Со драга волја би ти дала екстра енергија , но за сега само можам да те советувам да си почитуваш препораки кои ви даваат таму кај вас. Немој да земаш пример од мене : тоа што трчам секој ден , што сум излезена во природа и што еве аплицирав и за додатна работа 2 пати недело ( баш да видам дали ќе ми одговорат) е поради фактот што сум во други околности и јас немам никој дома кај мене. Глава сечам ако една од вас би издражала сама дома на подолг период , значи не зборам за месец, два , туку за повеќе месеци - тоа делува на психа да си сам и затоа мора спортска активност , да се троши вишокот енергија. Мене животот ми е сведен на работа - дома - работа - дома, од ко се запознавме со маж ми пред година и пол, он почна да доаѓа на гости кај мене и јас идев Мк на неколку дена за да можеме да се зближиме и запознаеме подобро па се до оној чекор до кај што сме дојдени и двајцата. Моиве од дома ептен го сакаат, дури и повеќе од што ме сакаат мене , ама затоа пак немам забелешки за свекорот и свекрвата , битно е никој да не ме напнува и тогаш и јас сум мирна Ако некој со душа чека да помине сето ова - тоа сум ЈАС - едвај чекам да отворат граници и конечно да дојде тука и да си живееме заедно. Да беше веќе дојден, жими се најмило , немаше да седам на форум , бидејќи ќе имав личност до мене , да му се посветам, да поминуваме време заедно. Ама тоа е, мора трпение - спасение. п.с. @stetoskop , жено, ти имам ли кажано дека ми делуваш смирувачки на психа ? Ако ти немам, да си знаеш, после оние "игрите" кај што ме дружеш на форумот , твоите зборови имаат ефект
Све ќу ,све ќу ,да ти дааааааМ само тебе да имаааааМ .... Натаму -instrumental Следен чекор ми е да те хипнотизирам да видам до кај можеме со искреноста да тераме ... Убав денов денес
СДК дека после долго време собрав храброст да ја направам најголемата глупост, да ги изразам моите чувства баш на тој што не треба да ги знае. Или ќе излезе нешто добро од ова или сум закопана форевер... Битно моето си го направив.
кога сме кај сонцето ја обожавам пролетното сонце ни многу топло ни многу ладно онака таман да си направиш кафе и да седнеш во двор со тивко музиче и кулираш..вчера така си направив и на бебушот му беше убаво во стомачето осеќам ...кај и да е едвај чекам да искочи да се запознаеме па заедно да си уживаме да си имам друштво
Епа тоа е до свесноста на народот џабе овде изолација кога пак излегуваат и се групираат во групи и не држат растојание. Поздрав до тебе.
На куќава имаме голема тераса што гледа на југ и на запад. На пладне е убаво за седење на страната каде што гледа на југ, а попладне на запад, сѐ додека зајди сонцето. Прееска си седнав надвор откако почна полициски час, си го зедов лаптопот со мене и си пуштав музика по мој вкус. По пат ретко кола да помини. Комшиите слушаа музика со мене саат ипол. Исто така убаво ми е и во тишина да седам сѐ до зајдисонце. Да ги слушам врапчињата како си црцорат и штрковите како штракаат со клуновите. Тешко паѓа карантинов, но мора некако да се крепиме. Мора да се издржи.
Нека продадат некој џип и ќе се спасат од "кризата". А ќе остане нешто и за донации. Нек се гонат у три лепе!
Пази, во време кога народот нема, они би уште да му земат. Јас не знам што треба да се деси и што уште треба да треснат "божјите" лица, за да народов престане да ја велича баграва паразитска неработна и да им фрла пари. До кога само не знам..
А оној индијанецот на ИВЗ, ако не му помогнела државата финансиски ќе ги врател сите верници у џамиите. А бе ова верскиве лидери се најголеми преваранти
Тие што најмногу ме повредиле, згазиле и уништиле, најсреќни се после тоа. Не сфаќам животе.. Проклетството ли е, што ли е..
Ме плашат хелихоптериве што летаат над градов не знам колку прелетаа од кога почна полицискиов час.. Нас ли ни е се чудно поради тоа што се насобра со вирусов, со 5g не знам стварно.. Се надевам ќе помине се и ќе продолжиме да си живееме нормално..
После пола година укапирав дека ми тече црна вода глаава коа ја мијам не од шо сум стока небањата, него од шо турам црн гел туш на ќелаицава коа носам фризура со патец на среде...