(Не)времево требаше да го изнесе најдоброто од секој од нас, да биде сплотеност и сочувство, хуманост. Но и тие малку кои се борат за тоа, се губат под налетот на себичноста и нечовечноста на толпата. Само пустош оставаме зад себе. Самите се поразивме. Не ја заслужуваме Земјава.
Дечко на форум си секој ќе ти одговара и цитара како сака и кога сака. Чак и ако нејќеш да те цитираат оди пиши у темана сакам да кажам (без цитирање)
Ај на дада умното пиче Симпатијо моја, морам да те разочарам. И после сето срање со "вирусот " нема да има никакви промени во македонскиот менталитет. Пак ќе бидеме сите мизерни, зајадливи, љубоморни , себични, алчни суштества и ќе го пикаме носот во туѓи животи. Па форумот ти е идеален пример за тоа. Ехеее ако почнам да ги копам сите постови каде самите членки потенцираат колку сме мизерни како народ. Ајде јас ќе те цитирам оти на темата е дозволено да се дружиме.....еве пример како изгледа ти ме немаш тагирано, а јас те цитирам и нема врска твоите зборови со тоа што мене ми текнало да те цитирам без причина Ете така изгледа во пракса кога јас си пишувам за ланскиот снег и од никаде негде некој неповикан ќе сака да се дружиме на темава и му се прави муабет па ќе се убаци со изигравање паметњакович. Чекај да ве пребројам кои членови останавме што не пишуваме во оние катчиња за млади, стари и породени, туку сме неопределени. @Cutiepie1 @Herrera @poenta @zalosna @Bridget Хммм, @SummerGirl - ааа не, она пишува во темата мајчински муабети, не не, си има зафатено страна Се приметува дека ми е досадно ? Инаку , читав стари муабети на форумот од 2016 година и искрено, исто било и тогаш , со карања и поделби , едино дознав кои 2 повозрасни од мене форумџики се омажиле за форумџија од друг форум, не од фемина, добро е, значи се зголемува бројката. До вчера мислев дека @referentka , се нема подбуцнато со никој од форумот , ама откако ја читав со @lunicka , мноооооооогу работи ми се разјаснија. И јас би играла така, само мудро , не бе, реков , оваа година ќе ја номинирам @referentka за форумџика на годината. Не очекувам никој да ми реплицира , гласно си размислувам, темава ми е катче и тука си кажувам што ми лежи на душа. Продолжуваме со читање
Се мислам, дали да ти дадам..нешто да читашш... bTw. Јас мислев на @Feminka22 , а затоа што она ми одговори...и она мислеше на мене. Така да, одговорот на моето прашање е ДА, а не...НЕ.
Затоа што ви фаќам сеир до следното ваше препукување на форумот , да сум во тек кој со кој не се трпите Не е забрането да се чита цел форум или треба да имаме забрана ние неопределените ? Асл, плс
Да, слободно стави ме во групата сеирџии. Нема лутиш Па нели ми го прочита постот, ние македонците го пикаме носот кај што не треба, ве читкам посебно во темите за македонски јавни фаци , сите до една го пикате носот, па ете јас не ве дружам, ама од страна ве читам ( значи си го пикам носот да ве читам ) и така гласно си размислувам. Знаеш, полесно е вака.
Јас: Сакам да имам убав, среден профил на инстаграм со decent фотографии, да намалам со селфиња и да не постирам толку често. Исто така јас секоја втора недела:
Си ја сменив службената сим-картичка со телефонот кој го користев претходно... и сега да ја известам сестра ми... отворам Вибер, ја наоѓам и и' изнапишав три глупости во наш стил, за да на крај добијам порака дека сум грешка... во истиот момент ми врти некој дечко и оттаму и ми вика јас сум од Струга, не сум таа што мислиш. Како се деси ова нз, сите броеви си останале исти, сем овој испад.
Цело време слушам како некој свири гитара, не можам да дефинирам од каде доаѓа, а не сум луда, жими сѐ .