СРЕЌНА СУМ После толку страв, сепак заминав и го поправив забот, да со анестезија, воопшто не болеше, 10 минути работа. А јас, препотена, кутрата, се тресам...докторкава ми пушти песна Спојлер од даниел и желката за да се опуштам ама ја труп пак ми е страв...ама со лесно си поминав така да сите што се плашите, да не се плашите оти воопшто не боли со анестезија знам дека нема да ми верувате, како што не верував јас...ама кога ќе осетиш на своја кожа, друго е и така и јас да не останам покусо... Од денеска некако го осетив летово ама онака баш лето ај бидете поздравени
СДК денеска за првпат годинава јадев лубеница... Нема поголемо задоволство од јадењето лубеница во лето. За мене лубеницата е цар на овошјето исто ко што за Сашко Коцев прасето е цар на животните се додека не проба лав.
Иритантно е кога ќе здогледаш како го поздравуваат сите Јули како да е човек, иако кога ќе помине некој човек до нив не го ни забележуваат. Или барем се прават дека не забележуваат па вртат глава. Јули е уште еден месец во годината и неговиот почеток не може да промени ништо во нашите животи, туку ние самите треба да внесеме промени. Лето е луѓе, оладете (иако надвор е жешко, тешко дека ќе оладите) али пробајте. Јуни, Јули, Август, па сите ли ќе ги поздравувате? Одете поздравете се со луѓето кои сакаат да ви направат едно здраво, а вие постојано ги игнорирате.
Толку лошо се осеќам,треба да водам битен разговор на телефон ама неможам како човек да се искажам знаејќи дека некој од моите ме слуша,многу се нервирам
Пред некој ден пишував каква сум спрема него, а тој и покрај тоа е прекрасен спрема мене. Си ветив дека ќе се потрудам да не бидам кучка и да бидам благодарна што имам таков човек покрај мене. За овие неколку дена врската ми стана уште подобра, а тој е уште попрекрасен. Влегувам денес кај него, а тој ја поставил масата, риба затоа што јас многу ја сакам, а тој ја мрази. И гравче затоа што тој го сака, а јас баш и не го обожавам. Се погрижил за секој детал, иако денов му беше прилично лош. И како, како да не бидам благодарна и како, како да му го сјебам денов наместо да му го разубавам? Се разделивме со насмевка и блескави очи. Среќен е, а јас уште посреќна.
Од каде да почнам... Знам дека ме немаше долго време, но бев зафатена со испитите и задоволна бев, се додека не паднав два. Четири положив, но секогаш мислиме на тие што ги паѓаме и пак тоа се јавува тоа чувство на незадоволство. Ама Август е тука, па што биде нека биде. Во родниот град сум, често излегувам со пријателите кои ми се тука, убаво си поминувам и се трудам да живеам како што живеам во Скопје, динамично и брзо, колку тоа и да изгледа невозможно тука. Пред некој ден си седев на фб, нели да видам што има и се запрепастив кога видов дека другарка ми и бившиот си разменувале лајкови Абе од толку луѓе него ли најде... патем се сетив дека ја викна на кафе и јас не сум морала да знам. Не знам дали тоа го направи од инат за да бидам љубоморна( уште порано) или зошто навистина сака да има нешто со неа. Ама не е ни важно, тој што сака лошо да ми направи самиот лошо си прави. Оваа година не одам на одмор, се нервирам зошто нема со кој, а нема ни кога. За брзо треба да почнам да учам ама до тогаш има да се изнашетам и да се изнауживам, па ако треба и базенот на сестра ми ќе си го наполнам со вода и ќе си седам во него, па нека зборуваат комшиите.
