Сакам бар малку да имам од онаа ароганција на луѓето без почит за туѓите обврски и време. Да си бидам комфорна во пикање на моите обврски пред нос на другите... зошто зборот "не" не е доволно јасен.
Сега сфаќам дека треба да вдомам кутре, покрај еден мачор што веќе имам дома. Мачор не можам со транспортна количка да извадам на шетање, ама затоа кутре со врвца да.
Тешко дека ќе здивнат Рефке, голем број маркети работат ама со достава до дома. Е сега не е гужва ко секој ден ама за да здивнат требаше 2 дена слободни да бидат
Викендов прочитав повеќе коментари од луѓе од Србија кои гласеа - Колку убава пролет, волку убава немало уште од бомбардирањето. Имаше и наши кои пишале дека одамна не сме имале волку убава пролет. Си дозволив да си заклучам - секоја пролет е убава повеќе или помалку (пред две години на пример беше извонредно прекрасна, багремите не памтам поубаво да мирисале), но едноставно ништо не забележуваме од секојдневниот стрес кој има поголема смртност и уништува животи повеќе од самата корона. Ми недостигаше работата во нормала... но сега... се замислувам... Луѓето втерани во калапот се умртвуваат да чувствуваат нешто повеќе или нешто поубаво од самиот страв, револт и фрустрација заради менаџерот кој притиска, но никогаш не одговара за неговите погрешни пристапи. Многу повеќе корпорации/фирми/институции убиле повеќе луѓе и спомени од една болест и од една војна. Згазени од времето многумина се лишиле од последна прегратка со своите блиски кои умирале. Многу деца не добиле целосно внимание зошто родителите со денови им се потиштени ради притисокот за резултати од менаџерот кој уште поалчно ги гмечи за да тој живее комотно. Многу луѓе добиле кардиваскуларни проблеми од долготрајна несоница заради стравот дали сработиле исправно и дали утре некој ќе тропне за да ги казни иако дале се од себе. Луѓето се поспособни да чувствуваат убави работи и во услови на наводна криза - пандемија/војна, отколку кога се е "нормално". И ова треба да не замисли... што правиме или што ни прават?! Не сакам да се вратам на старото "нормално". После многу време можам слободно да кажам дека се чувствувам слободно. Ме плаши економијата и крахот, можеби на почетокот многу повеќе - ама па... се чувствувам релаксирано и свое. Реагирам нормално на дразби, се радувам на рутината, сонцето, смешките, семејството... се што порано ми било премногу зошто ми одзимале од времето, времето насочено во моите мисли на мозгање и барање на решенија за проблеми за кои ни јас сум виновна, ни можам нешто да направам, а се резултат на очекувањата на луѓе со големи ега. И во време на криза, затворени, многу од нас навистина живеат после толку време. Си викам, да беше се "ок" ќе шетавме на море. После си викам, да, на море, но со чворот во стомак за понеделник и стегнатоста заради очекувања во услови на "роди бабо дете" и слично. Можеби сме затворени, ама многу повеќе посреќни... не зошто сме повеќе со саканите, туку ради самите себе кои конечно можеме да се поднесеме.
Го гледам Андреа Бочели во моментов како пее пред Дуомо на празен плоштад и ми иде да се убијам од плачење. Не знам дали од шо е тужна песната, дали од што е празно и мизерно или од што треба да добијам или од сите три.. Жалосно
@Feminka22 потполно те разбирам исто се чувствувам, сепак изведбата е прекрасна, безгрешна. Нека им е мирен и спокоен Велигден на католиците и убаво минат во домот со фамилијата/најблиските.
Konecno, eden problem na pauza. Konecno da go gusnam sin mi so seta silina i da se izraduvam so moeto sakato srce..oti se sto e nadvor e nebitno. Fala vi na site sto rekovme da sedime doma. Da mozam da vidam mn raboti, i da vidam kolku e se drugo nebitno. Koga utre e neizvesno, koi sme nie da go potcenime denes?
