sakam da kazam deka itno mi treba mobilen zosto ke zbudalam skroz, ne izleguvam nikade a sega ni na viber ne mozam da komuniciram mojot se rasipa, nemam pari nitu mozam dase nadevam da kupam i i i i se mrdnav sama vo 4 zida
Стварно не мора да чекате да се појави пандемија од која ќе умираат луѓе за да си ја поправите исхраната, да ги откажете или барем намалите цигарите, да издвоите пола саат во денот да повежбате. Без разлика што сте веќе слаби и здрави, да се сакаш себе, значи и да се грижиш за себе постојано, не само кога сфаќаш дека си на ризик.
Ден број не знам кој. Некоја рутина се разви, да не си одат само деновите. Кожата на лице ми е прекрасна, што убаво си се шљапкам по 10 минути сабајле и навечер. Се чувствувам малку растргнато од информации, излегувајте на прошетка, не излегувајте, на прозор седете, не знам веќе. На 4 дена излегување ми е за сега во ред, секако немам тука голем круг на луѓе со никого и не се гледам. Среќа цимерката ми е погодена, уште мачка ни фали по дома. Ме презаситија луѓе периодов како никогаш до сега при средби во живо. Сите се експерти, сите љубат да се класифицираат како интроверти/екстроверти, да си припаднат во некое катче, да си бидат дел од некоја група. Во ред е сето тоа, ама немојте тоа да го користите како основа за дискриминација. Зашто баш тоа го правите. Се запрепастив од темата за работа од дома во периодов и како жени, да жени, жени што треба да се поддржуваме зашто уште многу имаме до точка рамноправност, се напаѓаат за имање/немање деца и работа. Зарем не го надминавме тоа? Зарем уште се судиме која што одлучила без да знаеме било што за неа? Зарем не сме доволно истренирани од милото ни општество (во светски рамки, да не се занесуваме дека Македонија е посебна) дека треба да си ги испитуваме сите постапки по 100 пати, постојано да споредуваме што не сме и да се срамиме од заслужените пофалби? Наметнатата самотортура е толку присутна и не можам да разберам зашто наместо да си пружиме поддршка ние уште толку се осудуваме една со друга. Нејсе, премногу ќе му дојде ова за недела наутро, без оглед на тоа што сум една од привилигираните што не ми прави разлика дали е недела или четврток. Убав ден и уште поубаво утре.
@theowndemon , @ЕденЧлен да пишат дали сеуште играат. За @WildMk знам, жената игра Симс. Јас денес вака оти надвор врне дожд , па мора акција во домашна атмосфера. едит : @Ketchup , @Cutiepie1 , споделите и вие ако играте нешто.
А да се пријавеш во некоја националн гејминг тим во Де.Добри парички зимат.Ако сакаш можам да те препорачам на еден гешефт фура за еден од подобрите тимпви во ДеАма пак ќе треба да дојдеш да живееш кај насОти тренинг центарот им е тука.Имат многу добри активности покрај гејмингот.Масажи, фитнес итн
Навистина ? Мене од хоби, не играм често, ама си сакам акција за да не ми е монотоно. Не знам зошто не сум се родила машко, спортски ТИП сум , цел живот се дружам со машки, едино имам 3 женски другарки, другото се е машки, дури и се понашам како маШ Абе пааааааа, ќе ме предомислиш да си имам во предвид за кај вас. Убав ден пријателке
Кога ќе ми текне за кои професори мислев дека се богови со надчовечка интелигенција а уствари тешки имбецили биле и успехот достигнат им е од "за инат на комшијата".... ми иде со глава во ѕид да си влезам. -Добрата страна на короната.
Никогаш не сум играл CS, ама има една мулти-плејер игра..што ја играв порано, хакСбол..постои и сега.. Едит. Баш сеа, симнувам некоја игра на фон
Зашто да не?Многу фин млад дечко .Роден е во Де мајка му е германка татко русин.Има и женски гејмерки.Една од нив е и жена му.Визионер е голем.Имат продажба на трикоа како фудбалерите абе цел бизнис.Со огроми профити.Кога победат добиват големи пари.Имат спонзори што плаќат исто добри пари што на трикоата ги рекламират . Пред кризата имаше намера да го шират гејмингот накај Минхен или Франкфурт. Имај и ти убав ден
Денес, нешто позитива во мене и велам дај да се слушнам со другарки, другари. Нз дали е до мене, ама секој себеси се гледа. Не знаат да кажат нешто ново, интересно. Се тоа па тоа, не дека има нешто, но ете, пренеси нешто, кажи. Со сите праев муабет 3 до 5 мин муабет максимум. Која со маж, дечко. Која настината, па не крева. Не знам каде грешам. Тука СК, сум сама, кој ојде за Бт, кој е овде а далеку живее. Кај мене во населба, немам никој и тешко е. Just need some friends Ајде на камера му велам, кој ми гмечи, ми турка.. Се прашувам, до мене ли е? Премногу очекувам? Јас не знаам да го живеам животот? Немам партнер.. И тоа кочи. Не знам што како, но ова чудо не тера на ПРОМЕНА, ОГОРМНА.
Еххх периодов ништо не се игра,здравје понатака,во фаза на селење бев,и фати ова коронава и не успеав све да си земам од стариот дом.Ама ке се вратам појак хааха Имај убав ден
Почна полицискиот час, а дома нема ниту зрно кафе. И еве, почнаа паника да креваат моиве, како ќе преживееле до утре. Јас како не пијач на кафе, си седам од страна и си се смешкав на маките нивни, се додека не ми го открија какаото... Другариве сите инсталираа Кантер и ме молеа вчера да им се приклучам... Немам играно од 8мо одделение, второ полугодие. Што ќе идам џабе, ботовите ќе се поефективни од мене. ПЕС/ФИФА некое кракче/хакче за онлајн да не знае некој да ги спуштам малце чаламџииве?
Дота да не игра некој ? Ајде ботчиња мои, да се пробаме А дојдов иначе друго да кажам. Да не се лажеме дека после карантинов, ќе излеземе како подобри верзии од себе. Напротив. Истите говеда ќе бидеме, со истите стари навики и начини, како и претходно, дури можеби сеа уште повеќе ќе земеме замав. Ај да постелам алишта, ќао
Недела попладне. Не памтам кога последен пат се слушало само гугукање на гулабите надвор. Прекрасен пролетен ден, сончево Се радува флора и фауна на мирната пролет. Но, мораше нешто да распара звук, полициска кола во надзор и по неа, по некое време итна помош. Само да не е нов случај на заразен на кој му е неопходна помош од луѓето кои ни го чуваат и спасуваат нашето највредно нешто кое можеме да го поседуваме, здравјето. Поздрави и восхит за сиот вложен труд на овие општествени херои.