Јас стварно не знам што со себе Знам дека не сум спремна за нова авантура, ама па сè подраг ми стануваш секој ден... Ти кажав дека не сум психички стабилна за да продолжам понатаму, а ти сепак остана покрај мене. Барем да се исплашеше и да избегаше, како повеќето, барем така ќе знаев дека нема да те разочарам. Не сакам да повредувам никого, зошто се појави?
Колку малку им треба на луѓево за цела гадост да им излезе на површина. Од се' што можеш да бидеш, баш сега, избираш... Ех.
Да си кажам, многу сакам да си имам некое јаре дома. Да си играме, бркаме, трчаме. Па кога ќе порасне, ќе го одмени тате во косењето трева И теле сакам. Утрински фантазии... Си го сакам животот назад. Каков, таков. Овој... многу му недостасува
Добар човек е оној кој прво е добар за себе и најблиските па после за сите. ...а најчесто добрината ја дефинираме обратно.
Не веруваат дека има корона, се било измислено за да не контролираат и стават 5Г мрежа. Во меѓувреме мерат температура секој ден, на 36.7 ги фаќа паника и сакаат да се тестираат.
Добро утро народе Како сте ми ? Си славите празник ? Ако, за убаво нека е , здрави и живи да сте, за многу години Јас не славам никакви празници (сигурно веќе знаете) , во мојот живот не постојат денови каде треба да се пости, денови каде е забрането да се пере или било какви религиски поврзани денови. Она што многу наши се суеверни ......не се пере, не се чити, не треси прекривачи навечер.....- сето тоа не постои кај мене. Последен пат кога славев Велигден беше 2007 година, тогаш ме тераше мајка ми да се бањам со црвено јајце демек за здравје било. Оттогаш се иселив од Македонија и секогаш за било каков празник од било која вера одев на работа. Најмотивационо ми е тогаш оти земам дупла дневница Годинава за прв пат после многу години , се погоди периодов кога седиме дома. Се надевам од понеделник ќе почнат тука да се враќаат на работа постепено. Да ви споделам еден клип за мало расположение и убав ден п.с. Пред да скокне некој со коментар дека клипот е за исмејување - НЕ Е ! Јапонците барем се трудат да ги прочитаат латиничните букви. За разлика од нив , ние не можеме ниеден симбол да им прочитаме. Во секој случај вреди да се погледне клипот, интересно звучи.
Веќе 18 години мајка ми ми прави ,,црвено, бело, дебело”.Црвено и бело сум, ама дебело не сум уште. До мене ли е П.с татко ми ми рече да одам да си ставам веѓи.Е чим ова го дочекав
И денес не сум добро, другарка ми згора на тоа ме напна со нејзината паника. Сопрете ја државава малку, сакам да избегам.
Сакам да кажам дека нешто вака личев денес кога си се наградив со две урми после цел ден „чоечко“ јадење:
Толку ми се интензивни емоциите од соновите, да откако ќе станам од спиење уште сум им лута на учесниците во сонот. Туку денов мириса на недела, зготвено, исчистено, со размислени хипотетички прашања што ако не се случеше тоа така .. Полошо од тоа сама психичка тортура да си сервираш, амин. На креветов цела тежина ја отпечатив, поштено. Се прилагоди според мојата форма.
Зошто некои луѓе не ни се јавија за време на состојбава? А ни беа другари, другарки? Или божемски само. Реков, не барам никој, тој шо му требам нека ме бара. Тој што сака нека ми пиши, нека ме побара. Не изигравам поќе јас прва се да правам. Прва да им ѕвонам, прва она, прва ова. Ич.
Добро бе кога ќе се научите да не гледате никого од високо? Доктор си? Професор си? Полицаец си? Инженер?-Супер, баш ми е мило за тебе што си имал умствен капацитет, ама престани да шеташ наоколу со Господов комплекс и да си замислуваш дека сите треба да ти се тресат! Нема да ти се тресам, ќе ти ја почитувам титулата, ама тоа не значи дека ќе веднам глава И ти сереш каки, и јас серам каки, и јас имам ум, може не до толку да ми тече низ уши, ама преку к*р ми сте вие таквите кои оние со средно и основно ги потценувате и ги вреднувате со 0
Сакам да кажам дека станав со многу идеи, многу можности, многу мотивација ... И после некој реши да ми отвори капачката и пошто сум газиран пијалок се изветреив.
сдк @Dream-Girl ако случајно бараш јагоди денес ич не оди никаде, директ у продавница на л.п.т. нигде нема на други места