Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Ако сега немате осет нема никад да имате.
     
    На deskarada, Alisa22, Cutiepie1 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Пари им требаат што те чуди?Тие исто како и другите имаат потреба од финансии.
     
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Она кога си дивјак недоделкан во душа ама сакаш на социјални мрежи да се претставиш фино оти си решила дека е време дама да стануваш и да се придружиш на група која секогаш одмерено и културно пишува. Па пука бес од навидум фино склопени реченици за кои се трудиш долго да ги напишеш пред да стиснеш -испрати. Зошто си ја мачите душичката? :D
     
    На GirlLove, deskarada, FallenAngell и 4 други им се допаѓа ова.
  4. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.960
    Допаѓања:
    15.972
    Пол:
    Женски
    Има еден муабет шо доста луѓе, постари, го велат и ми се чини ко паметен :
    'Луѓето милион работи направија и никој не ги разбра.'
    ' Не, насекое чкрап, чкрап со телефоните, па објави на фбу, инстанта, добро дотерани, нашминкани, очила за сонце, стил, ваму сум, сега таму сум, деца внатре во душата некои се трули и празни'
     
    На Milobebence, deskarada, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Простоќата на Македонецот ја гледаш во вакви времиња во верски и ЖДМ групи.
    Им било скратено правото на верско изразување на едниве, другиве гледале летечки тањири и мистериозни возови и автобуси, трети уверени дека патлакот на Букефал на плоштад емитира 5G.

    Мислам и гулаб да им слета на тераса ќе испаничат дека некој го пратил 5G да им донесе. :drunk:
     
    На S.W.A.G, CameliaMiller, buba4e89 и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Машки
    Животот почнува...кога стануваш независен.
     
    На poenta, Feminka192, @ster@ и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.495
    Кога трагаме по подобар живот... колку сме спремни да трагаме со вистинската личност до нас?!
    Или трагаме за исполнување на празнината која сме си ја создале од погрешниот избор?!
    Ако утнат ти е човекот...утнато ти е се... може да биде најдобриот човек на светот и најубавиот... но да не биде тој твој човек...
    Предполноќни контемплирања.
     
    На dayla, CameliaMiller, Hellobeautiful и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    "Арно" што им текна на овие од ИВЗ да се заканат за парички од државната каса, та благодарение на нив добија и овие од МПЦ, не дека немаа, ама не е фер секогаш нас да ни се крати, и за разноразни културни манифестации и за спортски настани, а за рамковниве и на претек имаше.
    Ете затоа ми е мило сега и МПЦ што ќе се офајди :D
     
    На senjorita-v и SnowWhite8 им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Добро јутро никоме..ај што не сум спиена ко што треба, него сликата што ја видов пред малце.
    Заборавив дека сме во тотален карантин викендов, отварам прозор да пушам цигара, гледам сѐ празно луѓе..
    Онака тажно ми дојде.Во рок од година дена што живеам овде, ова е прво саботно утро да е вака мртво.Ни куче ни маче нема да се вртка.Ептен жално.Обично не се седи од звуци од коли, сега освен птичји цвркот и комшииве на тераси што се, ништо не се слуша.
    Ебати животот скапан.
     
    На Rama, christinnn, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Сдк , им се чудам на паметот на некои луѓе . Во Германија , на не знам колку жители немало вакви рестрикции . Као ние мала држава , а се забрани за движење . Па нормално дека нема , нашите способни медицинари избегаа по светот , највеќе се во Швајцарија и Германија ... Плус болниците во Германија не можат да се споредат со нашите тука . Тешко на медицинскиот персонал што остана тука . И тие малку што ни останаа способни ќе колабираат од замор .

    Колку има сестри и доктори што завршија на Тетовскиот универзитет .. Поштувам секој кој со мака и многу труд станал доктор , сестра , болничар итн . во животот ,ама за оние со 500-тче во индекс , и те како ни се потребни мерките на владата .
     
    На Rama, @ster@ и Gosh им се допаѓа ова.
  11. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Женски
    поубава ми е тишинава да ги слушам врапчињата отколку коли да ми фрчат и мотори и неосетни луѓе за нечија приватност...
     
    На Rama, samovila.red., dayla и 9 други им се допаѓа ова.
  12. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    И јас уживам на сонцето и ја обожавам тишината, конечно малку мир од возила.
     
    На Herrera, Rama, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.782
    Допаѓања:
    169.640
    Пол:
    Женски
    Изгледа Сабота е ден кога сум инспирирана да пишам на одредени теми. Како и да е сакам да зборам за црно бели работи, и нијансите измеѓу и модерното општесво уз пат. 8-| Пак сум инспирирана од одредена група на луѓе со кои комуницирав вчера и утрово, надвор од форумот и онака на сред муабет сфатив како можам ова убо да го објаснам и зошто некои споредби се ептен ... без цел.

