Браво ма Херерке. Јас деновиве само Counter Strike 1.6. Да се потсетам на моите тинејџерски години кога немавме компјутери по дома, па идевме со друшто од маало у компјутерница и дремевме таму секој ден. @lovestoneddd Кога сакаш у дота ќе се решиме, ти само изрази желба.
Mи недостасува разговор со него, и после долго време. Пријателски, мил, топол. Толку разбран, емпатичен, секогаш со вистински совет. Кога правам ретроспектива сфаќам дека дозволив времето да ме одвлечка во поинакви насоки. Насоки по кои не требаше да тргнам за да не ми страда ,,душата". Во светов полн сиви одблесоци, сепак благодарна сум за контрастот, животните предизвици и незгоди. За злите луѓе и обидите да го искварат последното парче добрина. Сепак, на крајот мора да се заокружи целата приказна со сребрено јато на небото. А, дека можеше подобро - можеше. О, само колку можеше, ама за тоа во некој нареден живот.
Колку мразам кога ќе бидам игнориран од некого како само тоа ме вади од такт ми доаѓа да збеснам истиот момент...
Изгледа само ја за време на карантинов ослабев пет кг. Секојдневен стрес, веќе ни читам ништо поврзано со короната. Грло ме боли од вчера, во агонија сум. Како ненормална чистам се по мене, а од дома еднаш излегов во 20 дена и тоа до маркет
@GirlRose и јас ослабев Уште ова фалеше. Планирав да се здебелам малку ама стресот си го прави своето. Ќе издржиме, ајде.
Книга, чај, желба за промена, мотивација. Си ги читам потцртаните делови. Има доста работи што треба да се потсети човек.
Сдк... Ако оваа година не се зголеми бројот на новородени деца во Македонија ,- тогаш нека оде се у три п.м. Бидејќи сега во ова време на вандредно стање и корона вирус, сите мажи се дома навечер покрај своите жени и немора да бараат изговори дека до касно се на работа па дрд дрн и слично... Ќе мора да се прават деца инаку маф ни е работава А и згора на тоа нема швалераj бате
Барем да не ми е криво за овие што хистерично купуваа брашно, еве ги месат секој ден и објавуваат слики #СедиСиДомаИмесиси а па и на толку озборување мораше да се докажат домаќинките #ХахахахахаОкејСамаЌеСеИспратам
СДК го пљукавме јануари колку бил долг. Март испадна дупло по долг. Македонштина: од лошото има и полошо
Сакаш да кажеш дека нема насилство у Симс?, не си ги заклучувала во соби, базени да цркнат луѓето, да горат? Каков човек си ти? Зашто уште Мамли е квалитетен член? Не си единствената да знаеш!, не само слабеење, него и пари има сега, нема трошење по кафичи, кафани, искачања, подароци за родендени, тостери купување за свадби и остало, плус тишина, нема коли и мотори да брмчат по улицине и пијаници да се дерат пред зграда. Еве сега и сите слегуваат да фрлат ѓубре наместо да го фрлат од тераса бидејќи им се шета, почисто е сега маалото. Се плашам да признаам, али потајно ми се допаѓа карантинов, сеа за лето ем beach body, ем пари за некоја дестинација подобра. Едино стресовите се малце тиња ама мора нешто да се жртвува. Спојлер -АМА ЈИПИ Тоа можеше и без короната да го правишш ако подобро си го организираш времето и и и....
Само што морав да помогнам од медицинска лежалка да ја качат една баба во маалото што не и беше добро.. Не ги ни кривам што не можеа самите да ја качат иако им е работа, криво ми е што видов во таква состојба една јака жена што кога бев дете ме викаше на колачи често.. Сакајте ги и почитувајте ги старите и изнемоштените, нема друго..
Добро утро народе Времето е свежичко надвор, но мене ми одговараат ниски температури оти ми паѓа притисокот ако е топло. Тоа значи да го допијам чајот , палиме патиките, готово , ми помина ПМС , можам да трчам и да се вратам назад во природа. Сите вие што ме читате, не земајте пример од мене, не живееме во исти услови ( во исти држави), не сме во иста ситуација , така да, вие слушајте препораки од таму. Јас продолжувам со шемата моја - во зраво тело, здрав дух - Ќе ви го постирам видеото кое Шпанија го праќа како порака на Youtube , а Џени ги има преведено зборовите на српски , па може да ја разберете пораката. #останетедома Песната е идеална за домашно вежбање , одличен ритам Убав ден на сите