@Herrera aј жити се' доста тролаш со тој ПМС, сите знаеме дека знаеш што е мензис а што ПМС и само чекаш некој да ти се закачи со коментар. Епа еве го коментарот, да не ти е за џабе.
Сакам да кажам дека се потсетив на нешто. Ја загледав мајка ми како прај салата, премногу зеленчук земаа. И прават во тавче за печење салата, јас им кажвам дека имав богат појадок, уште нешто ситно за ручек и вечерам салата, и тоа во вангла ќе си ја напрам. И тука ... ми текна. Кога бев мала, сите финансии одеа во новата куќа и немавме многу. И се сеќавам дека салата беше луксуз. Се јадеше поќе на леб, малку манџа, малку салата колку да залепи. И секогаш дома ме прекорваја дека претервам со салата, кога ќе се мажам немало да има за секој посебна салата. И ете, дете бев, ама мислата некако ми остана иако години покасно, еве сме дома сите, со посебна салата, секој по вангла. А, бев од оние деца шо одеа во бавчата да видам дали доматот се вцрвенил, дали морковот е спремен за вадење. Сакам зеленчук, барем то мислам дека се забележва. Ова ме носи до следната поента за која сакам да коментирам, а то е „кај свекрва ти нема да е вака“. Цел мајтап на страна и таа личност која ја прикажвам која сака мајтап и која е полна со разбирање - е личност. Сите свесни сме. Реално, разгалена сум, не кријам. Да, прам и мајтапи и отворена сум кон мајтапи ама до степен. Имам граници. Само дете до 10 години. Бубашарот цел живот ми беше: „свекрва ти“. Прво, не ни сакам да живеам со свекрва, а второ ако ете некогаш стигни да живеам со свекрва неќам да е бубашар. Мислам ... барем сакам да мислам дека сме понапредни од ова. Свекрвата не мора да е непријател, можи да е пријател. Патем, и светот е напреден и радо би живела под кирија него со уште една фамилија безразлика дали та друга фамилија е нечии родители или пак рандом коегзистирање. Зошто каде има многу луѓе, таму има многу проблеми. Таму има фрустрации. Таму има неможност да се исполнат одредени желби и цели. За долга љубов - само на дистанца. Ме интересира, со шо ги плашат машките деца ако женските ги плашат со свекрвата? Или социјалните норми предлагдаат потчинетост само на едното дете? Пред да ме сфатите грешно, не мислам дека било кој треба да се потчинува. Грешно е. Некогаш ни сама не знам како не пораснав онака како шо ме растеа. И мене мистерија ми е. И последна поента која сакам да ја коментирам е исхраната на децата. Ако дете ми јади зеленчук, нема на крај памет да ми иди да му давам поќе леб и грицки и да му намалвам зеленчук. Пошто колку и да сакаме да се лажиме, салата моментално заситва, малку протеинче и ете си заситен за подолго време. Хидратот ти дава енергија, ама не те држи сит колку и да сакаш да се убедиш дека е така. И од тука, ве молам, ве молам ставајте им здрави навики за исхрана на децата. Барем како деца нека се хранат здраво и дел од тие навики ќе им останат и понатака дури и кога нема да се хранат толку здраво во тинејџерските години. И после тинејџерски години многу полесно ќе им е да се вратат на здрава исхрана. И то е то од детски фрустрации и трауми. Thank you for listening to my TEDtalk.
Знаеш дека влегуваш во ПМС кога отпосабалје имаш желба за с.. с, па и времево, пролетно уште поќе мотивација дава Yeah baby!
И да си знаеш. Мене онака социјализација не ми фале. Добро ми е вака цел ден дома, евентуално во двор и толку. Пари заштедов. Дури и помалку алишта се перат пошто по цел ден сум во едни исти. Не се пресоблечувам цело време. Ако не, барем ќе заштедеме некој денар од овоа
Многу е лошо кога си имаш работа со хаотичен човек, со хаос околу себе и во неговата глава, па предизвикува хаос во се останато, а потоа ги обвинува останатите, несвесен за себе си. Без да знае да даде вистински насоки, без да знае како да се управува себе си, туку се оди стихијно. Многу, многу лошо...
