Знаеш дека ти дошло преку глава да се објаснуваш или расправаш кога некој ти кажува дека вирусот не пости, дека политичарите го манипулираат народот и се ова е лага за перење пари, а ти само климаш и се сложуваш дека се е лага и нема никаков вирус.
Никаде не сум видела толку дволичност на едно место како во поранешното друштво. Затоа се и поранешно. Да им го знаев вистинското лице порано, порано ќе се трнев без тие да ме избркаат откако ја дочекаа најмалата причина за тоа. Едноставно такви луѓе не се воопшто добри за менталното здравје и не ги сакам назад повеќе по никоја цена.
Во иста ситуација бев. Сега ми фали друштво, но сепак сега се навикнав да бидам сама, мислам дека тоа е подобро одколку да си другарка со некои што не те гледаат на ист начин.
Вчера си пуштив радио, за прв пат после не знам колку време. Имам навика да си пуштам музика на јутјуб, ама на моменти се заборавам па попрактично ми се виде да уклучам радио. Мислам дека последен пат бев толку опседната со слушање радио кога бев средно. Секој викенд имаше плејлиста топ (не знам која беше бројката) на Антена 5 и обавезно морав да ја ислушам. После некако како да се одвикнав, а и не ми се допаѓаше толку музиката која ја пуштаа како претходно. Па вчера веднаш знаев дека Антена нема да биде изборот. И пуштив друга станица која всушност ме потсети на некои оддамна слушнати песни кои беа хитови „на времето“. Ги даваа и на тв скоро секој ден, што дури и спотовите ги знаев на памет шо се дешава. Што се слушало пред некои си 8 до 12 години па и повеќе, мало потсетување. Спојлер
Барам една детска песна, не знам дали на Сител Бамбини се пееше, за жива глава не можам да ја најдам. Проблемот е што не го знам доволно текстот за да пребарувам и тоа што излегува се сосема други небитни песни. Вчера со мојот, караоке правевме исклучиво на детски песни од детски фестивалчиња. Толку сакав да ја најдам песната , ај ако може малку помош од било кој од форумот Рефренот иде вака; Ај ај ај оаза среде бела пустина а пред неа ????? стара ламба волшебна ај ај ај оаза крие тајна голема дека љубовта ќе дојде тивко полека дека љубовта ќе дојде тивко полека ================= Време е за реклами и не било која, туку една од поомилените реклами, кога и да ја начекам , си денсам на музичето #LiveLikeABosch
добро јутро свима Пак ненаспана ја.И во карантин ми нема спас Кој е за сабајлечки ракија да се мавне нек изволи.Домачи имам две врсти. Ќе се провеселиме. Убав ден
Пробај да ја најдеш.. https://www.youtube.com/results?search_query=Сител бамбини Имај убав ден Херера.
Ете пишав да пребарувам , само не ми е јасно каква поврзаност има Венко Филипче со сител бамбини Ај ќе продолжам да барам
Како нема поврзаност бе Херерке? Бамбини е италијански збор, Италија е едно од најголемите жаришта на пандемијава, постои опасност и при изговорот на италијански збор, па Венко е тука да интервенира. Без дозвола од Венко кај си тргнала да збориш талијански?
Спојлер Еј стварно понекогаш ЧОВЕКОТ (мажот, главата на куќата, лавот) може да се консутира и со суштеството создадно од ребро...онаа со долга коса и краток ум, онаа што е створена за размножување и празнење на тестисите, онаа што е за во кујна. Некогаш онака успат може да се праша нешто, инаку Господ да ве чува од женска беља хаха. Ми се повраќа и ми се плаче дека сум гледала вакви срања. Не се криви „писателите” или глумците, туку баба ми што ми пуштала вакви работи. Па уште читам коментари бараат да се вратат вакви приказни на МТВ за децава да гледале. Да, денешниве деца се глупи ко нас па ќе ти гледаат неквалитетни приказни снимени со дигитрон. Нас ако ни биле интенресни вакви приказни, сигурно нема и нив да им бидат...Освен секако ако ги форисраш да гледаат кај и е местото на жената. Овие на дете НИКОГАШ не би ги пуштила.
Сакам да кажам дека не знам зашто сите сте изненадени дека а) црквите ќе си отворат за Велигден и б) ќе си отидам луѓе најкултурно. Тоа е најреална слика за состојбата на религијата во Македонија. Црквите добиваат пари преку луѓе кои чуле ама не дочуле што е религија ама да не пропуштат нешто. Сите сме биле на погреб и сме виделе како од фамилијата што уште не може да се стабилизира попот си доаѓа пари да си побара и јадење да си спакува ко ништо да не било. Сите знаеме дека 90% од оние што се декларираат како верници Библија немаат отворено, начела на религија им се фиктивен концепт. Не дека ова е само во Македонија, ама еве очигледно само во Македонија спремни се да тераат инает и да си се шалтаат. Птиците пред пенџер си пеат весело и јас сум убедена дека не исмеваат. Ме мачи прашањето дали за две недели тек ќе се достигне тој магичен пик кога ќе видиме како си се прошеткале луѓе, што за празници, што зашто газето не им седи дома на сонце. Ко сончогледи да сме биле бе Немам пуканки и како би сега, со троа сол и брно црвен пипер
СДК... си го замислувам првото одење во кафана по карантинов Првите прегратки со луѓе со кои одамна не сме се виделе. Разговорите очи во очи што верувам дека на многу од нас ни фалат. Барем знаеме дека веќе нема да ги земаме тие ,,мали'', секојдневни нешта здраво за готово.
АПЕЛ ДО ЛУЃЕТО ШТО НЕ ГО ВЛАДЕАТ АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК, А СЕПАК САКААТ ДА ГО КОРИСТАТ БЕЗ ПРИЧИНА И ПРИТОА ДА ИЗГЛЕДААТ КАКО НЕПИСМЕНИ ИДИОТИ Има голема разлика меѓу граматиката, како и фразите во овие два јазика. Ако не го знаете, а немате апсолутна потреба да го користите, едноставно не го правете тоа. Не преведувајте македонски фрази на англиски, ја губат смислата. Не пишувајте нешто на македонски и потоа преведувате на гугл транслејт за да го ставите како опис на слика на Инстаграм, шансите дека ќе има грешка се големи. Или научете го ко шо треба, или не се брукајте.
Денес цел ден ич не сум добро. Ама ајде, борец сум јас, утре ќе се разбудам и ќе бидам како нова. Добра ноќ.
Денес станав си ставив маска на лице, после се нашминкав и се онака лежерно без трчање и брзање и ми дојде толку убаво на душава што и утре планирам исто откако ќе вапцам јајца