Колку сум среќна..Не верувам дека има посреќно девојче од мене.Тоа што го чекав го дочекав.Сеуште не ми се верува.Дури и заплакав од радост.Не знам што да кажам.Само сега ми е страв животот да си поигра со мене.Не дај боже......Ај да не мислам на лошо.Само уште 5 дена.Не можам да дочекам.
Признавам дека мајка ми е перфектен готвач, знае да зготви се и сешто и тоа секогаш со извонреден мирис и вкус. Едноставно обожавам да јадам се што ќе зготви таа. Но навистина ме нервира кога ќе ми рече е ти неможеш да го погодиш тоа јадење, не е едноставно за правење, чекај де јас ќе ти направам. Е неможе бе мамо јас сакам сама да зготвам и точка. И така чекам сите да излезат, да влезам го кујна и да ги засукам ракавите. Така и денес, што ли не сум зготвила, скоро цел ден во кујна го поминав. А пак кога си дојдоа кога пробаа само пофалба до пофалба. Како ми е мило така кога ќе и докажам дека можам и јас одлично да се снајдам во кујна.
Многу ме живцира кога им објаснувам нешто на некои а тие упорно ти го вртат муабетот во друга насока. Па накрај ќе те направт како ништо да не разбираш. Незнам дали да се смеам или да плачам па ги оставам да се дават во сопстевената игнорантност. Им го жалам умот,ама стварно!
Сите познаваме некои девојки кои се дотеруваат цел ден, сите имаме такви другарки, она како ова е мој ден си пуштив купка, запалив свеќи, романтична музика, зедов чаша вино ииии сум се допиралааааа...ниту едно машко не дркал со чаша вино никогаш.Како би изгледало тоа ооооо зарем е Жилавкаааа, а не Вранец било, од 90-та која година е што е ова...никогаш никогаш, али она што ние како машки мораме а вие девојките не морате и е наша обврска, да купиме кондоми...вие не знаете што се случува девојки додека ние купуваме кондоми, а она мораме по обичај, али сме социјално ретардирани кретени од онај тип ЈААА НИЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ,силина народ БАЛКАНЦИ али тоа се додека она кога сме сами и треба да купиме кондом. Постојат неколку видови на купување кондом, а најлошата е онаа во супер маркет и идиш на онаа тракана на каса ама не носиш само кондоми туку полна кошница со доместос, банани, киви се се и на крај испикано во ќош кондомите, а она позади тебе баба некоја со масло и тоалет папир...идиш ти на ред и молиш бога да не заглави она бипачко срање на кондомите...бип бип бип бип бип...се извинувам јас нешто проблем со бар кодот, пробува на секаков начин и на крај следува она...САШКОООООО ОО САШКОООО ОВИЕ КОНДОМИВЕ ЕКСТРА СМОЛ ДУРЕКС КОЛКУ СЕЕЕЕ, аааа не не се за мене за машково се, ма не ми треба ни мене е*ати матер бегај да се кријам...
Ме сака ,не ме сака,ме сака ,не ме сака,ме сака ,не ме сака .. Господе,не те сватив,да бројам "ме сака,не ме сака..." или "идиот е ,глупак е,идиот е...."?
Сеуште не ми е јасно како можев да ја направам таа проклета огромна грешка. Сум бил слеп за толку лесно видливи работи. Сум го подарил целокупното внимание и верба на една таква личност - нестабилна на било кое поле , способна таа верба толку лесно да ја злоупотреби. Личност која ѓи уништи нашите животи , а што е уште полошо животот на нашите блиски и она најсветото кое човек може да го има. Личност која направи сите околу мене да ме гледаат со сожалување -кое кога човек го гледа во туѓите очи е толку непријатно.Не ми е јасно како токму таа личност е сеуште предмет на моите размислување , кошмар кој ме измачува толку ноќи. Кошмар кој ја убива мојата желба да станам од кревет и да продолжам со дневните активности. Јас кој бев толку ведар , полн со оптимизам и енергија , секогаш смирен сега сум нешто спротивно . Деновите ми се мрачни , полн сум со мрзливост и недоверба , изнервиран од секоја ситница - ситуација која ме убива. Те молам господи прости ми за грешките и дај ми сила да се вратам на вистинскиот пат , зошто веќе не можам да се препознам себеси.
Многу ги сакам театарските претстави... За жал, најчесто се некои вулгарни глупости...иако има и добри.
