на некои им е убаво да си гледат слики од мали, и сакаат да ги споделат со други, имаат право на тоа.
    Ако на други не ги интересира, можат да мавнат игнор. И тие го имаат тоа право.

    Ако сакам да објавам нешто, ама ич нема да мислам дали на некого му е гајле или не.
    Можеби и мене не ми е гајле кој каде пие кафе по цели денови (ова пред короната), ама ете, не мрчам.
     
    На Purplelilac, Herrera, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.772
    @Ambitious, реков дека не сфаќам, а да го спречам тоа не можам, исто како што не можев и пред тоа да ги спречам да кажуваат каде и со кој пиеле кафе :). Ги игнорирам, не значи дека не можам да имам мислење.

    Ако гледаме така, јас, ти и сите останати што ќе се пожалиме од нешто или некого или за што ќе „мрчиме“ испаѓа дека се мешаме во истото. Можеме да речеме и сега дека „ми се мешаш во мислењето, ако не ти се допаѓа, игнорирај, зошто мрчиш?“. Не дека ти го велам тоа, само објаснувам, не сакам да те нападнам :).
     
    На Gosh и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.066
    Допаѓања:
    14.161
    Пол:
    Женски
    Јасно кажано...
    Мажот не треба да биде ни под вас за да го газите, ни над вас да го гледате како Бог.
    Туку треба да биде покрај вас, рамноправен.
    Сеуште не ги разбирам жените кои им се потчинети на своите мажи и ги ограничуваат на кариерно поле.
    Милион пати ја спомнувам другарката како мажот не и дозволува да работи ни за пола, ни за минималец.
    Тој има бизнис, не многу голем.
    Шетаат секаде а нема кредит да ни се јави и ни титка да и се прејавиме.
    Секогаш убао облечена, дотерана, погодена во бои, нокти.
    Заедно со детето,(прваче) мажот во исти бои, тонови.
    Еднаш ни се смееше зошто на 29 години не сме мажени, не ќе не чувале дома.
    А ти сестро, шо напрај?
    Заврши факултет, се омажи, партиски се вработи 4 месеци и ко дојдоа другиве на власт си остана дома и то е.
    Ние другиве работевме од продавачки до повисоки функции, и да не сме мажени.
    Жената во 21 век.
    Крај.
     
    На Gosh, Amellie13, Feminka192 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.311
    Пол:
    Машки
    Зашто им се замараш на ваквите?зашто залудно трошиш време,за кој што имал,како имал,зошто имал.Времето е скапоцено кое не се враќа за жал,уживај во животот,гледај си за СЕБЕ,движи се кон твојте сонови,и игнор на вакви х личности.

    Ова све што ти дадов совет,е само добронамерен :)
     
    На Purplelilac, Sejfullai, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    11.320
    Пол:
    Женски
    Секако, имаш право на мислење. Имаш право нешто да ти се допаѓа или да не ти се допаѓа.
    Еве и мене не ми се допаѓа новиот предизвик #доутре, ама што има па јас или ти тоа да го сфаќаме или да не го сфаќаме.
     
    На Herrera, Blue.Sky, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.066
    Допаѓања:
    14.161
    Пол:
    Женски
    Зошто ме сфаќате дека се замарам?
    Сакам да укажам како пример.
    Секој за себе.
    Само не сакам многу да се дружам со вакви луѓе кои ме влечат надолу.
    Peace.
     
    На boomsleng, *Amethyst* и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  13. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.311
    Пол:
    Машки
    Па искрено не ни треба вакви,да ти го трошат времето залудно.Ова е само совет и ништо повеќе.Почит :)
     
    На boomsleng и GirlLove им се допаѓа ова.
  14. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    966
    Допаѓања:
    10.320
    Сте ја започнале една од најзастапените теми мешање во тоа кој што прави.
    Ти ако не мрчиш, јас приметив дека мене ми мрчат ако не дај Боже постирам слики од излет, природа и тоа што мене ми е мерак за своја душа.

    Одма мрчат зошто сум ширела позитивна енергија на форумот, не било сега време - епа јас си пишувам за мене, тие што се нервираат нека игнорираат, ама не, само да се мрчело |(
    За жал , таков е нашиот менталитет и мешање во туѓ живот и солење памет се едни од главните карактеристики општо на Балканецот затоа е застапено и на форумот.

    Сега ќе ти дадам пример како изгледа на форум кога некој го интересира што прави некој друг од форум:
    @joy1 , женска пиши нешто, слабо си активна, пофали ни се, дај бе стај слика во модни критики
    @Dust , дај бе шкртни до кај си со животот
    @Cosmi , тебе до кога ќе те држи лутина, пишувај си слободно, без тебе не ни е комплетно друштвото
    @buba4e89 , шо е ова читам се откажуваш од форум, кој те изнервира, пиши ни , имаме испуштено некоја дешавка

    Поздрав женска :hai: , бев сабајлево да , има сонце ама студено е , ветровито и одма на ум си фантазирав како да си седам на некој брег.