Во услови на криза кога нема спорт, Игор Филевски Филе почна да коментира кризен менаџмент, човекот што си го крсти детето Аргентина и тоа би било доволно драг публикуме околу здраворазумноста. Отвара прашање дали некогаш ќе се врателе човековите права. Не, нема Филе, можда и не треба кога вакви ко тебе споредуваат неспоредливи работи, па можда треба мерките да заострат и да ти го скинат кабелот за интернет. Чоекот шо носеше кошула врз кошула и слично. Мерка за справување со криза он ја нарекува фашизам... и пробува да создаде какафонија во поентата на локдаунот и неговото мислење околу истиот што едно со едно немаат врска и како да сме единствена земја на светот која го прави ова. Кога власта не сакаше да воведе вонредна, опозицијата бараше вонредна, е сеа... не чинело зошто ... ваљда нема доволно заболени за да им ги задоволи језивите, смрдливи и лешинатски поенти за да можат да трујат наоколу за несправувањето. Гасете интернет за денес, ќе прсне од експертизава.
Една од најголемите грешки во една врска е да престанеш да се трудиш. Као, океј, вложив што вложив на почеток, покажав што требаше, го/ја освоив па сега кога е тука не мора многу да се трудам. Не. Не можеш на некој да му дадеш се' па тоа да му го земеш. Не можеш денес да си тука а утре не. Така само губиш дел по дел додека не остане ништо кај другата страна, ништо што ќе ја задржи до тебе. Оти веќе не си тој што си бил.
Не сакав да го гледам настапот на Бочели, не сакав зашто се знам каква сум. Но, ме копкаше нешто и пуштив малку. Толку е жално да гледаш плоштади на кои си се туркал за да се разминеш, објект пред кој нозе ти паѓале дури да дојдеш на ред да влезеш сега се толку празни. Пред Дуомо ни гулабите ги нема, Њујорк спие, Лондон, Париз исто... Места кај што вриело од народ, а сега пиле не пее. Очиве ми се наполнија со солзи, го исклучив видеото. Небитно кој го создал вирусов, дали човекот или природата, небитно кој против кого е во оваа војна, губитник е обичниот народ и неговата психа. Еднаш овде напишав дека и да умрам ми е сеедно, убав живот живеев и нема да жалам. Денес велам да умрев барем да не видев некои работи. Да не видев празни улици, да не ја почувствував језивоста кога си го шеташ кучето, само ти и уште 2-3 други кучкари, кучињата влечат едно накај друго, газдите влечат што подалеку едни од други. Некои работи е подобро да не ги дознаеш никогаш..
Родителството и во најдобар случај е многу покомплексно од само сакам да создадам душа која ќе биде дел од мене и за која ќе се грижам и ќе ја сакам безусловно. Многу повеќе од: да има сè што ѝ е потребно, да биде секогаш нахранета, здрава, да има соодветна едукација, да се дружи, да се забавува и да ужива во сите патешествија кои ги испишуваат детските лудории и тинејџерските љубови како и преплетот на животните збиднувања. Еден ден ја здогледувате таа душа и како светот за вас да застанува или пак светот е токму тоа кревко битие кое го чувате како да е од стакло. Внимавате како јаде, како спие, како се смее, а во одредени мигови и како дише. Треперите секогаш кога ќе слушнете плач, а уште повеќе кога сте немоќни истиот да го сопрете. Започнува на училиште и срце ви се кине кога за прв пат го оставате таму, иако знаете дека е во ред и дека така треба да е. Возите внимателно, затоа што на седиштето до вас е најважното, најмисленото, најубавото, најсакано. И веднаш кога влезе во автомобил баравте да го стави сигурносниот појас, затоа што не можете ниту да замислите што би правеле без тоа никулче на сета ваша среќа. А некаде попатно заборавате која е најголемата ранливост, најболната точка на таа душа. Вие. Додека не помислувате на себе, на сопственото здравје, на своите задоволства, на својата безбедност, замижувате и на фактот дека ако вас не ви е добро и вашата среќа доживува бессони ноќи. Без разлика дали и колку сте поврзани и во хармонија. Мислата никогаш не може да ја сопреш да не прелета онаму каде што сите мостови се рушат, а неверувањето е единственото чувство кое е вмрежено во коски. Не заборавајте на себе. Ако некогаш решам да оставам потомство, јас знам дека нема. Не сакам да бидам нечија причина за заборав како е да се живее со насмевка од мигови во сегашноста.
Некако ова чувство на празнина никако да помине. Не знам дали е до карантинот, дали ми недостигаат сите пријатели, дали ми недостига секс ама нешто е. Едвај чекам да помине карантинот и секој ден да го живеам ко последен