СДК...WTF. Полош де од овој здравје. Дојде тој. Немавме се видено 3 недели. Се изгушкавме, се излапавме и ајде ќе гледаме филм, па уште и романтичен. Го изгледавме и типчето по навика, после филм си сака "забава". Досега три пати се случило, со петинг да сврши, уште не сме имале секс. Сега не бев расположена за тоа и му реков. Добро се смири. Тишина од 10тина минути и тој пак почна. Се запали целиот. Му викам немој. Добро, нели ти е убаво? Викам не, не сум расположена. Е зошто ми го кршиш филмот... Молам?? А кој ти е тебе филмот. Ама ќутам и ништо не кажувам. Ме праша дали сум сакала да си оди. Сакав, потсвесно многу сакав, ама му реков остани уште малку и пак замолчев. Виде не виде, остана уште 10 мин и си отиде. Жал ми е за него. Ме сака, а тоа ужасно ме иритира. Тој иде со намера да си помине убаво со мене, додека јас размислувам како да прекинам со него. Уште на почетокот му реков, не се заљубувај во мене, а тој зошто сум му викала така. Не знам како е да се биде во врска, не сум добра во овие работи, а тој не ми верува и е упорен. Си дадов доволно време да видам како ќе иде, ама секогаш е се полошо за мене, чувствувам вина. Како да му го кажам тоа, а да не го повредам!?!? Како...?
Еден посебен круг во пеколот за оние што си ги додаваат професорите на Фејсбук и им се улизуваат на секоја слика и објава. И уште еден за оние професори кои, кога би немале Фејсбук да се искажат, би делувале попаметни.
И уште еден за оние професорки кои ојавуваат видеа на кои се пијани, заедно со сите пропратни глупости што ги направиле таа вечер
Ке ставам оглас дека барам личност која ке ги копа (знаете во која смисла копа )луѓево на фејсбук,фемина,мене да ме копа кога ке треснам нешто.Да се испосмеам бе.Деновиве ме фаќа ноќна криза,сакам да се смеам.Сакам да се исцерекам.Како што правам на темата Смешни Мислења ама се изгледав бре.Дај бе луѓе заебавајте се морам да се смеам!
Еве ме на случајно ја слушам од Sting If you love somebody set him free. И да! Така си е ако сакаш некого ќе го пуштиш да си оди, ќе го ослободиш! А ако сакаш некого стварно стварно ќе го пуштиш да си оди со: Оди бе оди оди си у пичку материну да се носиш! Ако стварно сакаш некого после пет чекори ќе извикаш: Еј ! И кога ќе се заврти смирено велиш: -Сааш да ти правам друштво до таму бе а?
Сонце не ме грее, сонце каде си тииии . Овој дождов буди некоја носталгија во мене, неможам да го поднесам . Мрзлива недела, цел ден пред компјутер во пижами, со слушалките в уши...
Мајка ми е ,,лошата мајка,,. (Не во права смисла бе) Работи на болница и кога има дечиња со покачена температура таа ги масирала салам додека мајките само ги галеле. Сега кога јас имам температура ко ми дојде со газите и водата...Масажа,масажа. Сега сваќам зошто малите дечиња би ја нарекле лошата тетка. Јас- Мамо докторите го прават ова? Таа- Абе тие само наредуваат. Јас- Х ви наредувам да не ме масирате. Таа- Ау, ти почна предвреме да наредуваш незавршена докторке.
Дадов премногу. Ништо не зедов. Сеуште незнам сметки да правам... Не треперам повеќе. Од тука па натаму сум невидлива.. На кој му требам сам ќе ме најде. Не играм повеќе. Game Over.
Одсекогаш ме иритираше оваа мисла и ми се гадеше кога ке видев некој да ја пише но по прв пат ја сватив и јас ке ја пишам МНОГУ ПОЗДРАВ ЗА ОНИЕ КОИ МИ ГО ЧУВААТ ГРБОТ. За оние кои ме мразат ПОЗДРАВ ЈАС СУМ НА ВРВОТ. АМИН
Срцки сте со телефоните. Само незнам како не ви е досадно и заморно цело време на телефон. Каде и да се заврти човек сите зјапаат во телефонот и типкаат по екраните. Интернет уклучен по 24 часа на ден. Не дај боже да стигне некоја нотификација, а да не ја видиш во моментот... свашта може да се случат. На кафе со друштво, на ручек со друштво, на прошетка, на клупа во парк, на Водно, по кеј, на предавање, на работа, во диско, на журка, секогаш и секаде. Мене искрено би ми било напорно. Сакам да се гледам во очи, а не да гледаме во телефонот и да ќутиме или едниствен муабет да ни биде: „ Ејј види овој што постирал„ , „Ејј го прочита ова„ , „Леле види го ова човече„ .... Досадно е, напорно е, едноставно жално е. Се губат скапоцени моменти така. Ако ти се дреме на интернет седи дома и дреми, не искачај ако планираш цело време да го поминеш со телефонот. Ќе речев не е за секого неограничен интернет, ама не е до тоа, до луѓето си е затоа што буквално сите го прават истото. На сите им е достапно сега и сите се испогубија некаде во просторот и времето на интернетот не ги перцепираат физичките контакти повеќе. Многу неубава гледка. Меххх, се е некако пусто. Си го гледав Гризли и ме разнежни некако убаво, многу сакам природа и животни. Многу сакам живот.