    [​IMG]
    Од моја страна колку можам секогаш помагам на оние на улица или по нетот што донираме пари, еве последен пат се собираше пари за еден пар беа заглавени на аеродромот без јадење, без пари, па собиравме колку да можат да се вратат дома , исто и со нашите тука кои останаа без пари им помагам колку можам од моја страна , реков и во другата тема, мене ми е жал да гледам да се мачи некој да нема што да јаде.
    Многу ме изиритиравте што приоритет му се дава на корона вирус , а оние гладните кој ги шиша бе, нека цркнат, нели ?


    Денес ја средував домашната аптека, си порачав онлајн суши и мисо супа да ми донесат и после ќе се слушнам пак со мојов оти е на работа.
    Цела ситуација на живци ми иде, таман он го остави пасошот во амбасада и требаше да си ја земе визата да дојде тука, ги затворија границите и аеродромот.
    У пичку матер. Го немам видено од Јануари месец, ми фали. :(
    Да тибам и коронавирус и затворени граници :envy:
     
    На joy1, tigerlady, Yipman2 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.775
    Пол:
    Женски
    Изолација ден 24.

    Почнува да ми недостига симпатијата од прво одделение. 8-| :tmi:
     
    На joy1, CoverGirl10, Hellobeautiful и 11 други им се допаѓа ова.
  16. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.311
    Пол:
    Машки
    Од кога имам свој дом,со Татко ми сме по блиски,што никогаш во три децении не сме биле ни приближно вакви.Многу пати сум зборувал дека мојот родител (Татко),е затворен човек,и никогаш не покажувал емоции кон мене.Но ете и тоа се промени,дојде пред некое време да го види станот (пред да почне Корона Вирусот),и ме прегрна,не паметам кога тоа го направил последен пат,беше тотално збунет и во шок,како сме го средиле станот,колку сме се посветиле на станот.Неможеше мирен да седи,само стануваше гледаше што како е направено,што е ова,што е она,само чепкаше,искрено мерак ми беше да го гледам како конечно нешто го интересира што сум направил.Криво ми е од мали нозе што не сакаше блискост,не сакаше многу комуникација со мене,и покрај дома загубата на мојата Мајка (негова Сопруга),ме игнорираше долго време.Но тоа е животот,јас се соочив со сите работи,и ги прифатив,и одам напред,и со крената глава,ете полека полека,некој работи се средуваат.Нема ден да не ми се јави,да се слушнеме,најчудно беше,што пред некое време дојде кај мене на работа,5 минути само да ме видел,и одма си отиде,замислете до пред некое време заедно живеевме,ништо за мене не го интересираше,ретко кога збореше со мене,а сега се јавува,доаѓа на работа кај мене па макар и 5 минути,животот е чудо.

    П.с Сакајте си ги Родителите,онакви какви што се,не им замерувајте многу,бидете отворени кон нив,и покрај се искажувајте им емоции.Загуба на Родител е загуба на пола наша душа...
     
    Последна измена: 24 март 2020
    На Purplelilac, boomsleng, dayla и 21 други им се допаѓа ова.
  17. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Сфатил дека старее и дека ќе му треба некој да го чува , луѓето никогаш не се менуваат само ставаат маска кога имаат корист :).
     
    На Someonespecial, boomsleng, Herrera и 5 други им се допаѓа ова.
  18. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.311
    Пол:
    Машки
    Татко ми има кажано,кога ке дојде ред да остарам,и неможам веќе сам за себе да се грижам,одам во дом,ке си плаќам и ке ме чуваат,како Господин,никој од вас нема да се мачи за мене и трча по мене.Иначе Татко ми има скоро 60 години,дневно пешачи најмалце 20км,работи 15 саата,спие 3 саата,машина е буквално.Цел живот беше во специјална единица,он ако не работи,ке се уништи.
     
    На dayla, GirlLove, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Elf

    Elf Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    2.120
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи.
    Иако и јас секогаш си стојам зад тоа дека луѓето не се менуваат ама ако сакаат и тоа како многу можат да се сменат.Моќта е во секој од нас самите.
    Животот е многу непредвидлив и е едно големо тркало некогаш ќе ти се случат работи кои ќе ти ја отворат душата и ќе ти ја сменат перцепцијата и тие работи кои си ги гледал на стариот начин, сега веќе не ги гледаш така.
    Сите минуваме низ различни фази, се соочуваме со разни трауми со кои се бориме постојано, не постои човек кој не се бори со нешто во себе, но кога еднаш ќе се соочиш и ќе станеш свесен дека можеш да ги победиш и да дозволиш љубовта да те омекне, а не горчината која ти ја предизвикала траумата е тогаш се менуваат луѓето кога ќе го омекнат мразот и тогаш се е поинаку.
    На крајот кога ќе стигнеш до некоја одредена возраст и доба сфаќаш дека работите можеш да ги смениш и дека никогаш не касно за тоа, само ако сакаш сам!
    :)
     
    На Purplelilac, dayla и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  20. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.806
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Почнува да нема. Од себични луѓе кои ставаат се ви нивната корпа. Чист пример средства за дезинфекција и квасец. Почнува да стига по многу малку а некој граба цел пакет. Нека ги оговараат и нека им прават што сакаат
     
    На Amellie13, GirlLove, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.