Кај мене во маало моментално е дури малку језиво тивко. И минатиот викенд беше вака. Само милиони врапчиња се слушаат. Не знам дали секогаш вака црцорат или сега посебно излегуваат дека никој нема по улици. Од каде ли се најдоа толку врапчиња да ми го развеселат дворот Од кај мене од прозор се гледаат две споредни и една главна улица. Жив човек нема никаде по улици. Ни по дворови, ни по тераси. Е ова ти е почитување на полициски час Кога сум на тераса добивам чувство како да сум во сред шума со милијарди врапчиња околу мене. Мртва тишина владее. Бар некое дете од двор да пуштеше глас колку да се разбие тишината, ама...Сите се дома. Туку здравјето е најбитно и што сме сите на купче. Тоа ме смирува. Има милиони семејни интеренси занимации и игри за вакви моменти. Не значи дека ако сите се заклучени треба депресивно да биде. Се присетив на сите кои се сами во овие моменти и навистина ми е жал...И за моите баби и за сите останати кои се нашле затекнати во вакви моменти да се сами без своја волја. Среќа па телефони постојат и бесплатни минути како поддршка за сите кои се сами
Еве што прават во наше маало.Редат камења изработени од мали рачиња Акцијата трае само 3 дена , а има веќе над 375 камења.Не сме ја нашле змијата од камења се уште ама штом ја најдеме и ќе донираме шарени камења.Мислам дека оваа атракција ќе остане како обележје за едно лошо време да не потсетува на човечноста и колку сме едни од други зависни и не треба да бидеме егоисти.
Многу членови на форумов би имале голем бенефит од посета на психолог. Евентуално психијатар. Еве вака јавно ќе си апелирам
После точно 29 години од осамостојувањето дојде ден кога сите граѓани на земјава треба да ја платиме сметката. 29 години крадење, лажење, манипулации, компанзации, корупција ,мито и непотизам мора да се платат. Тоа што малкумина ги правеле а сите ќе ги плаќаме во облик на скапано здеавство, обазование ,полиција, судство и секоја скапана пора од општеството÷е тоа е друго. Од никогаш не сме ни биле свесни дека не се што сјае е злато. Незнам дали сето ова што се слува е за нас како народ лошо, зашто ќе се удавиме во сопствените фекалии или е добро, зашто ќе видиме до каде сме заглавени и колку вредиме.
Скоро сите се жалевме дека викендот од два дена е прекраток, но сега знаеме како е да трае со недели. Е, видовте сега. Ги бараме тие работни денови од понеделник до петок. Добро, што е до мене можи од петок до недела да е викенд. But you get the idea.
Позитива на денот ми е твитот @stetoskop , @Dadusicka , морам да ве тагирам, на вас ми појде умот , ваш стил заебанции Жена во карантин
СДК, се потиме од жешко , времето ко во Јуни месец Надвор се излезени и младо и старо, врие од народ, се осеќа раздвиженост. Ги истргав зимските алишта, во вреќи вакумирав зимски палтиња. Летото може официјално да почне. Господе, колку е топло, топол воздух , аман, базените се затворени, дајте побрзо нека заврши циркусот со корона да се изнапливаме ко човеци. Пак да повторам ко расипана лента , СЕ ПО-ТИ-МЕ
Немам клима дома, најискрено. До душа, цела зграда никој немаат клими во становите. п.с. имам вентилатор , дува ко да не вува...ќе треба од Амазон да си нарачам нешто појако да дува
А може ли нешто јавно на цел форум да ти кажам ? Да бев 10 години помлада , ќе те киднапирав , мој тип на човек си, баш такви машки како јас што сакам. Знам, ќе му пренесат на мојов скринови што коментирам на форумот , ама морав да си кажам , нема да се лути маШ ми. Младо едно ( дај бе да те посвојам, син да ми бидеш ) @stetoskop , ако е со лапеза made in China од подалеко нека ладат , боже жено, немој да се менуваш, те сакам ваква "откачена" , се надевам и мене ќе ме држи тој позитивен дух ко ќе стигнам на твои години
Да,да од тие кинеските ,на долги стапови што се ...таман на 2м растојание ќе сте...плус двајца - топ има да биде ...
А почeкај малце, има заеднички да го посвоиме и делиме старателство јер он се изјасни јавно кој членки на форумов најдобро би го чувале @Cutiepie1
Сакам да кажам дека мислев дека само на вечер не можам да спијам, иако се осеќам премногу уморно. Еве сат и пол лежев и сега само уште поспана шо сум. Никако наспана. Десет минути сон ако ми се собраа. Ова со спиењево како некој cruel joke ми е.