Мразам луѓе што со сила се прават позитивни. Позитивен ако си јас ќе заприметам, не мора во фаца да ми плескаш на секое демек позитивни работи, да ми солиш памет, да ме замараш на секое со позитивности демек биди ко мене видете ме мене позитивата. Знам личност што ни еднаш не рекла еве биди позитивна како мене или јас позитива ви делам ко шо рекле тие шо со сила се прават такви, а личноста е нон стоп со некоја енергија, насмеана нон стоп, 300 на сат збори ама интересни работи и обожавам да бидам со неа секое време. Знам и личност што со замарање со сила ме тера да мислам дека е позитивна а не е, ми делува како недозреана, неизживеана, малце жал ми е и малце ме јаде нејзин срам понекогаш. Доблестите што ги поседуваш и да ги поседуваш ќе ги изгубиш во мои очи ако константно ме замараш да ме убедиш дека ги имаш. Ако некој е некаков ќе се види, ќе се запримети, ќе се збори за тоа, ќе се споменува, ќе се дознае, ќе се рашири. Ако ти ме бомбардираш сам/а со фалење дека си некаков или некаква во случајот за позитивност зборам, само правиш да ми делуваш патетично.
Ми прифалија домашните, ама денес после муабет ме потсетија зашто уствари претпочитам вака повремено да ги гледам. До толку тврдоглави луѓе, па ја не знам што ќе беше. Ги знам ја дека се такви, ама кога ќе заборавам дамла ме удира кога ќе ме потсетат. Ти им викаш дома седи, они ти викаат се дезинфицирале кога доаѓаат. Што дека еден седи дома кога другиот со 20 луѓе има контакт. Паника креваме, мерки непревземаме. Разбирам јас невообичаена ситација е, не се навикнати да седат дома ама аманте бре, па не бара никој од вас бубрег да давате, дома треба само да седите, гзот да не го поместите. Што сакате имате, од телевизија, до интернет, до игри, до материјали, до книги, ја не знам што уште ви треба. Две во 30 квадрати еве не преживеавме, дојдени со по еден куфер, вас ви било тешко дома да седите. Сите до еден се ризична категорија, сите до еден се тврдоглави. И ич немам грижа на совест што не ми е криво што не сум дома. Бар вака раат ќе си готвам сама, ќе си организирам време сама, не да се расправам стопати како пита со спанаќ не е порција зеленчук. Јадете ли здраво и различен зеленчук? Да, вчера за ручек имавме ориз, пилешко и цвекло од тегла..... И не се лажете дека едуцирани луѓе поише разбираат, сите се едуцирани и сите се глупави. Да се потсетиме, ти колку сакаш труди се да помогнеш некому, додека тие не се спремни за помош и отворени да прифатат совет, џабе. Ајде сега медитација и книгата да си ја дочитам, ептен ми е погодена. Глупаци....
Ми се спие, уморна сум,а се уште е рано. Деактивирав инста, ми треба мир од толку многу информации. Сакам мирен сон.
Денеска..дури во 3..дознав..колку се заболени, и тоа беше единствено што видов за вирусот. Предобро е, кога не знаеш.
Исто, веќе не можам. Не дека не сум загрижена ама претерано е веќе, сите само корона корона корона. Преку таквата.
Прво јануари ни беше долг. Февруари престапен и тој долг. Март колку двата месеци заедно. Тек април што ли не чека ?!?
Последниве месец и нешто денови не го отворам форумот односно темите. Сѐ е во врска со корона. Не сакав да се преморувам дополнително, не сакам ни вие да сте преоптоварени со вирусот. Ќе помине. Сѐ ќе помине. Сметам дека карантините во многу земји се за да се обнови озонската обвивка, природата, флората и фауната, Планетата земја. Летово ќе биде весело, ќе славиме што сѐ е завршено, ќе го славиме животот што не сме го ценеле правилно, слободата и здравјето што сме ги занемарувале цело време. Летово ќе биде прекрасно. А прекрасни ќе бидеме сите ние. Позитивно и оптимистички расположени!
Дали откако ке си ги отвориме чувствата со тоа автоматски даваме на знаење дека сме достапни па интересот се намалува? #прашањашчомемачат
Со самото признавање точно дека се зголемува егото, ама па зависи до личноста. Некои баш напротив уште повеќе ќе се заинтересираат, а некои не... Шта речи...
Ставила слика на профил од докторка која после скијање во Италија, донела корона во Македонија и заразила десетици луѓе. Ставила нејзина слика во знак на поддршка. Поддршка на личност од медицинската област која заразила луѓе со корона. Ете и такви ликови има на форумот.
Јас: цел ден активна, ми се спие, пијам мелатонин неколку дена, имам надеж дека конечно ќе спијам сама. Исто така јас: го пропуштам прозорецот за мелатонин и према свежината шо ја осеќам лежејќи во темница и тишина, ќе биди долга ноќ.
СНошти пред легнување се туширав и облеков чисти пижами. Теснички Се тешам- тазе испрани се, ќе се пуштат. Утрово, пак тесни. СдК, не е до материјалот и кројката, до НАС Е
СДК , конечно 1 април Да видиме кој ќе биде денес во форма за лажење за да го одбележи денот ? Ај да почнам прва јас : Раскинавме со мојот ( хахаха можам да му ја замислам фацата ако ме прочита , срцуш еден мил ) Се очекува сонце надвор, што значи ќе палиме патиките пак ? Убав ден на сите
Зимото немаше баш снег низ скопската околија, но еве денес како и пред неполна недела реши да надокнади. Изразуваме искрена благодарност, бидејќи тоа ќе го подобри водостојот но и расположението кај голем број луѓе. Истовремено молиме да не им наштети на градинарските култури кои никнуваат во ова време. Убав снежен ден на сите!