Уште не ми е изгледана, ама досега на сите епизоди пуштав по некоја солза, можам да замислам на последнава ..
Mногу ми се интересни "eксперти" кои имаат мислење за се и сешто, а појма немаат од тоа што го зборуваат. Гледам се крена фама околу 5G. Јас си кажувам еве јавно дека сум магаре кога станува збор за технологија. Имам други познавања, за технологија знам да се логирам на странициве и од време на време да си ги зачистам телефонот и лап топот. Океј, гледам дека се дига џева околу нештово, ги прашувам "експертиве" прво што е 5G. Никој не ми одговара. Кои се придобивките од него? Штама. Како ќе се смени комуникацијата со него? Штама. Aма затоа се експерти како е поврзан со корона вирусот, теории на заговор, Кина, Америка, 300 врагови, ау бау. Абре луѓе, која ви е потребата да коментирате и да скокате во теми кои не ги разбирате? Прочитав коментари и тука и по странициве, мелење слама на празно. Затоа еве и овде ќе пишам. Ако знае некој што враг е ова, слободно нека ми пише, нека ми објасни, што е целта на воведувањето на 5G, што добива народот, што е потенцијална опасност (секако со теорија и евентуален доказ) и зошто е pro/contra. Што рипате во теми кои не ги разбирате не ми е јасно.
Карантински настани. Мајка ми ги испрскала сите сметки за скениеање со алкохол, иако била свесна дека ќе ги уништи. Фацата на татко ми во моментот - прајслес. Нејсе... У НЛБ банка кога и да влезам имам чувство ко да влагам у маалски бутик. Никаков дрес код, ноктишта со триста тракатанци, невоспитано и непрофесионално однесување, дрско, ни со извинете, повелете, добар ден, пријатно. Насмевка?! Што беше тоа?! Мислиш дека сите тие пари се од капиталот на татко и. И обавезно некоја чудакуша ко раководител на смена. Бич плиз, ти постоиш ради мене, не јас ради тебе, ок?! И во секоја експозитура е исто, а особено во централата. Чест на исклучоци. Грижа за клиенти - никаква! Култура - никава! Желба за комуникација - никаква! Целосни информации- никакви! На благајна речиси сите се како од калап вадени, и една крештава, црна, со коса до рамења на кредитирање на население, превртува очи, збори у високи пикови, се премемага. Среќна сум што ќе ве напуштам засекогаш! И нормално, измислена давачка за опомена по телефон, за прв пат у животот, покрај каматата и плус казнетата камата, да ти наплатат услуга која они треба да си ја платат, а не си бил известен, ниту си знаел. Уште не сум им го простила ова.
@KateKane народот ќе добие шеќерна волна во боја, пошто досега бела беше. Добиваат државите и телекомите, толку имам разбрано. Сурвелианс, таквимитиработи... Башка мора ново да се измисли, пошто старото веќе си го продал, не ќе ти го купат двапати.. It is all about money and control.
Као што некој у коментар на ЈуТуб пишал, брзината на интернетот е побитна од здравјето на луѓето. Швајцарија и Словенија ставија забрана за воведување, додека да се испита шо последици има од 5г. Спиете со мобилните на маса, у, друга просторија, се препорачува да не се носи у џеб, да не се збори многу или да се стави на спикер, уште од пред 10 години. Епа замисли шо ќе биде сеа. Ви ги вадат видеата од некои радикалисти, за да ви го перат мозокот демек теорија на заговор од ментално оболени луѓе. Е сеа шо некои од тие ненормални шо збореа нешта од пред 20 години, сеа си се остварија. Али сеедно, и онака сме премногу луѓе на светов. И има премногу стари луѓе на светов кои арчат државни пари, а не придонесуваат. Па така, додека младите ќе фрлаат пари да се излечат, старите ќе умираат, и нема да им се пружа нега, оти го одживеале своето, а и да се спасат младите. Оние работоспособните... The biggest conspiracy theory, is that there is no conspiracy theory. The truth is stranger than fiction.
Зошто луѓето се нервозни, напнати, тажни и депресивни во карантинов? Зошто сфаќаат дека "немам време" е најчестиот и најлажниот изговор кој си го давале на себе, а сега се соочуваат со вистинскиот јас кој не им се допаѓа баш. Но, повторно, не сакаат да помуабетат со себе.
Не сакам толку да кажам колку што сакам да прашам. Планирате вие модераторите да правите чистка на теми? Не мислите дека милион теми се отворија за корона вирусот? Форумов очигледно не нуди веќе корисни информации туку само рекла казала муабети што се зборат по комшии. Баш ми е криво!
Полиција по улици, полициски коли на главна улица предупредуваат со сирени, летаат автомобили да стигнат дома на време. Полициски час... Баш е језиво!
Се молат веге и веганиве да не објавуваат статуси и да се фалат у фазон како е добро што си веган или ватевр. Ни јас не ти пафтам месишта пред фаца и престанете да продавате муда за бубрези. Еве сеа што прочитав дека си веган и јас ќе станам, готово, ме премисли. Фак оф!
Македонче и полициски час... Од депресија се самозапалија изгледа... Пожарна стигна(на празни улици) кога догоруваше 3тиот....
Секако дека е добро да си веган. Нека се фалат луѓето. Го имаат секое право на тоа. Луѓето како мене и тебе можат само да замолчат пред нивната способност да се откажат од уживања и со тоа да спасат нечиј живот. Подобро цел живот да гледам слики од вегани кои се фалат отколку од другиве кои сликаат мртви животни.
Некој медал ќе им даде оти се откажале од храната од животинско потекло? Или па оти тие престанале да јадат, готово ќе го стопираат убивањето на животни. Досадни се, ама нај сериозно. Очигледно кога врват покрај рафтовите со таква храна подголтнуваат, ама ради пуста мода не јадат, па сеа ние сештојадите им сме виновни па не гњават. Тука во ист кош секако не ги ставам луѓето кои од здравствени проблеми се откажале од конзумирање на храната од животниско потекло. Како шо јас не се фалам по светот дека обожавам свински врат и дека манџа без месо за мене не е манџа, или дека ден не ми поминува без јогурт (сеа се "пофалив" океј ), така и тие нема потреба да го пропагираат тој начин на живот. Фала ви, ама не ме интересира.
Да а обожавачите на месо кога ќе ми фраснат слика на фб од кутрото убиено животно и ми се згадува цел ден не се досадни нели? И да можеби не скроз ама имаат влијание да умрат помалку животни. #напред вегани
Ете јас како обожавач на месо немам фраснато слика од мртво животно на нет. Пола простено ми е вака или?
Ете ова најјмногу го мразам кај вас луѓето. Сега јас во ниту еден момент не реков ти односно дека насочувам кон тебе. Велам за оние кои го прават тоа. Ама вие секогаш мора со нешто да се разлигавите и еден обичен разговор или споредување мислења да го направите драма. Смирете малку