    Шо мислам под црно бели работи, и кои се нијанските измеѓу?
    • Под црно бели работи мислам на работи кои можиме јасно да ги дефинираме како лоши и добри. Конретно со тие луѓе зборав за феминизам и жената во општеството па можно е и некои примери од таму да ми се, ама ова не го зборам за таа тема туку е општо. Значи убиство и не убиство, можам да видам ко е црно, а кое е бело од двете. Што е со убиство од милосрдие? Тоа е нијанса измеѓу. Тука можи комотно да се откажите со читање ова е цела поента оти надолу малку се загинав. :D :tmi:
    Она, за кое осеќам потреба да го „искомуницирам“ денес е мала анализа на нијансите и зошто некои луѓе ги гледаат, а други ги игнорираат. Во мое мислење, свет каде се гледа црно и бело е свет во кој црното иако е лошо, се оправдува ради какви било причини. Пример, ако мажот си ја тепа жената во некоја од арапските земји. Тој има покритие тоа да го прави и не прави ништо нелегално и затоа би било бело, ама сите сме свесни дека од морален аспект е тоа што е - црно. Тоа би било „ниво еден“ на развиток на општество, каде уште се гледа црно/ бело и се нема способност да се видат нијансите зошто кај одредени индивидуи не е сеуште разграничено основното. И не можи да бараме решение на покомплексен проблем, ако не можи да се реши очигледното.

    И затоа, ете ќе го влечкам истиот пример, ние, како „ниво два(скроз измислени поими за да е појасно шо сака авторот да кажи), ни е јасно дека е лошо мажот да е подреден на жената и да ја тепа и омаловажува и сме способни да разграничиме црно од бело. Ама под ова второ ниво почнуваат да идат нијансите. Во ова општество моралноста е покомплексна и до негде индивидуална. Моментот кога бев инспирирана вака да си олеснам надолго, беше муабетот дека жените на интервју се прашувани дали планираат деца и дека некогаш тоа е клучно дали ќе ја добијат работата и дека од друга страна мажите никогаш не ги прашуваат дали сакаат и планираат да се исполнат како родители. Дека од жената се има очекување да биди мајка, од мажот дека е сеедно и од таму има поќе можности и дека оваа е некоја нијанса на сиво која е проблем за пола од популацијата (жени), а не е за останатата половина (мажи). Значи проблем постои и зошто не можиме да го решиме е зошто половината која нема таков проблем и не го гледа како проблем зошто не е црно- бел. Тоа е нешто шо и ете, мажот од арапска земја кој си ја тепа жената и е покриен со закон - не го гледа то како нешто лошо, па исто и сега човек кој ужива работно место и одредени привилегии не гледа на ова како со работата како на некој проблем. На ова ми беше возвратено дека мажот во некоја арапска земја ја тепа жената и дека I have it good ако еден од проблемите ми е да ме праша работодавец дали планирам да имам потомство. Што значи индивидуата незасегната од тој сив проблем - не можи да го види. Тоа не го исклучва постоењето на проблемот.

    Знам дека премногу примери има зошто сериозно се борам со себе како да го објаснам ова. Као го имам замислено во глата и прај смисла ама кога стигам да го објаснам е многу двосмислено и морам да го поткрепвам со примери, и некогаш не сум скроз сигурна дека се соодветни. Простете тие кои би се нафатила го читате овој monstrosity.

    Дали проблемот е проблем, ако не е црно бел?
    • Ова уствари и ми е целата поента на мислењето. Дали можам јас да речам дека имам проблем, помал, понијансиран и покомплексен само зошто е таков и зошто не е ептен еднонасочен и јасен? ДА. Одговорот е да. Еден проблем можи да има нијанси ли нијанси на комплексност, но ако е проблем - мора да се реши.
    Мислам дека вака ова е доволно јасно без да навлегвам во примери како претходно. Проблемот е релевантен иако е покомплексен и не можи право да се одлучи дали е црн или бел. Дали „вреди“ за ова да се збора само зошто не е како негде на друго место.

    Ако Африка секој ден умираат луѓе - тоа е црно бел проблем, ама нас за Корона ни било поќе грижа - тоа е нијансиран проблем. Ова е едно од најчестите на ова тема шо читам и едноставно е напорно. Немате шо да кажите или само рачка за карање си барате? Друго, често се вели дека жените денес имале права, сакале да бидат над мажот ама основни работи внатре во семејството не се средени како положба на брат и на сестра, дури и она со невработување само зошто жената се гледа низ призма на мајчинство. Тоа е нијансиран проблем. А црно бел е на тоа да речиш некоја да ќути оти има полошо, во арапски земји мажот ја тепал жената и таа немала свое јас. Да, овие црно- бели проблеми се полоши, и многу јасни. На сите ни е јасно дека е лошо. Сите во опсег на свои можности правиме нешто за тоа. Ама ако има една работа покрај која се водам - не можиш да средиш на друго место, ако немаш средно дома. Јас не можам да средам некој да јади, ако и јас едвај врвам месец за месец. И јас не можам да средам друг да не умира, ако мене ми се заканва Корона непосредно да ме покоси. И нормално дека прироитет секогаш ќе ни се најблиските, а да бидиме реални, скоро секое семејство има во најблиските некој кој има потреба од сериозна помош.