Инспирирана од вас луѓето сакам да кажам две работи: 1. Знаете ли дека казната да прегазиш човек е поголема од казната која ќе ја платиш ако не стигнеш дома и ако се движиш на улиците за време на полициски час? 2. Во маркет не сакам да ми доаѓате во 5 за 8. Мојата работа не е само вас да ве услужам. Треба да приберам. Немам вишок пари за да давам за полициски час оти вие не знаете да дојдете пола саат порано. Ајде еден двајца ќе разберам ама сите во толку да дојдете? Ајде јас живеам блиско а тие што живеат далеку?
Последниве денови само ќе ми текне нешто и сама си се смејам и коа ќе сфатам дека тоа го правам ме фаќа страв...
Пред 26 години, на денешен ден е направен саундтракот за филмот "The Crow". Ако сте into gothic, морничави работи и мрачна атмосфера ви го препорачувам да го изгледате. Исто така ако сте љубители на Џокер, да знаете дека црпи доста идеи од Гавранот, поготово оној на Хит Леџер. Иако филмот не ја достигна посакуваната слава, остави траен белег по две ствари: 1. Трагичната смрт на Брендон Ли, синот на големиот Брус Ли. Под сеуште неразјаснети околности, куршумите во еден од пиштолите на сетот се заменети со вистински, по што е застрелан и почина на само 28 години. Светот загуби еден голем филмски глумец и предобра личност. 2. По саундтракот на кој присуствуваат безбројни големи имиња од светот на рок и метал музиката. Дел од нив се само The Cure, чија песна Burn е водечка во самиот филм, Pantera, Nine Inch Nails, Rage Against The Machine, Violence Femmes, Stone Temple Pilots и многу други... Од таму и доаѓа мрачната, готска, морбидна атмосфера во филмот... До ден денес е останат како еден од најдобрите саундтраци, евер, прав репрезент на 90те. По тој повод, објавена е статијава за како всушност дошла соработката со сите големи музички имиња и стварање на истиот. Секоја песна си има своја приказна позади неа... За сите љубители на рокот/металот еве ви ја плејлистата, па ако не сте ја преслушале до сега, нека ви биде денешна "домашна работа". Уживајте. P.s Color me Once од Violent Femmes ми беше долго време на рингтон.
Пилето ми пее, рано на сабајле Добро утро народе, како иде ? @Billy Idol , фала што не потсети на филмот, после ќе го пуштам да го гледам @Ketchup , друже , ај види го и овој филм Белата змија , 7/10 оценка од моја страна Кога сме кај бизнис вестите https://www.biznisvesti.mk/wizz-air...ta-na-site-letovi-od-i-do-skopje-do-30-april/ Ќе морам да ја известам сестра ми, они се сеуште во Македонија на одмор со малото, колку што знам имаат термин за вакцина на детето на 27 Април и ако се одеше според планот , ќе се вратеа назад тука. Аман веќе со затвореите аеродроми, не знам до кога лудилово. Туку да не се вознемирувам уште рано сабајле, цел ден е пред мене , да го почнеме денот со чајче и да го изгледам гостувањето на " Тошо " - мојата непреболена љубов на сите времиња Убав ден на сите
Кога ќе видам коментар како некого го занима туѓиот живот, историја на болести и како се викал, како изгледал, кој го родил ми се А притоа тој истиот самиот не се погледнал во огледало, не ставил рексона под мишки, не се измил, ама затоа ушите ко на Глупчо од 7те џуџуња наоштрени и се да се слушне. Тажно. Реков ако од пандемијава не излеземе како подобри и променети ондак сме зезнале. Туку ајде и јас едно чајче да си испијам како што вика @Herrera денот без чај не е ист, јас би рекла без чај и кафе.
Денес на пола час морав до град. Немам излезено скоро 3 недели, точно 3 недели. Последно бев на факултет, кога разбрав дека ќе се распуштат децата од училиште. Колку е само језиво низ улиците. Има луѓе чат пат, сите забрзани, сите со наведнати глави, да завршат што имаат и да бегаат дома. Гледајќи низ прозор толку ми падна тешко. Нема растрчани деца, нема замуабетени пријатели, нема насмеани другарки кои си шеткаат. Се е тмурно, исто како времево. Нека заврши веќе. Побрзо нека заврши.
