Баш поради такви што купуваат по 10 пакети и други се приморани да купуваат , јас во продавница со еден зејтин и едно брашно ме гледаат како чудак , само ги жалам продавачките не можат да седнат ни на пет минути , се убиваат од работа за минималец и плус на голем ризик се.
Преку глава ми е од луѓе кои едно кажуваат, па по некое време се свртила топката, па сега не убедуваат друго. А до пред некој ден друга песна беше. Преку глава ми е од луѓе кои мрчат за се, буквално ништо не им е погодено. Мрчат за здравството, мрчат за полицијата, мрчат за маркетите, мрчат за се', буквално за се. Во ниту една работа не гледаат ништо добро, искомплексирани суштества. Глумење лудило, а хипохондрици невидени, за било што веднаш срцеви удари добиваат. Кога излегуваа да се шетаат велеа "млади сме неможиме дома ќе се угушиме", сега кажуваат дека ќе пријавувале тие кога други ќе видат. А истите беа, скроз исти. Повторно глумат лудило. Се исмеваат за гатачки а прашуваат по некој ден за тарот гледање, "за другарка прашуваат". Трули сме, зли и непоправливи.
Ме нервира фактот што во ваква ситуација постојат луѓе што се потсмеваат на останатите поради зголемената претпазливост. Па дури и во вакво време има онлајн препирки околу партии. Најранливите групи се најчесто оние што се безгрижни периодов. Постариве луѓе во голем дел многу малку внимаваат на хигиена. Сум слушнала еден ист изговор многу пати. „Стари сме ние, ништо не ни е, вие пазете се.“ И да сте стари и да не ви биде ништо, ненамерно можете да пренесете нешто на внуците. Деца гледав со денови како возат велосипеди и онлајн слики најдов како се зезаат за вирусов, шетаат по групи во паркчето, прават собиранки по дома и ракијата на маса во фокус. Dago isterame virusov malce hehehe. Не е време да изиграваме бесмртни. Ако не за нас лично, барем заради доброто на другите. Се оди од екстрем во екстрем, се трие сол над глава над некој што рекол оти денес измил раце 10 пати, а некој друг му рекол оти требало 20.
Озборувањето повеќе кажува за озборувачите отколку за озборуваните Тамам да се оцени колку и што му фали на озборувачот
Ми се појави на фб нешто дека мажот на Карлеуша ја претепал. И отварам коментари Дали стварно со вакви прости луѓе го делиме воздухот????
СДК,.незнам што да мислам. 1.Дека сме супер народ кој знае да се справи со сите негативни предизвици па и пандемија, дисциплинирани мравки кои ги бидува за се, или 2.Лошотија од луѓе, скржавци,скептици и стиснати, па ни пандемија не одминува
Ствари кои ме мачат... Оти луѓето продолжуваат да ставаат сториња уште еден месец кога ќе си дојдат од одмор? Што, као демек ние не знаеме дека си вратена во Булачани уште пред три недели, па ќе ни глумиш дека уште шеташ по Шпанија?
Драги плебсу, според конвенцијата што ја потпиша Македонија за работа од дома, работа од дома значи полни 8 часа седнат гз на лаптоп. И според сите уредувања, не подразбира да варите грав, да пуштате машина за перење во периодот додека е одреден за работа (се претпоставува од 8 до 16ч), да пржите компири и да чистите по дома, јер ако се повредите тоа е исто што и повреда на работно место, а истото не е соодветно регулирано, даклем, безобразлук е да се правите на 3 и пол. Сега знаете зошто местото не ни е во Европа? Ете затоа. Добро.
Све се случува со причина... Можеби овај проклет вирус требаше да дојди и да не научи малку на памет... Да не научи колку е важно да се поминува време со семејството дури и на ваков начин,да не научи на претпазливост на почит трпеливост и повеќе солидарност. Во ова невреме кога луѓето ги губат своите работни места и се намалуваат плати по 50 % исто така ни е за памет да научиме повеќе да си го цениме и почитуваме работното место какво и да е ваше е што и да работите бидете најдобри во тоа... Бог да ни поможи сите да не благослови и никогаш никаде да не се повтори...
Добар ден народе Како иде ? Се издепилирав, испеглав коса, лакирав нокти на раце и нозе и слободно може да снимам некоја порно сцена Еве бе гледам македонски народни приказни на Канал 5. Колку е пусто што живеам сама, вие барем имате некој по дома и за муабет и за се, а јас морам сама да го исполнувам времето. Се читаш ли што си пишала ? Дали си свесна дека има луѓе кои земаат мизерни плати , а ти со сиот ум си пишала да си го цениме и почитуваме работното место . За кои пари бе девојче ? Јас не се жалам, ама ве читам од страна и има могу разочарани форумџики со послаби финансии. Имајте малку осет кога удирате на осетливи теми. Ве читаат секаков профил на луѓе. Да ставам да се пече ориз тава ,зеленчук и пилешко и ќе ве читам. Убав ден на сите
Има спас од токсичен родител кој поштува карантин, седи дома, се труе со политика, ме труе мене и ми ја јаде душата на најболната тема? Дури јас се ребрам како ќе исплатам плати за нареден период, како да не оставам никого без работа, тој ми ја полни главата со политички глупости од типот “да беше Груевски коронава немаше да се деси” и слично и не можам да го поднесам веќе. Притоа финансиски може да ми помогне ама не сака. Заев требало да ми помогне. Ќе полудам кај и да е. Немам кај да одам да не седам со него. Гледам филмови, серии, читам овде, се тешам дека му е од годините и дека и нему на психа му мава седењево дома ама ако не завршам во лудница после карантинов, ќе славам ко втор пат да сум се родила. Јебала нас политика...
Кога стана ин сите да бидат интроверни а до вчера се рашетуваа по сите скопски кафичи одмори и зимувања, несвртување дома? Помодарци едни!
Верувам дека кога ќе помине сево ова, повеќе ќе ги цениме прегратките, близината, разговорот очи во очи. Едноставно, физичката блискост без која, како човечки суштества, не можеме да опстанеме. Ниеден начин на виртуелна комуникација нема да ја замени физичката близина. Ниеден телефонски повик, видео повик или порака. Откако ќе помине овој лош период, разговорите лице во лице ќе траат малку подолго. А прегратките ќе бидат поцврсти.
Денот не може да помине без ниту една негативност дефинитивно па дури и овде на форумот... @Herrera ДА со целиот мој памет и од моја гледна точка јас така ги гледам и доживувам работите. Ако на некој не му се допаѓа работното место нека учи нека се надоградува нека го промени и нека се бори за по удобен живот никој не ви брани,до тогаш да си го цениме тоа што го имаме посебно во моменти на криза МОЕ МИСЛЕЊЕ...
Ако не сакаш да те цитираат и лесно се нервираш пиши си во сдк без цитирања и не драматизирај ,во оваа тема може да те цитира кој сака или ако толку ти пречи не пишувај на форумов и нема да бидеш цитирана ФМП
Нема да си кул ако во сабота не постираш на инстаграм како на интроверт како тебе оваа карантинска сабота, не му е ништо поразлична од вообичаената, сабота. Не е во мода да сакаш луѓе и да ти недостигаат пријатели.Мхм, важи.