    Заклучок: Само зошто некој има полошо или само зошто негде има полошо, не значи дека вашиот проблем, мојот или твојот, е помалку важен и помалку вреден за внимание. Само зошто негде далеку се случва нешто за кое не си слушнал, не треба да те прави виновен да уживаш во можностите кои сам си си ги овозможил. И ако имаш во свое добро срце да одделиш и да се побориш за некој друг - супер! Ако не, никој нема право да ти набива вина за тоа. Пошто према мене, хуманитарноста е тивка. Секој за себе. Сакам кога е гласна за повеќе луѓе да донираат и да се хумани, ама најчесто е тивка. Така да претпоставките многу често не се на место.

    Thank you for listening to my TEDtalk.

    И за вие кои успеавте да го дочитате ова, пошто глава ме боли и сама не ми е најјасно шо имам пишано ама имам ненормален нагон да го напишам па ете го, повелете вотка пошто само то помагало да се разбери полесно.
    [​IMG]
     
    На Rama, CameliaMiller, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.495
    Ме нервираат сите што се жалат дека им недостигала јога заради карантинов, а немаат споено барем 6 активни месеци вежбање. Какви тоа јога зависници сте ако не сте способни да испрактицирате сами дома?!
    И уште неколку просеравања како им пропаднале патувањата. Се извинувам светски патниче, не те препознав од твојава претенциозност и сељаштво што ти висат токму на носот.
    Мислам, превртуваме очи сите, ок?!
     
    Последна измена: 11 април 2020
    На Gosh, Rama, FallenAngell и 15 други им се допаѓа ова.
  15. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    11.472
    Пол:
    Женски
    Сакам да изразам благодарност и подршка до сите вработени во маркети во ова време невреме.
    Што трпат да им се придерава некој што чека ред, па оти не пуштале повеќе луѓе внатре, ајде ќе почнел полициски час, па зошто само една каса работи. Извини господине тие луѓе на цел ризик одат на работа дур тебе газот ти е на сигурно дома за да има од кај да купиш леб и да преживееш, и не плукај таму кај што услуга ти е овозможена. А внатре гледаат колку што можат побрзо, прават се во интерес на времето, еден реди рафтови кај што фалат производи, таа што прска со средство им помага на луѓето на каса да ги стават в ќеса куцнатите работи, урнебес.

    Пазарев вчера и не можам со 6 ќеси да се однесам до дома па пошто блиску живеам му ја појазмив количката на Тинекс и не ми направија проблем. Кој ме виде се крстеше. Инаку злато луѓе се касиерките во Тинекс, еве јавна благодарност до нив. :)
    Ако сте виделе некој да турка количка до дома, да знаете јас бев.
     
    На Herrera, Gosh, Rama и 19 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.255
    Допаѓања:
    157.495
    За народ кој хронично пати од лоши избори, со лок даунов, покажавме дека стравот од немање избор му е поголем од стравот од корона. Се радувам што сме на скалило погоре на пирамидата на Маслов, ама после ми текнува дека стравот се однесува на немање избор за јадење...што аген е на дното на пирамидата.
    Но у секој случај, многу некако потресени за луѓе кои глават у погрешен избор на партнер, на кариера и слично... Чуден некој народ сме...
     
    На LiliBoz, LadyC и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  17. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.759
    Допаѓања:
    172.993
    Пол:
    Женски
    Кога некој не пробал нешто поубаво во животот и киселото грозје му е слатко :(
     
    На Gosh, Rama, FallenAngell и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.954
    Единствено позитивно во цела ситуација е што и под сенка ќе се исончам и нема да има потреба да букирам летен одмор. :lol:

    Како ми се угоди , обично по 2 саати знаев да проштам и да се изнатрчам, ама нееее, последниве 3 дена фино лепо , на кебе , со весник/ судоку, кока кола, 2 тоста и тоблероне рушам рекорди по 5-6 саати во природа и после тоа ми се примочува и се враќам назад.

    Вчера како си подлегнав под едно дрво на сенка , си пуштив Тесна кожа на мобилниот, слушалки на уши и се смеев , расположение 10ка.

    Господине Пантичу :rofl: , баш е фаца

    [​IMG]

    Ко се прибрав дома, идам под туш и гледам сум поцрвенела од сонце, а цело време на сенка се пазам, ама не бе, си фаќа сонцето. :sun:

    Продолжуваме со нашата шема во природа , на чист воздух и позитивна енергија :f:

    [​IMG]



    Убав ден на сите :hug:
     
    На Rama, Alishan30, dayla и 11 други им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Немав доживеано како е да завидуваш на нечиј успех. Доживеав и тоа.
    Јас сум била среќна за други и другите за мене не.
    Каква заблуда,сега слободно завидувајте ми.
     
    На Rama, Herrera, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    3.253
    Пол:
    Машки
    Така е, нема потреба од завидување.
    Животот е турнеја, не натпреварување. :handshake:
     
    На Rama, buba4e89, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.