Од овие дечкиве што носат поштенски пакети со комбе се ставив со еден несакајки. Едно се паркира кај нас на пат и не се помести некое време. Додека излегов на пуш пауза, чујам мотор вергла ама не запали. Комбето го идентификуваф за расипано. Ај во добро расположение сум, му пријдувам на дечково, заглави ли бре другар, што е проблем? Од Унгарија момакот, два збора на англиски, три на маџарски, се разбравме дека мисли акумулаторот му е празен. Имам полнач и се разбравме како така, да дигне хауба, јас ќе донесам полнач. Со макарата за струја постелена преку патот, чуркаме на цигари, на од моиве, на сега од моиве, и чекаме пола саат да си ја полначот направи магијата. Од што не се разбиравме, се разбравме, како он ќе си оди за Унгарија во петок, како има две деца едно машко едно женско, и како јас барам некој да ми смени ќерамидите за добра цена. Муабет со раце. Важно си направивме друштво и муабет а може врска нема што јас сум разбрала или он мене, може за говеда и кози ми кажувал како колат, а јас на него како чистам прозори додека мавам раце во воздух и покажувам накај куќата, ама за пола саат се наполни акумулаторот и запали комбето. Успех.
Не можам да ги разберам жените што го мразат фудбалот. Па како бре луѓе не ви се гледаат толку убави лица и толку кхм секси тела? Фудбалот е 4982946824682762086 пати подобар од турските серии Апел: Жени гледајте фудбал, не знаете што пропуштате!
Па не е да се гледа фудбал само заради мажите, туку треба тоа да е и од интерес, да се следи, да се разбира човек од тоа.Додека за сериите, тие не се гледање.
Се согласувам дека треба и да се покаже интерес за гледање, но зборот ми е дека не мора да се разбере нешто за да ги гледаш мажите. Чисто поради плакнење очи само.
Ги склопив кориците,и ја притиснав на градите небаре ќе можам да ги впијам и некаде длабоко зачувам сите стихови од неа. Книга Во неа има реченици што би сакала да ги запаметам дури и кога дишам рамномерно, во ноќите. Што се книгите? Пат до фантазијата? Можеби свет околу кој градиш окови и само ти пловиш низ него. Вечност се. Животот и моментите се минливи,си велам,секогаш кога ги пакувам куферите со спомени,ги трупам еден врз друг некои драги некои со боја на тмурното небо. Сите ние со себе си го носиме својот куфер. Со денови ноќи соништа и спомени скриени во најскриениот дел од срцето. Доволно длабоко,за да останат и заминат со нас.
Како може толку да се немало осет, кој и каде пушта ваква нападна музика во ова време, дали се замислувате сами на планетава или што, брее колку не остана основна култура во луѓево, само јас, јас па јас им е во глава. Алооооо, 1 саат е и се наоѓате во мирно тивко маало
Сакам да си кажам и да си се пофалам дека сум пресреќна кога си ги гледам испакнати стомачните мускули и им се радувам како мало дете на нова играчка Ми влеваат огромна самодоверба, не само тие, целото тело си го доведов до совршенство, сама, без нутриционисти, ни лични тренери и такви слични работи... Сам свој мајстор! И да, се исплати упоното вежбање, додека некои ми се смееа кога си одев да вежбам, или кога одбивав да јадам хамбургер, пица, и пециво после ноќно излегување, и сега јас ќе им се смеам на одмор на истите Е така !
Чувството кога си испокасан од комарци и многу те чеша, почнуваш да се чешаш онака крвнички баш си пушташ крв, те боли ама убаво ти е. Е ај сеа
^ Истото и јас работам. Се чешам целата како некое куче сум Ни аутан не ме спасува мене, нема ми спас Се решиле ќе ме јадат комарците
Kako da izcheznala svetlinata od moite ochi. Sega sè e temno. Kako da sum zarobena vo telovo. Toa samoto bara da bide oslobodeno, a isto i dushava. No, ima neshto koe me sprechuva da zaminam. Emociite, isprevrteni. Nemaat kraj. No, imale ili nemale kraj, kje moram da gi trgnam. So seta sila koja zhivee vo ova prokolnato telo i ovaa iskinata dusha, moram da se boram. Ljubovta, tagata, srekjata, nasmevkite, solzite, vo eden moment mora da soprat. Ne znam koga kje dojde toj moment, no kje go chekam.
Добро бе комарци, толку ли неможете да си најдете женска па мене сте ми запнале,м?! Сфатив дека ме сакате, добро. Сега ќе може да ме оставете малце? Фала, бидете ми поздравени. ПС - Имам дечко, да си знаете за друг пат.
СДК дека никогаш не сум го гледала Wild Child. Можда би размислила за некоја друга верзија, у режија на L. V. Trier.