Е арно, ќе се тешиме на форум, виртуелна поддршка Најчуден тип на луѓе ми се оние кои седат на плажа и цело време се печат, си седат со саати на сонце и никако не им текнува да влезат во море да се освежат. Баш имам една другарка таква, пред 2 години бевме заедно на одмор друштво, 6 души , женската мака си нема, 6 саати си седи под сонце грбот црвен ко пиперка, и викам ајде ма оди да пливаш , она ми вика, аааа не, сакам да се печам. Кој ги знае како издржуваат така, нема шанси јас како водна жаба сум.
Се потрудив, овојпат навистина. Наредив индиски миризливи стапчиња - mashala, подготвив црн чај со млеко и цимет, запалив свеќа, удобно се сметив и почнав да медитирам за да го релаксирам умот. После петнаесет секунди медитацијата заврши со скршени стапчиња, трескање врата и извадени укучани од памет. Ајт у бестрага, и карантин и здравје и сВе...
Аууу сте збореле за топло... Јас веројатно у претходен живот сум била гуштер јер и у овој обожавам да се печам на сонце, за мене нема топло кое не можам да го издржам. На плажа исто со саати си седам под сонце
Цел ден ми е лошо на психава, се борам цело време sane да останам во ситуацијава, намерно го избегнувам форумов пошто паника ми ствара... И отворам да видам евентуално што има ново, ја гледам факинг @Gosh како отворила цела тема за тоа како газот си го бришете во карантин и еве ме, урлам како неарна 20 минути во 1.20 по полноќ. Ако ме пријави некој, толку е, како ќе се правдам, како ќе се пустам. Како да не те сака човек мори, мрш
Многу пати имам кажано ама изгрејсонцата овде ми се фантазија. А додуша едвај го чекам летото,слободните денови да ги користам за на плажа. Сонце,плажа,песок,море мммм
СДК , светла точка на вчерашниот ден беше темата на @Gosh за корона и вршење нужда уште се смеам , а вчерашниот ден ми заврши со црнци Легнав кај 22 часот да спијам и ми текна да пуштам кој прави live stream на Youtube и начекав црнци од Гана кои зборуваа на тема Коронавирус , слушав едно пола саат, се напнував да им го разберам англискиот , па се откажав , ги оставив да си муабетат и заспав. Денешниот ден ми почна со чај ( тоа обавезно , со лемон секое утре на празен стомак пијам ) , @buba4e89 ме расположи со она што постирала во коронавирус да се насмееме малку , се чув со мојов, го испратив на работа и денот може да почне. Па да седнам ко човек да доручкувам и одиме на прошетка во природа додека не фатило жешкото, да искористам до 12 часот. Убав дена на сите
Сакам да кажам дека јас јадам многу риба. Малите ги јадам цели со се коски, големите со се гла и опаш, уште не сум се охрабрила за коски. И уживам во ова. И преѓе видов едно гифче од дебело маче, а дома така ме викаат секогаш кога имаме риби за јадење, па ме фати смеа зошто се препознав. Јас се надевам дека мачето ви го прај утрово како мене шо ми го прај.
Убавини, можам само да го замислам мирисот на морска вода. Милина за душа Јас да сум како тебе, да живеам на место каде има море или океан, ма има по цел ден да си шеткам по брегот и да си седам и да гледам во далечините Тука суша ќе фати од што е топло. Огласи на сите страни, се бара медицински персонал за грижа и чување на болни лица во клиниките Едино што можам да се пријавам во ова досадно време на Корона е како помошник во тие болничките автомобили додека ги пренесуваат болните, па да им придржувам инструменти, боци , помошен материјал....за тоа не ми треба школување. Озбилно почнав да размислувам на мини џоб ( 40 часа месечно ) да разбијам досада и плус некој џапарац , па после ќе си продолжам со старата работа, ова само да пополнам премногу слободно време. Ај да видам која клиника ми е поблиску да аплицирам. Досада ме фаќа.
Читам книга на тераса, сонце пече и птици пеат. Сите се по своите дворови. Работат машинки, циркулари-почна полицискиот час. Еден комшија, дедо, си седи во двор под сенка и на цел глас си ја пее "кажи зошто ме оставиии" Им довикува на комшиите дали сметало што пеел. Едногласно кажавме: Не, нека продолжи. Сега на репертоар е: "има ли песнаааа, ааа"
@Herrera дај ми малку од твојата енергија и немрзеливост плисс Не дека јас сум којзнаее колкава мрзаа ама почнувам да бидам....
5 минути пред 16 часот, пред започнување на полицискиот час од денес. По пат кон дома во овој дел од градот во кој во вообичаен ден е лудило, се свири со коли, се тискааат една до друга, сите нервозно брзаат. А можело мир и спокој Спојлер Па балкону дојдов, има да се изнауживам на денешниов сончев ден на тебе
Убав ден. Сонце, мир, тишина, само се слушаат црцорењата на птиците. 16 часот прекрши. Сите се веќе по дома. Дојде и татко ми. Направи таратор, шопска, кој што обожава. Седнавме на тераса, пивнавме по една за дезинфекција од нога. Наздравивме, за...ништо посебно... Ретко сме имале можност за овакви седенки поради работата. Ретко сме се гледале во последно време. А и тогаш кога сме можеле, не сме го ценеле. Убаво е да се поминат овакви мигови, како за промена. Во секое лошо, има и по нешто добро. Живели.
Џабе мерки и трубење за превенција како да се заштитиме од пандемијава. Некои луѓе никогаш нема да научат што е тоа лична хигиена.
Запаѓам у депресија више 3та недела дома седам се пулам у зид, мислам за мојот живот колку ништо ми нема смисла и колку сум осамена. Ако продужи вака не знам кај ќе бидам