Ако ви смета некој шо ви е досаден ај да го блокирате. Едноставно решение. Или па веганите се болната точка или да се мрчи за нешто па шо и да е. Ако ми смета некој шо објавува константно работи шо се глупости за мене блокирам го. Simple as that.
Сакате да кажете дека @Ketchup е всушност машко? Добро јас што гледам кој знае (си доживеав мини шок, цело време мислев дека е жена)
Ако ти сметаат ун фолоу или делит ,не сфаќам што кревате толкава фама ,кој што објавувал ако не ми се свиѓа некој што објавува постои опција делит, блок си слушнал за тие опции? . Кој што сака ќе објавува на свој акаунт ако сака и гомна ќе објави а твое е дали ќе го следиш или не. Ете толку е едноставно ама не мора да се драматизира.
Знам дека на сите им е тешко, еве денес мене требаше да ми биде веридбата. Се трудам да бидам позитивна, си викам само здравје, за друго има денови и малце по малце ќе ја закопам депресијата и тагата, ама денес ете прв и последен пат сакам да си ја отворам душата. Да пишувам за она што се наоѓа најдлабоко на дното, површината ќе ја кажувам секој ден. Се осеќам сама иако дома има луѓе со кои играм игри, разговарам, се смеам, креативна сум, сечам лепам и тепам време, играм со кучето, си правам нокти, филмови гледам се тоа во ред, не е тешко да си дома, впрочем тоа и сите го сакавме сабајле кога ќе станевме за да одиме по студот на работа, ама денес тешко ми е. Не ми е тешко што сум дома, тешко ми падна кога барав пижами и го видов фустанчето што требаше да го носам денес. Искрено, повеќето од деновиве не ни помислував на тоа, ете тоа е ништо страшно, само се одложи ама баш сега, баш денес трагично го доживувам. Денес, ќе бев среќна, со сите најсакани околу мене, ќе си го носев тоа фустанчето, ќе го живеев денот за кој секоја девојка сонува. Мене, ова не ми даде шанса ни да уживам во моментите пред тоа, кога ќе помине ќе биде се набрзина, со страв, онака колку да се деси и нема да биде онака ко што сакав. Совршено. И знам, никаков проблем не е ова, само да сме здрави и живи и знам дека луѓе животи губат а јас овде кукам за некое фустанче што требало да го носам денес, ама ете може ваљда еднаш да се осеќам лошо и јас, еднаш и мојата банална приказна споредена со многу полошо да биде трагедија. Ок сум, навистина сум ок, само ете момент, може и глупости изнапишав ама така ми дојде моментално.... Инаку, јас обожавам да седам дома. Воопшто не ми е проблем. Обожавам друштвени игри, филмови, серии и книги, сакам да цртам, да бојам, да создавам нешта и сега имам време за се. Дури и ми лета денот со таква брзина што се чудам кај заминале саатите. Ама кога е интересно, брзо поминува времето. Не знам зошто би се жалела дека сум дома, сите се дома, надвор врне, дува и студи и да можев да одам кај сакам пак сега ќе седев дома. Немојте со ова седење дома да седнете и да си создавате проблеми што не постојат, гледајте на тоа од добрата страна, ете шанса конечно да направите нешто за што немавте време. Пошто пред ова, сите некаде брзавме, само нешто бевме во гужви, немавме време дома да се свртиме. Еве шанса, тоа што го замислувавте дека ќе го правите дома додека седевте во канцеларија, или на каса, или кај и да работите да го направите сега... Бидете сите живи и здрави, ќе бидете со оглед на годините што ги имаме и преовладуваат тука, ама бидете дисциплинирани за најсаканите кои ви ги немаат годините. Јас можам да ви кажам 1000 работи што може да ги правите дома, ако сакате ќе правиме муабет во пп, ќе ви читам книга ако треба само седете дома. Побрзо да помине се и сите да си се вратиме на убавите работи што требаше да ги доживуваме, а ги одложивме. Нека трае пократко тоа одложувањето, дај да бидеме дисциплинирани. Не не тераат да се бориме со лавови, да преместуваме планини или да преживуваме без храна меѓу волци во планина. Се бара нешто што сите го сакавме пред ова да се деси. Да се седи дома!
@piksooki, не си прва, а веројатно ни последна. @Mr. Right, пак се сведуваме на генерализација на цела група врз основа на поединци. Не сите вегани објавуваат што јадат, ниту па сите зборат за тоа. Ти не објавуваш месо, ама тоа што другите објавуваат, ми дава право да ти кажам да престанеш да продаваш муда за бубрези?
Кога сме кај вегани/вегетаријанци, може на пример да имате отворен ум (wow, what a concept that is) некогаш и да седнете и да направите некое од нивните јадења за промена. Зачудувачки се вкусни и нутритивни. Не мора све што ќе видите да плукате само и да оцрнувате. Замисли, можеш да направиш промена и ако намалиш јадење на месо од 5 на 2 дена во неделата.
„Небидете најлошо од двете страни, гледајте си во своја кујна“ - шеф Демон, Март 2020 (издание: Карантинска кујна) пинг @Mr. Right @Alisa22
Единственото нешто од кое што треба да се дистанцираме деновиве по дома е фрижидерот. Lord have mercy, не е на арно олку јадење.
Тука нема сакам не сакам. Ти не можеш да забраниш ние да ти цитираме ама како што кажа @Alisa22 можеш да пишеш во тема која е специјална за тоа.
Ме адднува едно машко од Битола, женет со дете. Јас СК веќе 3 години живеам и мн ретко одам Битола (дома) Не го познавам, и не ни го прифаќам искрено. Четврт пат. Го одбивам и упорно праќа покани. И тоа само на Инстаграм. Не знам која е поентава? Ниту го знам преку некој, гледам имаме заеднички пријатели. Боже, сешто!
СДК, не знам дали има некој шо ужива да учи колку ја шо уживам. За решавање вежби па да не збориме, им се радувам како мало дете на лижавче. Веќе одреден период се мислам да запишам втор факултет или после завршувањето на додипломските да запишам магистерски, оти зошто да не добијам уште една диплома кога сакам да учам уште, зошто да не имам повеќе шанси во иднина? Ама така потајно си мислам и се трудам да си ги притиснам мислите, оти сите велат, нели, кој уче многу може да полуде од сето учење...
И вчера и денес нит пратам вести нит читам овде за коронава. Мој мој ама преку мој веќе.Темана салата е направена. Отворени уште 2849 теми за корона.Арно нема некоја тема ,,како правилно да дишеме за време на корона” Боже сачувај. Два дена без натрупани глупости и веќе не се замарам. Као и да е знам дека дома сум на сигурно, моите се на сигурно и ексик веќе. Повеќе нервоза и стрес ќе си направам само ако читам. И на вас ви препорачувам, олабавете се од БИЛО која тема за корона и не висете пред телевизорите чекајќи го Филипче. Ако пратите 24/7 не значи дека ќе се смени нешто. Ако уопште не искачате од дома (не зборам за оние кои работат и мораат да искочат), не се замарајте уопште. И трошете си го времето поквалитетно Поздрав и чувајте се