Отворив инстаграм после 100 години. Се собрале 10 души пијат и пишале- Остани дома. Сега јасно ми е се. Филипче те молам кажи им дека треба секој во својата дома!
Ако сакаш фати пешки, ќе се бањаме во море. Се зезам, да не ми се разболиш. Кога ќе се смири ова, дојди ми на гости.
Објавил Филипче слика од тимовите на терен, па иде статија по повод тоа. И коментар под истата: Од госпожа од дијаспората, античка македонка, поборничка за Маќедонијацеладае, госпожа со право на глас од дијаспората за земја во која никогаш нема да живее, а воедно со изванредна глупоќа. Што очекуваше госпожа?! У апостолки да се?! Не разбирам... сериозно, не разбирам како може некој да е така глуп?! По све да се плука и кога е ок, тоа е сериозен психички недостаток. Ах уел...
Наеднаш ептен актуелна стана темата Љубовни проблеми и совети,а и Ми треба совет и мислење е веднаш зад неа. Се прашувам дали карантинов има замешано прсти?
Од кога ми е родено детето првпат сум будна сред ноќ, а она да спие. И бидејќи секој е погоден од ова срање, немам храброст да се пожалам на никого, да кажам дека имам несоница заради тоа што ќе биде после корона, кога луѓето се грижат за своето здравје и живот. So here goes nothing.... СДК дека се грижам како ќе живееме. Не како ќе преживееме сега, туку како ќе живееме после. Сите во долгови, психички паднати од затворањето дома, можеби и со изгубени блиски од болеста, без работа и без плата, секој афектиран каде и да живее на овој свет. СДК дека подепресивно не сум размислувала никогаш. И тоа што се сметам себеси за позитивна и силна личност. Кога се ќе заврши, сите ќе завршиме на психијатри отколку во кафани. СДК дека сите сме во ова заедно. И колку и да ми е негативен овој пост, сакам да се секавам колку ми било тешко кога еден ден ќе биде подобро. Never take anything for granted.
НАЈНОВА ВЕСТ!! ПРОВЕРЕТЕ САМИ!! Домашен тест кој рано укажува на потенцијална инфекција со КОВИД-19 Значи неможам веќе
Според секојдневието, за жал на луѓето им проработува инстинктот за преживување во овие вонредни услови. Полошо од што се надевав. За разлика од животните каде што опасноста веднаш ќе ја видиш и ќе биде избегај или убиј за да не бидеш убиен, обележи територија, човечкиот начин е многу попрепреден и безобразен. Не знаеш опасноста од која страна ќе дојде и ако не си малку паметен, ќе паднеш во мрежа во која може да те изедат и многу пострашни ѕверки. Гуштерот го испушта својот опаш за да го залаже предаторот, луѓето местат други луѓе или надредените ги местат подредените за да изгорат. Кај животинките се вика круг на животот, а кај луѓето се вика безобразие.
СДК невработените немаат право на парична помош пошто нели навикнале да преживуваат од воздух? срам да ви е политичари душата на земјава ја изедовте и уште сте незадоволни...мизеријоо...
Коа ми викаше чичко ми сите политичари и цела фамилија до 3то колено треба да се стрела на плоштад, мене жал ми паѓаше за фамилијата, сеедно на годините... Сеа више и не...
Сега ги слушнав последните мерки за Коронавирусот и одамна ги очекував. За сите што сеуште не се информирани полицискиот час се зголемува од 16 до 5 секој работен ден, а викенди воопшто нема излегување. Сега е моментот, мерката е многу добра. Сите да останеме дома за што побрзо да заврши ова, да можеме пак да одиме во школо, на факултет, на работа и секако да се вратиме на шетањата од претходно. Бидете силни периодов, го можеме ова!
Ете така , се прибрав дома. Битно се исфарбав и со мокра коса шетав , надвор 22 степени , луѓето со боси нозе, по куси ракави , веќе ми е незгодно да сликам и да постирам на форумот оти не е фер. Додека кај вас фрчат забрани и казни, овде не се осеќа никаков притисок. Никој не носи маски, се шетаат народ , млади и стари , единствена промена е што секој држи растојание, не се групираат. Се чув и со мајка ми додека бев надвор , па викам дај да и пуштам камера за доказ да види дека се шетаат народ , дека не е исто како во Македонија и жената испаничена како вас тука од форумот : сине, седи дома, да не се заразиш, чувај си го здравјето..... Де бре мамо, ништо не ми е , само носот ми тече од алергија де и вадам марамче да си го секнам носот, жената ме гледа на камера Инаку , како сте ми вие ? Се ли е под контрола ? Како ве држи расположение ? Ај да ве читкам @buba4e89 , да се смири ситуацијата и ќе гледам да се организирам со мојов , па штом испадне прилика , може еден викенд да дојдеме до кај тебе, сакам да те изнагушкам , мнгоу си фер спрема мене тука на форумот П.С. Само да не заборавам, како што знаете, јас не пијам алкохол, а кога бев да пазарувам , даваат ваучери во вредност од 10 евра , па еве ако некој си порачува онлајн , мене не ми треба кодот, ви го оставам, кој му треба нека го искористи.
Од денес ќе се грижам за сопственото здравје, и психичко и физичко. Почнувам да вежбам по дома, ќе си учам секој ден, ќе одам утре до маркет да си испазарувам зеленчук и овошје, ќе го светнам станот и ќе се издепилирам (за себеси). Се надевам дека планот ќе ми издржи барем една недела.
СДК постојано фантазирам за периодот од Мај до Септ. како да не постои коронава. Тажна ќе сум кога ќе ми стане реалност дека ништо од тоа нема да се исполни.
Сакам некаде да кажам, да испука оваа горчина од мене, да излезе лутината, да го снема бесот..... До кое ниво треба да дојде човек кој цел свој 30год живот го посветил на сопствено градење на личност, првенец на генерација,најдобар успех во цел град, со 9.7 просек на студии, во меѓувреме целосно посветен да им помага во полјоделските работи на своите родители... Оти нели, од тоа ти го плаќаат образованието. Ниту еден лош збор речен од никого. Ете токму таа личност, денес е приморана да се срами, да тропа по врати, притоа дотичните подмолно и со потсмев да ја растеруваат од врата до врата.... Токму таа личност,која беше херој за наставничката во прво одделение,гордост за своите родители,сега е приморана да моли за е*ени 7000 ден. И за кои сигурно ќе и најдат ,,рачка,, за да не и ги дадат. Социјален случај се води таа личност!!!! Камен да е ќе распука и од горчина и од лутина. Неправдите кои секојдневно ги гледам, дополнително ме докрајчуваат... ,,Замислував дека ќе се снајдеме подобро,, - ме толчат зборовите на мојот сопруг и моите родители,убедени беа дека еден ден ќе се исплати мојот труд и нивниот влог во мене. Ееееее државо моја, те сакав и те сакам ама само мојата љубов кон тебе не може да го прехрани моето дете... Денес ме натеравте да се чувствувам најизвалканата хартија фрлена во контењер,погазена, засрамена.... Направивте моето достоинство,моето знаење,заложби,дипломи и награди дс бидат залудни.....
Државава секогаш ќе ја почитувам и ќе ми биде и остане "дома", ама изгледа ќе остане и вака нееманицпирана, неадаптивна и ненапредна, без да може да ти понуди ништо повеќе од она нормативното во општеството. Ништо повеќе од она што е просечно или на горна граница дури кога ти се бориш со нокти и заби.
Дали ми било успех Срце, ти нема да бидеш на мое место. Господ златен да е, ми ги слуша молитвите и успешна станав.