И после пак да не верувам дека малер е да се вериш на престапна година Јас пошто работам немам време да играм игри или да се занимавам со нешто, поради ситуацијава одам дури и прекувремено и кога ќе се вратам што побрзо, да се дезинфекцирам, да јадам, да одмарам... Минатата недела имав некој ден земено, се занимавав... Ама не е тоа тоа веќе. Зошто? Иначе играм и плејстејшн, ама досаден ми е пошто е двојка, па си купив нинтендо, ама сега не е тоа тоа, мислев ко порано ќе ми биде да не сакам да станам од него, ама ми се здосади и тоа, супер марио два пати да умрам не можам да дочекам исклучувам. Книги само купувам, две огромни полици имам, а само две од нив сум прочитала и тоа не знам ни дали цели. А порано спиев гушната со нив не можев да се одделам. Сега, не можам да се натерам да земам книга во рака. Филмови, имам колекција од топ 100 омилени филмови. До толку обожавав филмови што самото тоа што имам огромна колекција дома мислам кажува се. Порано, броев за 12 месеци гледав 300, маратонски негогаш по 4-5 на ден, профи бев да ме прашаш знаев се тата мата за филмски свет од 1918та до 2019та, сега од јануари наваму три имам изгледано. ТРИ! "Направи сам" работи милиони по дома, и тоа го обожавав. Па купувај материјали, па на сите им правев украси, уживав... Сега едвај кога бев слободна направив нешто, т.е само нацртав и исеков нешто, ме мрзеше и да ги залепам двата дела и толку. Да цртам сакам, имам регистратор со милиони цртежи мои, кога го открив кубизмот па маста им ја извадив на платната што ги имав, за роденден од друштво ми купија онаков сет за цртање 3 метри постоље со огромни платна за цртање, па бои, четки, палети, се имам, пресреќна бев кога го видов поклонот. Една слика направив и толку, приберено е се некаде под кревети. Порано, паузата на раб ја користев за да си нацртам нешто. Исто и со боење мандала боенки. Сите ги имам. Карти сакав да играм и општо друштвени игри, ги молев да се собериме да играме нешто, сега се чудат што одбивам карти да играме. Во Џамбо да шетам... Едно што сега не можам, не е во ред да одам, ама немам ни желба. Еве утре и задутре дома сум, само си зборам со себеси пресреќна е сега ќе цртам, ќе бојам, ќе гледам, ќе сменам нешто дома ќе украсам. Аха, ќе седнам на моб и ќе рефреширам фб на секоја 24та минута, последно тоа го правам не знам ни сама зошто. Порано, не отворав фб и со денови. Може стареам, може сум се презаситила со се, може е период.... Дремам само дома, не знам ни дали муабет правам не се сеќавам. Кога ми ѕвони моб некогаш и не кревам, ме мрзи да прам муабет. А ете пример не ме мрзеше да напишам толкав пост Којзнае што ми се дешава, ете да тргнам мисли од се она надвор, да размислувам за ова. Зошто моите омилени работи повеќе не ми се интересни? A, сакав и ептен да се дотерувам. Манијак за алишта купување бев. Кавги за тоа со сите имав. Сега истите алишта 4 дена ги носам.....Кога сум дома па два дена по ред во истите стани, во истите легни. Косата само си ја праев со некои плетенки, па внатрешна, па надворешна, па рибина коска, па две, па една како венче, па не знам што... Сега, 3 дена во пунџа ја носам и тоа пунџа со рогови од секаде.....
Не сфаќам што е спорно тука? Ај помала нека е, ако прегазиш човек прво да поминеш со опомена па пак ако прегазиш да одлежиш или да платиш нешто ситно, а ако те фатат да се движиш на полициски час нека те стрелаат на лице место. Освен ако не си нешто грешка, или јас сум којзнае, какви времиња дојдоа да не знае човек ни што зборува...
Искрено не сватиф што кажа ама да го појаснам мојот пост: Ќе ме прегазеа две коли кои брзаа да стигнат на време за да не го фатат полицискиот час.Една од тие две коли ќе ме прегазеше на пешачки. И не само парично туку и цемата на совеста е повисока.
Ми требаат неколку карти во еден правец до Голи Оток, да одморам од некои луѓе.Каде можам да најдам? Мене ми треба психијатар, масажа и 7 дена одмор на некој убав пуст остров.Да си се печам како гуштерче, да си пливкам и да пуштам мозок на пасење. @piksooki имаш малце утка во редоследот на буквите, се пишува сФатиВ, не обратно